3ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст
ТехнологијаЛуѓето изгласаа Маск да си оди од Твитер, тој најави дека ќе го почитува резултатот од анкетатаКорисниците на Твитер го дадоа својот глас во анкетата на милијардерот и сопственик на социјалната мрежа Илон Маск, кој ги праша дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата.Кога ја објави анкетата, Маск им порача на корисниците дека ќе ја почитува нивната одлука. Мнозинството корисници, 57,5 отсто од нив, гласале Маск да се повлече од функцијата шеф на Твитер, додека 42,5 отсто од нив сметаат дека Маск треба да остане на чело. Во истражувањето учествувале 17.502.391 корисници. Should I step down as head of Twitter? I will abide by the results of this poll. — Elon Musk (@elonmusk) December 18, 2022 Една недела по купувањето акции на Твитер, Маск даде понуда да го купи Твитер и ја купи мрежата во април за 44 милијарди долари. Откако стана нов сопственик, почнаа да се поставуваат прашања што ќе донесат промените за корисниците, но и за вработените. „Твитер потврдува дека постигнал дефинитивен договор за купување и продажба. Компанијата ќе биде целосно купена од ентитет во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари по акција. Трансакцијата е проценета на приближно 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, Твитер ќе стане приватна компанија“, објавија тогаш од Твитер. Така Маск стана сопственик на платформата, која ја смета за „јавно дигитално место каде што ќе се разговара за витално важни содржини за човештвото“, се наведува во соопштението за печатот. „Решив да инвестирам во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот и верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија“, напиша Маск во својата апликација до финансискиот регулатор, пренесува Би-Би-Си. „Сепак, откако инвестирав, сфатив дека компанијата во нејзината сегашна форма ниту ќе напредува, ниту ќе му служи на овој социјален императив. Твитер мора да стане приватна компанија. Има огромен потенцијал и јас ќе го ослободам“, додаде тој. Пред еден месец Маск започна со масовни отпуштања. Тој им испратил известување за откази преку е-пошта. Во е-пошта до вработените, Твитер објавил дека неговите канцеларии ќе бидат привремено затворени и сите пристапи ќе бидат суспендирани за да се обезбеди безбедноста на секој вработен, како и системот на Твитер и корисничките податоци. Во пораката испратена до вработените се наведува дека денеска им е последен работен ден во компанијата, но дека ќе останат вработени и ќе добијат надомест до 02.02.2023 година.До тој датум ќе бидат под известување и со прекин до сите системи на Твитер. Иако не се очекува да работат во овој период, тие мора да ги почитуваат сите правила на компанијата. Многу поранешни вработени напишале на Твитер дека добиле отказ. Многумина најавија тужби. Маск, наводно, го отпуштил и тимот одговорен за спречување на дезинформации и истакнување и обезбедување контекст на објавите, дозволувајќи им на луѓето да го извлечат максимумот од Твитер без оглед на сметките што ги следат. Во моментот на распределбата на отпуштањата на илјадници работници, се појави информација дека Маск нагласил дека вработените ги очекуваат долги работни часови и интензивно темпо на работа. Чуварите почнале да ги исфрлаат вработените од канцелариите таа недела, откри еден извор. Верзијата на апликацијата Твитер што ја користат вработените во pbila е забавена, тврди извор запознаен со работата и проценува дека постои опасност да се загрози функционирањето на јавната верзија на Twitter. „Во иднина, за да го изградиме револуционерниот Твитер 2.0 и да успееме во сè поконкурентен свет, ќе мора да бидеме исклучително хардкор“, им напиша Маск на вработените во Твитер во е-пошта. Во истата е-пошта, од персоналот било побарано да кликнат „да“ доколку сакаат да останат. Оние кои не одговориле до 17 часот по ЕТ се смета дека се откажале и дека ќе добијат отпремнина, се вели во е-поштата. Според резултатите од анкетата на Твитер, Маск го вратил и профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Неговиот профил беше забранет од Твитер во 2021 година кога се случи нападот на Капитол Хил во јануари. „Луѓето го кажаа своето. Трамп ќе биде вратен“, напиша Маск во ноември на Твитер по резултатите од анкетата објавена меѓу неговите претплатници, кои со големо мнозинство гласаа за враќање на републиканскиот политичар на Твитер. Нешто повеќе од 15 милиони корисници на Твитер гласаа во анкетата, а тесно 51,8 отсто гласаа за враќање. По објавата на Маск дека „народот го кажа својот збор“, на оваа социјална мрежа повторно се појави профилот на Трамп и на него се достапни старите објави на поранешниот американски претседател. Претходно во текот на денот, Трамп не изгледаше премногу ентузијастички за неговото враќање на неговата некогаш омилена социјална мрежа. Во средината на месецот Твитер ги суспендираше сметките на неколку истакнати новинари кои неодамна пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск, а милијардерот одговори со твит дека правилата за забрана за објавување лични податоци важат за сите, вклучително и за новинарите. Сметките на репортерот на Тајмс, Рајан Мек, новинарката на Пост, Дру Харвел, новинарот на Си-Ен-Ен, Дони О'Саливен и новинарот на Машебл, Мет Бајндер беа суспендирани, па вратени по жестоките реакции во јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Српски државјанин осомничен за криумчарење цигари на ГП БогородицаОсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против српски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – Криумчарење, предвидено во член 278 став 2 од Кривичниот законик.Осомничениот, преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“ на влез земјава, во камион на српска фирма на која бил сопственик, пренел непријавена стока 5000 штеки цигари од трговските марки “Marlboro”, „Davidoff“ и „Winston“ кои биле ставени во 100 картонски кутии без ознаки. Вкупната вредност на цигарите е значителна и изнесува околу од 9.000.000 денари. Цигарите се обидел да ги пренесе во камионот, декларирајќи дека пренесува пропиленски гранулати, но помеѓу пријавената стока во приколката царинските службеници во предниот дел и во средината на приколката ја пронашле и непријавената стока која веднаш била одземена. Јавниот обвинител дo судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Забава Концертен декемвриски серијал „ЗИМСКА СИМФОНИЈА“ на Sarah Mace & The Girlzz со Божиќниот оркестар!Крајот на годината е сè пократок, а групните пораки веќе се исполнети со планови за пречек на новата година и можеби малку поинаков декември.Sarah Mace & The Girlzz (вокалниот квартет Ана Петановска, Калина Велковска, Теа Богатинова и Сара Мејс) заедно со Божиќниот оркестар, под палката на Иван Еминовиќ, претставуваат нова ЗИМСКА СИМФОНИЈА за македонската јавност. Годинава, по петти пат, препознатливиот зимски проект, во последниот месец од годината, добива поинаква зимска димензија, со интерактивна сценска приказна и волшебен музички перформанс за сите генерации. Празничниот концертен музички серијал, исполнет со светски и домашни новогодишни хитови, со сигурност ќе го стопли секое срце во публиката. Организаторот „Евентум“, засега го најавува концертот во Скопје, а наскоро ќе сподели повеќе детали за останатите декемвриски концерти низ Македонија. По успешните турнеи во изминатите години, овој состав за првпат најавува концертно доживување во Македонската опера и балет на 20 декември 2026. Билетите за концертот во Скопје се веќе во продажба на E-ticket.mk преку следниов линк - https://e-ticket.mk/events/zimska-simfonija-2026-skopje Годинешниот концертен проект е поддржан од главниот партнер, Пелистерка, кои ја започнаа општествено одговорната кампања за стоп на фемицидот во Македонија. Воедно, Сара Мејс, во екот на актуелните општествени виулици од вести, во претстојните денови најавува одмрзнување на ново музичко изненадување со снежна порака. За што станува збор, останува да дознаеме.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер ПленковиќСредбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави.За време на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, во придружба на претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, г. Андреј Пленковиќ. Средбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави, при што беше истакнато дека Република Хрватска претставува значаен партнер со кој се споделуваат заеднички европски вредности и заложби за европската иднина на регионот. Претседателот Гаши информираше дека Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Република Хрватска за стратешка соработка беше разгледан и усвоен од Комисијата за надворешна политика на 10 ноември, а веќе е предвиден на дневниот ред на пленарната седница закажана за 1 декември, кога се очекува негово донесување. Во тој контекст, беше оценето дека Договорот претставува основа за унапредување на билатералните односи и продлабочување на партнерството меѓу двете држави, преку воспоставување конкретни форми на соработка во областите на транспортот, енергетиката, економијата, дигитализацијата, здравството, образованието и безбедноста. Исто така, беше истакнато дека Договорот отвора можности за размена на искуства и знаења, при што особено значење беше дадено на користењето на хрватското искуство во областа на европската интеграција и институционалните реформи, како и на можностите за унапредување на економската соработка. Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Република Хрватска за европската перспектива на Република Северна Македонија. Притоа, беше посочено дека хрватското искуство во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија претставува значаен извор на знаење и искуства, од особена важност за натамошниот напредок на државата во европската интеграција. Соговорниците ги поздравија и активностите на двете на амбасади насочени кон унапредување на билатералната соработка и тоа на амбасадата на Република Македонија во Загреб предводена од амабасадорот Драган Ѓурчевски како и на амбасадата на Република Хрватска во Скопје на чело со амбасадорката Нивес Тигањ. Двајцата амбасадори беа во постојана придружба во текот на официјалната посета. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter