ЛШ: Четвртфинални реванши во Истанбул и Дортмунд, кои ќе бидат првите полуфиналисти ? - Канал 5

ЛШ: Четвртфинални реванши во Истанбул и Дортмунд, кои ќе бидат првите полуфиналисти ?

Најсилното фудбалско натпреварување на Стариот континет, Лигата на шампионите вечерва по реваншите во Истанбул и Дортмунд ќе ги добие првите двајца патници во елитното полуфинале.

ЛШ: Четвртфинални реванши во Истанбул и Дортмунд, кои ќе бидат првите полуфиналисти ?
Фудбалерите на Реал Мадрид по убедливиот триумф на Сантијаго Бернабеу од 3-0 над Галатасарај во првите 90 минути од четврфиналето, резултатски гледано се најблиску до посакуваното полуфинале, но кралскиот клуб вечерва сигурно го очекува „вистински пекол “ во Истанбул.

Најдобриот стрелец на трофејниот Реал Кристијано Роналдо и покрај големата предност од првиот дуел, смета дека неговиот тим ќе мора да постигне гол и вечерва во Истанбул.
„Најверојатно во моментов сме во најдобра форма сезонава. Сите фудбалери се здрави и подготвени за игра , што значи дека тренерот може да го избере најдобриот тим. Многу работи во фудбалот се неочекувани, но ако сакаме успех ,мораме да сакаме и да победуваме. Три гола се голема предност , но ние вечерва во Истанбул мора да постигнеме барем еден погодок“, смета Роналдо.

Искусниот предводник на нападот на Галатасарај Дидие Дрогба смета дека неговиот тим во Мадрид загуби само поради недостатокот од искуство.

-Не сме на нивно ниво, но мислам дека на поразот многу влијаеше недостатокот на искуство. Учиме, имаме млад тим. Има работи кои мора да ги унапредиме. Тоа беше добра лекција , вечерва на реваншот мора да покажеме дека нешто сме научиле од поразот во Мадрид, изјави Дрогба.

Многу по неизвесно вечерва се очекува да биде на реваншот во Дортмунд .
Во Андалузија пред шест дена и покрај неколкуте изгледни шанси за гол на двете страни , дебитантот во шампионското друштво Малага и освојувачот на трофејот од 1997 година Борусија одиграа без голови 0-0.
Гостите од Дортмунд на првото четвртфинале беа поблиску до триумф, младиот Геце промаши неколку шанси за гол ,а на голот на Малага беше феноменалниот Вили Кабаљеро.
За искусниот дефанзивец на Малага Демикелис ,ништо не е решено на четврт- финалната пресметка против фаворитот Борусија Д.
„Натпреварот во Дортмунд е потполно отворен. Ќе биде тешко, екипите се под голем притисок кога играат на домашен терен. Но играат 11 фудбалери против 11 фудбалери, и мислам дека може да постигнеме гол.Тоа ни успеваше на натпреварите кои сезонава ги игравме на гостински терен во Лигата на шампините, па нема причина да не постигнеме погодок и во Германија. Борусија е силна, квалитетна и опасна екипа, но ние ќе се бориме “, порача поранешниот фудбалер на Барен Минхен а сега Малага Мартин Демикелис.
Европскиот шампион од 1997 година Борусија Дормунд сезонаве е без пораз во Лигата на шампионите, популарните „милионери“ воедно ги добија сите средби кој ги одиграа на својот преполн стадион.
-Ремито без голови е опасен резултат, но веќе покажавме дека можеме да се носиме со Малага. Имаме големи шанси да се пласираме во полуфиналето. Јас сум оптимист, порача капитенот на Борусија Себастијан Кел.
Четвртфиналните реванши во Дортмунд и Истанбул започнуваат во редовниот термин од 20 часот и 45 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер