ФудбалЛШ: Борусија во Mадрид, Челзи гостин на Ибрахимовиќ и ПСЖ Нови две четврфинални средби во најелитното фудбалско натпреварување на Стариот континент Лигата на шампионите.По двете реми средби на вечерашните четврфиналчиња во Барселона и Манчестер, вечерва фудбалска Европа очекува два нови спектакли во ЛШ, Реал Мадрид домаќин на големиот должник од минатата сезона Борусија Д, а во Париз гостува силниот Челзи . Кралевите од Мадрид желни за освета вечерва на Сантијаго Бернабеу ќе го дочекаат европскиот вицешампион Борусија Дортмунд . Во Париз во дуелот на „милионерите “ ПСЖ и Златен Ибрахимовиќ се домаќини на Жозе Мурињо и Челзи. Избраниците на Анчелоти сигурно добро се сеќаваат на минатогодишната елиминација од Борусија во полуфиналето, кога блесна полскиот центарфор на Дортмунд Роберт Левандовски со четири постигнати голови. Но вечерва на среќа на одбраната на Реал , Левандовски поради суспензија ќе го пропушти првото четврт-финале. Реал кој сезонава атакува на јубилејната 10 титула во елитното друштво сезонава посилен за искусниот стратег Анчелоти кој знае како се освојува пехарот во Лигата на шампионите , очекува победа над незгодата Борусија и пласман меѓу четирите најдобри во Европа. -Дортмунд има одличен тим, извонреден тренер и може да го изненади секој ривал . Ние викендов против Рајо покажавме дека се враќаме на вистинскиот пат и се надевам на најдоброто, истакна Анчелоти. Неговиот ривал на спротивната страна Јирген Клоп сонува за реприза на минатогодишната пресметка со големиот Реал, иако во Мадрид ќе игра без стандардните првотимци Левандовски, Суботиќ, Блашчиковски, Шмелцер и Бендер. Супер интересно вечерва сигурно ќе биде и на четврт-финалето во Париз меѓу ПСЖ и Челзи. Пред вечерашниот дуел на паркот на Принцовите менаџерот на Челзи контроверзниот Жозе Мурињо улогата на фаворит му ја препушти на домашниот ПСЖ.. Поради лошата форма на неговиот тим , Челзи е поразен на последните две гостувања во Премиер лигата . Но некогашниот ученик на Мурињо , а сега член на ПСЖ Тиаго Мота , вели дека вечерва неговиот тим го очекува многу тежок натпревар. „Изјавите на Мурињо пред мечот секако нема да не излажат, добро го познавам и знам дека не очекува исклучително тежок двомеч, порача Мота кој со Мурињо во дресот на Интер стигна до трофејот во ЛШ. Голема улога на дуелот во Париз ќе има и најдобриот фудбалер на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ кој сезонава ги решета противничките мрежи од сите позиција. Одбраната на Челзи вечерва ќе биде на тежок испит , како да се запрат извонредните стрелци Ибрахимовиќ и Кавани. Двете четвртфиналиња стартуваат во редовниот термин од 20 часот и 45 минути.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание. Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата. Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи. За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook