ЛШ: За фудбалерите на Борусија Д. премија од по 100 000 евра за влез во полуфиналето

Дополнителен мотив за фудбалерите на Борусија Дортмунд за влез во елитното полуфинале од Лигата на шампините.



Раководството на бундеслигашот Борусија Дортмунд подготви по 100 илјади евра за секој играч доколку екипата успее да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Покрај поволниот резултат 0:0 од првиот дуел во Шпанија, ова е дополнителен мотив за германските фудбалери во пресрет на вечерашната средба со Малага.

- Да се биде дел од четирите најдобри екипи во вакво големо натпреварување е достигнување за респект и затоа се одлучивме да ги наградиме фудбалерите дополнително, за евентуален пласман во полуфиналето, истакна Ханс Јоаким Вацке, претседателот на „милионерите“.

Натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите Борусија Дортмунд - Малага ќе започне вечерва во 20 часот и 45 минута.

Хаос во Дубаи: Невиден дожд го поплави градот, авионите приземјени (ВИДЕО)

Дубаи, и пошироко Обединетите Арапски Емирати, беа погодени од силно невреме викендов, што предизвика поплави и ги прекина летовите на најпрометниот аеродром во светот.

Речиси 50 милиметри дожд паднаа во Дубаи за само шест часа.

Властите испратија екипи да ги отстранат дрвјата од патот и да ги отворат одводните решетки, иако дождот брзо покри некои области.

Полицијата затвори делови од автопатот, а прекинати се и летовите за компаниите Емирати и ФлајДубаи.

На социјалните мрежи се објавени видеа кои сведочат дека патиштата се целосно поплавени.

Властите претходниот ден ја предупредија јавноста за претстојното невреме, а подготвен беше и персоналот за итна помош.

Дождот е невообичаен во оваа област, но повремено се појавува во постудените зимски месеци.

Страшно невреме во Хрватска: Соборени дрвја во Загреб, снег на планините

Пожарникарите во Загреб и во Осиек денеска имаа бројни интервенции поради ветрот кој кршеше гранки.

Наглиот пад на температурата во Загорје донесе снег, а во исто време во 15 часот во Шибеник изнесуваше 25 степени.

Силна промена на времето стигна и во Хрватска, додека вчера беше речиси 30 степени, а денеска паѓа снег во Загорје, јавува 24сата.хр.

„Нестабилно и постудено од просекот е кон средината на април. Променливо и претежно облачно на копното, а на Јадранот променливо сончево. Во првиот дел од денот дожд на исток, врнежи и грмежи во Далмација. Попладне можни се локални врнежи од дожд во внатрешноста и во северниот дел на Јадранот, а во Горска Хрватска паѓа снег и дува умерен ветер од северен правец“, прогнозираат од ДХМЗ.

Со дрвјата се бореше и противпожарната служба на градот Осиек. Гранки, како што известија, паднале врз автомобили.

„Од 7 до 12:30 часот извршивме 12 интервенции, два пожари, осум интервенции главно поврзани со отстранување на гранки и дрвја, едно отстранување на лим и еден увид во врска со автомобил во Сава“, рече наредникот на противпожарната служба Синиша Џембрич.

Муцунски пред пензионерите од Аеродром: Вашето искуство и вашата мудрост се непроценливо важни

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот, Дејан Митески денеска присуствуваа на настан на кој беше одбележана 15-годишнината од формирањето на Здружението на пензионери – Аеродром.

Во рамки на своето обраќање Муцунски истакна дека искуството и мудрост на пензионерите се непроценливо важни во создавањето подобра општина, а Општина Аеродром секогаш е отворена за предлозите, сугестии и забелешките што доаѓаат од нивна страна.

Тој се заблагодари за поддршката која пензионерите ја даваат на општината и нагласи дека и понатаму тој и Општина Аеродром остануваат отворени за соработка.

„Како заедница, општина, но и како држава мораме поактивно да работиме на подобрување на статусот на пензионерите и решавање на предизвиците со кои тие се соочуваат во животот. И понатаму, лично ќе се заложувам Општина Аеродром да биде важен партнер во реализација на нивните планови и активности“, потенцираше Муцуски во своето обраќање пред пензионери, се наведува во соопштението.

притисни ентер