ЛШ:Полувреме-Реал - Галатасарај 2-0, во Малага нема голови

Летврфиналето во Лигата на шампионите се префрли во Шпанија

Вечерва се играат последните две четвртфиналиња во фудбалската елита Лигата на шампионите. Воведните 90 минути од четврфиналното разигрување завршува на Пиринеите.
На Сантијаго Бернабеу кралскиот Реал по 45 минути игра веќе води со 2-0.
Галатасарај вечерва игра одлично во Мадрид но голови постигнуваа само фудбалерите на реал, засега се тресеше само мрежата на турскиот првак.
Со головите на Роналдо во 9 и Бензема во 29 минута Реал има солидна предност од 2-0 по 45 минути во Мадрид.
За најдобриот стрелец во Лигата на шампините Кристијано роналдо ова е деветиот гол во елитата.

На вториот меч во Шпанија е мирно. Дебитантот Малага и поранешниот европски шамшпион Борусија Дортмунд го затворија првото полувреме без гол.

ПССЕ ќе расправа за барањето на Косово за членство

Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Стразбур ќе расправа за препораката за прием на Косово во членството на таа паневропска организација.

Пред пратениците ќе се најде предлог мислењето за барањето за членство на Косово, со кое се препорачува влез на Косово во Советот на Европа.

Документот подготвен од грчката пратеничка Дора Бакојани беше усвоен на 27 март од Комисијата за политички прашања и демократија на ПССЕ.

Доколку Парламентарното собрание на Советот на Европа го усвои Мислењето, конечната одлука за членството на Косово ќе ја донесе Комитетот на министри на Советот на Европа кон средината на мај.

Нацрт-документот денеска ќе го разгледаат пратениците од 46-те земји-членки на Советот на Европа

Комитетот го поздрави како „голем чекор“ неодамнешното спроведување на пресудата на Уставниот суд на Косово од 2016 година, со која се призна сопственоста на 24 хектари земјиште на манастирот Високи Дечани.

Враќањето на земјиштето во манастирот Високи Дечани беше еден од трите услови за влез на Косово во Советот на Европа. Останува формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) и прегледот на контроверзните експропријации во општините со српско мнозинство на Косово, вклучително и имотот на Српската православна црква.

Тие два услови се означени во нацрт Мислењето како „постпристапни обврски на Косово“, што Приштина мора да ги исполни по приемот во Советот на Европа, јави Бета.

Во документот се наведува дека формирањето на ЗСО ќе помогне да се обезбеди заштита на правата на косовските Срби и дека ПССЕ треба да очекува Приштина да преземе „суштински и конкретни чекори“ за нејзино воспоставување.

Кога станува збор за експропријациите, Комитетот посочи дека тие треба да се спроведат „со најстрого почитување на законот“ и во целосна согласност со планот на Марти Ахтисари.

Констатирајќи го влошувањето на безбедносната состојба во општините на северот на Косово, Комитетот посочи дека „ризикот од отворено насилство во Косово е многу реален“ и додаде дека безбедноста зависи од „заштитата на правата на српската заедница, деескалација на тензиите и нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

Косово аплицираше за членство во СЕ во мај 2022 година. Во март 2023 година, Советот на Европа одлучи да ја проследи апликацијата на Косово до Парламентарното собрание на таа организација.

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

 Тимот на САД го избра својот состав за Олимписките игри во Париз. 

Во олимпискиот тим на САД ќе бидат: Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Џоел Ембид, Ентони Дејвис, Девин Букер, Ентони Едвардс, Џејсон Тејтум, Џру Холидеј, Бам Адебајо и Тајрис Халибартон.

Првиот човек на националниот тим на САД, Грент Хил реши да го остави последното место во списокот отворено до јулскиот тренинг камп и ревијалните натпревари во Лас Вегас.

Лидерот на Голден Стејт, Кари ќе го има својот прв настап на Игрите, а калифорнискиот клуб ќе го претставува и тренерот Стив Кер. Репрезентацијата повторно ќе ги спои со поранешниот напаѓач на Вориорс, Дурант.

Џејмс ќе учествува на своите четврти Олимписки игри. Неговата колекција веќе вклучува бронзен медал од 2004 година и златни медали од 2008 и 2012 година.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

Симеоне: Имам добро чувство дека ќе одиграме одличен натпревар на реваншот со Борусија

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, со оптимизам го очекува реваншот со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.

Првиот натпревар одигран во Мадрид заврши со победа на шпанскиот претставник со 2:1.

- Работиме напорно и остваривме значајни резултати сезонава. Пораснавме во фудбалскиот свет. Треба да играме и да не размислувате премногу. Имам добро чувство дека моите избраници ќе одиграат одличен натпревар. Нè очекува добра вечер во Лигата на шампионите. Имаме собрано многу искуство од вакви натпревари. Кој ќе успее да биде подобар, ќе продолжи понатаму, изјави Симеоне.

Натпреварот помеѓу Борусија и Атлетико Мадрид ќе се одигра во Дортмунд вечер со почеток во 21 часот.

Последен пат Атлетико во полуфинале на Лигата на шампионите играше пред седум години

притисни ентер