Лудувал по Менхетн со надградена Gemballa и завршил во затвор (ВИДЕО)

Среќа во несреќата е што поради пандемијата на коронавирус улиците во центарот на Њујорк е празни и е избегната голема несреќа.

Надградениот автомобил „Порше“ се движел по 11-та авенија и се удри во друго паркирано возило откако возачот изгуби контрола над скапиот автомобил. Иако автомобилот е тешко оштетен, возачот одлучил да продолжи да вози. Неколку стотици метри подалеку, откако изгубил неколку делови од автомобилот, се удрил во уште три паркирани автомобили и застанал. Полицијата пристигнала за кратко време и го уапсила возачот.

Медиумите откриваат дека станува збор за 33-годишниот Бенџамин Чен, кој е уапсен за несовесно возење и возење под дејство на опијати.

Инаку , автомобилот е уникатна работа вредна за секое внимание. Претежно, станува збор за Gemballa Mirage GT, надоградена верзија на Porsche Carrera GT. Се напојува со 5,7 V10 со околу 670 КС и 630 Nm. 100 км на час стигнува за 3,7 секунди, а максималната брзина е 335 км на час. Биле произведени само 25 примероци од овој автомобил.

Rough morning *photos taken by me*

A post shared by ronnie c 📷 (@ronniecnyc) on

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ

Ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа состанок со претседателката на Собранието на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Анета Антова Пешева и со членовите на комората. На средбата се разговараше за економската состојба, за идните мерки за развој на економијата од програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, со пособен фокус на мерките за дигитализација и поддршка на ИКТ компаниите и индустријата.

Ковачевски во изјавата за медиуми рече дека ИКТ индустријата е важна за економскиот развој на државата и и затоа поддршката за оваа индустрија и за дигитализацијата останува еден од приоритетите и во четиригодишната програма на СДСМ. При тоа Ковачевски, посочи дека мерките од програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина се поколопуваат со очекувањата на МАСИТ како комора која ги обединува компаниите од телекомуникациските и технолошките компании.

Ковачевски рече дека во програмата е планирано формирање на Агенција за дигитализација, која ќе биде отворена и за сите предлози, искуства и знаење на ИКТ индустријата, а планирано е и дигитализирање на процесите во државата во кои што треба да бидат достапни на најбрз начин за граѓаните. На средбата како кажа Ковачевски, се разговарало и за измени на Законот за работни односи, за да може да се воведат новини кои ќе бидат согласно тековните случувања во областа на дигитализацијата, особено во делот на работењето од дома и достапноста на технологиите за работниците на различните места освен на работното место.

Во следните четири години како што посочи Ковачевски ќе се стави силен фокус на дигитализацијата и на информатичко – комуникациските услуги преку формирање на е-бизниси и форамирање на посебна комисија во Собранието на Република Северна Македонија, која ќе биде исклучиво за дигитализација и на која што ќе се разговара за теми за вештачка интелегенција, дигитализација, а во која освен политичките партии ќе учествуваат и претставници на МАСИТ и други стопански комори, како и компаниите кои се водечки во развојот на ИКТ индустријата.

„Ние како Влада во измиантиот мандат имавме одлична соработка со МАСИТ во делот на поддршката на компаниите ги изедначивме македонските и странските компании, бидејќи во минатото само странските компании беа тие кои што беа во можност да добијат државна помош. Сега сите компании се изедначени. Македонските компании ја искористија таа можност во делот на развојот на нови услуги и работни процеси и технолиогиии, преку користење на таква помош. Веќе има неколку од нив кои го зголемија своето работење и производите кои ги произведуваат, како и бројот на вработените и својот обрт.Сите политики во иднина ќе бидат токму во оваа насока“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените

„Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата“

Заменик- претседателот на Владата на Република Македонија на својата официјална Фејсбук страница имаше реакција на едностраната одлука на осигурителните компании за менување на тарифата и зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила.

Во продолжение Ви ја праќаме неговата објава:

„Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница.

Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните.

Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени.

Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата.“

На двојните избори на 8 мај граѓаните само еднаш ќе имаат право да влезат на избирачкото место

Дали ќе гласате само за претседателските, само парламентарните или и за двата вида избори, со вакво прашање ќе биде пречекан секој гласач на 8-ми мај од член на избирачките одбори, одлучи ДИК.

На тој начин, освен, како што соопшти Комисијата, потранспарентна работа на ИО, ќе се има и јасен увид за излезноста на двата паралелни процеса.

Членовите на избирачките одбори кои се задолжени за биометриска идентификација ќе имаат право да ги прашаат граѓаните за кој вид на избори сакаат да гласаат, соопштија од ДИК. Втора шанса да влезат на избирачакото место граѓаните нема да имаат.

-Едно лице од избирачкиот одбор кое ракува со уредот за биометриска документација најпрво задолжително да ги праша граѓаните за кој вид на избори сакаат да гласаат, дали за парламентарни, дали за претседателски, или за двата вида на избори и тоа на соодветен начин да го нотифицира во уредот за биометриска идентификација. После што по вторпат во текот на денот, бидејќи им е дадено првото на избор, граѓаните нема да можат повторно да доаѓаат на гласачкото место, образложи членот на ДИК, Борис Кондарко.

За да нема застој во гласањето на двојните избори, ДИК одлучи и бројот на членови на избирачки одбори да се зголеми од 5 на 7. По едно лице од избирачките одбори ќе биде задолжено за проверка на граѓаните во избирачките списоци, посебно за тој за гласачите за претседателските, посебно за парламентарните избори. Исто така по еден член од изборните комисии ќе биде задолжен за издавање само на гласачките ливчиња за граѓаните кои ќе гласаат за претседателските, друго за оние за гласачките ливчиња за парламентарните или и за двете. Седмото лице од гласачкиот одбор е одговорно за обезбедување на тајноста на гласањето зад параванот.

Инаку, до денеска до 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори за постапката на гласање од првиот круг, а до полноќ рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа. Со оглед дека разликата меѓу вториот и третиот на изборите е повеќе 60.000 гласа, прегласување нема да има, дури и во случај евентуалните приговори да бидат прифатени.

притисни ентер