РакометЛШ: Барселона противник на Вардар во полуфиналетоМакедонскиот ракометен првак Вардар попладнево na ждрепка во Келн го дозна противникот во полуфиналето од Лигата на шампионите. Црвено црните во полуфиналето на 1 јуни во Лаксенс арената во Келн исто како и пред две сезони ќе се судрат со големиот фаворит за титулата шпанскиот гигант Барселона. За вториот финалист на завршниот турнир во Келн ќе одлучува полуфиналната пресметка Веспрем - Кјелце. Европскиот шампион од 2017 Вардар трета година во серија е дел од Фајнл фор турнирот во Келн. Ждрепката сакаше противник на вардарци како и во историската за нас завршница во 2017 година да биде првиот фаворит за трофејот во Лигата на шампионите, силната Барселона. Но , ваквите завршни турнири многупати досега покажале дека фаворитите не го оправдале својот квалитет и рејтинг. Посакуваме и годинава да биде така, или да се повтори историската за нас 2017 година, кога Вардар како аутсајдер стигна до европскиот трон, победувајќи ги токму фаворитите Барселона(26-25) и ПСЖ.. Македонскиот шампион и покрај големите финансиски проблеми сезонава покажа дека има тим за респект , ракометари кои не се плашат од никого и можат да победат секој противник. Црвено –црните тоа го покажаа и во четвртфиналето во кое беа подобри од фаворизираниот унгарски првак Пик Сегед. Во групната фаза а потоа и во нокаут рундата ракометарите на Вардар демонстрирајќи врвен ракомет докажаа дека немаат страв од никого и дека со голема борбеност, пожртвуваност и заедништво може да стигнат до посакуваната цел. Инаку, сите четири полуфиналисти годинава во групната фаза играа во иста група, Вардар има два порази токму од ривалот во полуфиналето Барселона, а победа и пораз со екипите на Веспрем и Кјелце. Само неколку минути по ждрепката во Келн капитенот на Вардар, големиот борец Стојанче Стоилов порача дека Вардар докажа дека не се плаши од никого. „Сите четири тима имаат еднакви шанси за победа на Ф4 во Келн, Барселона е фаворит, заврши прва во групата, не победија двапати сезонава… Но, ние сме Вардар и никогаш не се предаваме. Ќе ги бараме нашите шанси исто така. Еден меч во кој се е можно, таков е Келн за сите.“, рече во на линковското јавување нашиот капитен Стоилов. Македонската јавност посакува реприза на завршниот турнир од 2017 година , кога на патот кон титулата Вардар ги победи големите Барселона и ПСЖ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБаерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра Германскиот гигант Баерн Минхен подготвува понуда за продолжување на договорот на Мајкл Олисе, со што тој би станал најплатениот играч во тимот и би се спречил неговиот трансфер во Реал Мадрид. Според информациите на германскиот „Скај“, францускиот напаѓач би можел да потпише договор до 2032 година, а неговата годишна плата би се зголемила на над 25 милиони евра. Токму толку заработуваат Хари Кејн и Џамал Мусиала, додека моменталната плата на Олисе изнесува 14 милиони евра. Овој потег на баварскиот клуб е директна реакција на интересот од Реал, кој сè уште будно ја следи ситуацијата, пишува шпанскиот весник „АС“. Раководството на Баерн има намера да ги забрза преговорите со Олисе веднаш штом ќе се финализира потпишувањето на новиот договор со Хари Кејн. Сепак, Олисе поставува јасен услов за продолжување на соработката: Бара во договорот да биде вклучена откупна клаузула. Таквата одредба му овозможи да се пресели од „Кристал Палас“ во Минхен за 53 милиони евра во 2024 година, а тој сака да ја задржи контролата врз својата иднина. Иако Баерн вообичаено избегнува вакви договори, агентот на Олисе, Глен Твенебоа, инсистира дека клаузулата е неопходен дел од новиот договор. „Мајкл неверојатно напредуваше кај нас и сега е еден од најдобрите играчи во светот. Многу сме среќни што е со нас. Неговиот договор важи до 2029 година, така што нема притисок. Тој се чувствува одлично во Баерн и во редовен контакт сме. Како што реков, не брзаме“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд. Вклучувањето на откупна клаузула значително би ја зајакнало преговарачката позиција на францускиот фудбалер. Во Баерн се подготвени да му го понудат статусот на најплатен фудбалер, но истовремено се свесни дека времето не работи во нивна корист. Секоја сезона без нов договор теоретски би можела да ја намали цената на неговиот иден трансфер. Се спомнува дека износот на клаузулата би бил поголем од 200 милиони евра. Во Реал Мадрид проценуваат дека Олисе веројатно ќе остане во Минхен, но исто така признаваат дека нивниот интерес значително ја зголемил цената за продолжување на неговиот договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00