Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот
1Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот
3Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
ФудбалЛудогорец и Динамо Загреб обезбедија бараж во Лигата на шампионите Шампионите на Бугарија (Лудогорец) и на Хрватска (Динамо Загреб) обезбедија пласман во баражот од Лигата на шампионите откако постигнаа победи над Црвена Звезда односно Динамо Тбилиси во реванш дуелите од 3.коло од квалификациите. Лудогорец ја совлада Црвена Звезда како гостин со 4:2 по продолжение, откако во регулараниот дел беше 2:2, идентично како и на првиот дуел во Бугарија. Најдобар играч на дуелот беше Вандерсон, кој постигна три голови. Динамо Загреб и реваншот го победи Динамо Тбилиси со 1:0 и со максимални четири победи обезбеди бараж откако во претходното коло беше подобар и од македонскиот шампион Вардар. Без бараж остана екипата на Карабах (шампион на Азербејџан) откако одигра 1:1 со Плзен (на првиот дуел беше 0:0). Голот за Карабах го постигна македонскиот интернационалец Муарем Муарем, но беше недоволен за пласман на неговата екипа во следната рунда од Лигата на шампионите. Резултати на синоќа одиграните реванши од 3.коло од квалификациите: Црвена Звезда – Лудогорец 2:4 (продолжение) – (4:6 вкупен резултат); Динамо Тбилиси – Динамо Загреб 0:1 – (0:3); Карабах – Плзен 1:1 – (1:1); Апоел – Розенборг 3:0 – (4:2) и Дундалк – БАТЕ Борисов 3:0 – (3:1). Вечерва се играат уште 10 реванш натпревари: Копенхаген – Астра (1:1 прв натпревар); Стеауа – Спарта Прага (1:1); Хапоел Бер Шева – Олимпијакос (0:0); Јанг Бојс – Шахтјор (0:2); ПАОК – Ајакс (1:1); Салцбург – Партизани (1:0); Андерлехт – Ростов (2:2); Селтик – Астана (1:1); Легија – Тренчин (1:0); Монако – Фенербахче (1:2). Поразените екипи од 3.коло од квалификации од Лигата на шампионите ќе ги продолжат натпреварите во баражот од Лига Европа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народотФилипче нагласи дека предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, потсети дека СДСМ речиси една година предупредуваше за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија, банка за која постоеја информации дека е блиска до Вучиќ и дека зад нејзиниот капитал стојат сомнителни пари од криминални и коруптивни зделки, трговија со дрога и пари опљачкани од граѓаните. Филипче нагласи дека предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства. „Скоро година дена наназад укажуваме за проблемот којшто беше тогаш, сега веќе настана со Алта банка. Укажувавме на тоа дека е тоа банка којашто настанала од една многу мала штедилница, дека тоа се луѓе блиски на Александар Вучиќ, негови пријатели, дека во медиумите има информации, имаше информации од Србија дека тоа се пари од криминални коруптивни сделки, од трговија со дрога, пари опљачкани од граѓаните“, рече Филипче. Тој посочи дека одговорноста за настанатата ситуација е кај власта на Мицкоски, која овозможи влез на Алта банка во земјава, а денес илјадници граѓани не можат да располагаат со своите пари. „И еве проблемот се случи, се случи и кај нас. Дека оваа власт кај нас во Македонија, предводена од Христијан Мицкоски, е арамиска и криминална, ова е само уште еден од доказите. За жал, сега на директна штета на граѓаните коишто тоа ќе го почувствуваат по своите џебови. Илјадници луѓе коишто денес не може да стигнат до своите средства, не им работат ни картичките, како што вчера најавуваше дека тоа ќе функционира гувернерот, очигледно соучесник во целата оваа манипулација и цел овој сомнителен коруптивен криминален процес на носење на Алта банка во земјава“, рече Филипче. Филипче предупреди дека последиците можат да бидат уште поголеми и дека граѓаните веќе се загрижени за сигурноста на своите депозити и во другите банки и посочи дека премиерот Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Славески треба да одговорат за загрозувањето на средствата на граѓаните. „Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу 150-180 милиони евра од граѓаните. Стравуваме дека ова ќе има и домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од утрово ни јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити и своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаЛасовска на седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕКЛасовска пред членовите на Комисијата го презентираше нацрт-извештајот „Парламентарна поддршка за иновациите: законодавни пристапи за унапредување на науката и технологијата во Регионот на Црното Море“.Пратеничката Благица Ласовска, потпретседателка на ПАБСЕК и шеф на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка, учествуваше на 68. седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕК, што се одржува на 2 ноември 2026 година во Тбилиси, Грузија. Во својство на известувач, Ласовска пред членовите на Комисијата го презентираше нацрт-извештајот „Парламентарна поддршка за иновациите: законодавни пристапи за унапредување на науката и технологијата во Регионот на Црното Море“. При презентацијата таа се осврна на главните наоди и насоки во извештајот, кој ги разгледува можностите земјите од регионот подобро да ги поврзат науката, технологијата и претприемништвото со одржливиот економски развој. Ласовска истакна дека способноста за создавање знаење и негово претворање во практични решенија, производи и услуги е сè поважна за конкурентноста, економската отпорност и благосостојбата на граѓаните. Ефикасниот иновациски систем, според извештајот, се темели на соработка меѓу државните институции, универзитетите, истражувачките центри, стопанството и финансиските институции. Во извештајот се посочуваат предизвиците со кои се соочуваат земјите членки на ПАБСЕК, меѓу кои се разликите во капацитетите за истражување, финансирањето, инфраструктурата и учеството во меѓународни програми. Посебно внимание е посветено на потребата научните резултати полесно да стигнат до примена во стопанството, како и на условите за иновативните претпријатија да обезбедат инвестиции, да се развиваат и да пристапат до меѓународните пазари. Ласовска укажа и на значењето на човечкиот капитал за развојот на иновациите. Поддршката за младите истражувачи, унапредувањето на професионалните можности, мобилноста меѓу академската заедница и стопанството и соработката со научната дијаспора се важни за задржување и развој на стручниот кадар во регионот. Во делот посветен на парламентарната улога, извештајот ја истакнува потребата од усогласена и предвидлива законска рамка за истражувањето, високото образование, интелектуалната сопственост, инвестициите, јавните набавки, заштитата на податоците и новите технологии. Парламентите имаат важна улога и преку надзор над спроведувањето на националните стратегии, редовно известување и користење независни научни совети при подготовката на политики и законски решенија. Во извештајот се нагласува дека предизвиците во науката и технологијата не можат целосно да се решаваат само на национално ниво. Регионалната соработка може да овозможи заеднички истражувачки програми, размена на знаења, мобилност на истражувачите и поширок пристап до научна инфраструктура и специјализирана опрема. Во тој контекст, ПАБСЕК може да придонесе преку парламентарниот дијалог, размената на искуства и поттикнувањето соработка меѓу земјите членки. По презентацијата, членовите на Комисијата расправаа за извештајот и за можностите за унапредување на законодавните пристапи и соработката во Регионот на Црното Море и истиот беше усвоен. Комисијата ја определи Ласовска како известувач на 68. Генерално собрание на ПАБСЕК што ќе се одржи од 23 до 25 ноември во Атина.Тагови: Благица Ласовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАкадемија 8 со злато на турнирот „Идни ѕвезди 2026“Младите фудбалери на Академија 8, генерација 2018, го освоија првото место на турнирот „Идни Ѕвезди 2026“, кој се одржа на 31 октомври на стадионот на ФК Лепенец во Бардовци.За екипата Академија 8 (1) настапија осум фудбалери: Стеван Видов, Давид Богојески, Иван Иљоски, Јаков Стефановски, Константин Ристески, Јован Јанковиќ, Адни Кадри и Матеј Богдановски. Со борбена игра, тимска поврзаност и посветеност, младите фудбалери стигнаа до заслуженото прво место. Тимот го предводи тренерот Павел Ристов, заедно со тренерите Боби и Пане, со поддршка од родителите, кои беа нивна верна публика во текот на турнирот. Уште еден убав спортски успех за Академија 8 и осумте млади фудбалери кои со својот настап го заслужија златото. Фото: АФТТагови: фудбалери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter