ЛШ: Барселона и ПСЖ ќе го потврдуваат пласманот во четврт-финалето - Канал 5

ЛШ: Барселона и ПСЖ ќе го потврдуваат пласманот во четврт-финалето

Вечерва во Барселона и Париз две нови реванш средби од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите . Шампионите на Шпанија и Франција Барселона и Пари Сент Жермен вечерва пред домашната публика ќе ги бранат победите од Манчестер и Леверкузен.

ЛШ: Барселона и ПСЖ ќе го потврдуваат пласманот во четврт-финалето
Барселона пред три недели на Итихад како гостин го порази Манчестер Сити со 2-0, а ПСЖ во Леверкузен го декласираше домашниот Баер со убедливи 4-0 и вечерашниот реванш на Паркот на Принцовите би требал да биде само формалност.

Вечерва многу по неизвесно и поинтересно се очекува да биде на Ноу Камп каде каталонскиот гигант кој е во евидентна криза против амбициозниот гостин од Манчестер ќе ја брани предноста од 2-0.
Барса има сигурна предност од првото осминафинале, но Манчестер Сити има тим за респект кој може да победи на секој терен , покрај тоа четата на мартино во саботата на мечот против Ваљадолид во шпанското првенство во кој Барселона загуби со 1-0 покажа дека ево криза и дека полека го губат чекорот со Реал М во битката за титулата .
„Мора да заборавиме на поразот од Ваљадолид, и да престанеме да се сожалуваме. Мора да гледаме напред, не чека многу значајна средба . Можеби Сити го загуби првиот дуел , но знаеме дека секој тим има дополнителен мотив кога игра против Барселона , изјави напаѓачот на Каталонците Алексис Санчез.
Тимот на мануел пелегрини веќе покажа дека може да слави со 2-0 на гостински терен кај најдобрите европски екипи , Сити токму со тој резултат го порази шампионот Баерн Минхен, а во Премиер лигата беа немилосрдни против Тотенхем, Арсенал и градскиот ривал Јунајтед, но и Манчестер Сити по неочекуваниот неуспех против Виган во ФА купот го дочекува вечерашниот реванш на Ноу Камп.

-Мислам дека во фудбалот се е можно. Барселона против Ваљадолид покажа дека има слаби точки. Ние мора да мислиме позитивно и да се фокусираме на играта на нашиот противник ако сакаме да извлечеме позитивен резултат на Ноу камп, изјави фудбалерот на Сити, Самир Насри.
Beta/AP Photo
































На реваншот пак во Париз, францускиот шампион ПСЖ по убедливиот триумф од 4-0 во Леверкузен вечерва ќе го потврдува пласманот меѓу осумте најдобрите во Европа , но сепак предводникот на „светците“ Лорен Блан е претпазлив и порачува дека неговиот тим се уште не се пласирал во следниот круг.
-Секогаш мора да барате многу од својот тим. Во Лигата на шампионите пласманот се одлучува на реваншот, тако да и ние засега не сме пласирани во четврфиналето. Било кој да игра мора да има желба за победа. Тоа е многу значајно бидејќи најголемите тимови секогаш мора да бидат сконцентрирани, дури и кога им е најтешко , порача Блан.
Осминафиналните реванши во Барселона и Париз започнуваат во редовниот термин од 20 часот и 45 минути.
Синоќа пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите обезбедија бранителот на трофејот Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потреби

Со нов апарат видео ларингоскоп што претставува побезбедна интубација на децата кои се со аутизам и со деца со посебни потреби е обезбедена новата ординација за деца со посебни потребни на Клиниката за стоматологија. 

За првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потреби

Директортката на клиниката Николоска објаснува дека со новите услови им се помага на децата без проблеми и болки да имаат интеревенции на стоматолог.

Министерот Клековски посочи дека за здрави заби е потребна во сите установи да има општа анестезија, а барања за отворање на ординации за деца со посебни потреби има и во други градови.

Министерот за здравство посочи дека во клиниката има многу новини и нова опрема обезебедена од страна на министерството за здравство и фондот за здравство во вредност од 40 милиони денари и учество на општествено одговорни компании.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани, туку само добиле усна наредба дека треба да вршат службени активности во Кочани. Ова денеска пред судот го изјави сведокот Даниел Василевски, полициски началник од Пробиштип, на рочиштето против 13 полициски службеници, обвинети дека не постапиле согласно акцискиот план при извршена контрола во дискотеката Пулс. Според зборовите на Василевски, полицајците од Пробиштип, однапред не биле воопшто запознати што ги очекува во Кочани, туку само ги следеле наредбите на службените лица од Кочани

-Полицајците од Пробиштип пред упатувањето на работните задачи во Кочани не беа запознати со безбедносните ризици со кои можат да се сретнат таму, ниту пак беа запознати со планот за справување со ризици, бидејќи со таков план ОВР Пробиштип не располагаше. Планот за тоа како ќе се постапува таа вечер го имаа во ОВР Кочани и нашите полициски службеници инструкциите за постапување ги добија дури по доаѓањето во Кочани, - Сведок Даниел Василевски, полициски началник од ОВР Пробиштип.

Според родителите на жртвите во Пулс пак, неразбирливо е како полициски службеници од Пробиштип добиле усна, а не писмена наредба за контроли во Кафулиња во Кочани.

- Денес слушаме дека полициските службеници од Пробиштип не биле информирани за целта и точките на акциската контрола. Дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација на службите? Кој требало да знае, кој требало да постапи и кој ја презел одговорноста?- изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова.

Судењето против 13 полициски службеници за непостапување при извршување на службените активности во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во доказна постапка, а по испитување на сите сведоци на одбраната, ќе се изведуваат и материјалните докази.

Во пожарот на 15 март лани по активирање на пиротехнучки средства за време на настап на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. 

Пукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington.

Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington.

NBC News, повикувајќи се на двајца високи полициски службеници запознаени со случајот, објави дека напаѓачот се забарикадирал во теретаната. Полициската интервенција е сè уште во тек.

Полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа

Вашингтонската полиција издаде итно предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа околу раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападниот дел на градот. „КРИТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полицијата е на местото на активно пукање во областа на 15-та улица и улицата П. Тим за итни интервенции на полицијата е на местото на настанот. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ОБЛАСТА“, соопшти полицијата. Полицијата ги блокираше околните улици и им советуваше на жителите да го избегнуваат блокот 1500 на 15-та улица, каде што е блокиран поголемиот дел од станбената зграда. Сите блиски училишта се во блокада додека полицијата истражува. Агенти од федералното Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така им помагаат на локалните органи за спроведување на законот.

Жител: „Слушнав околу пет истрели“

Жител на блиската зграда, Рајан Дубики, рече дека слушнал околу пет гласни тресоци од неговиот стан околу 8 часот наутро по локално време. „Беа доста раздалечени, па помислив дека е градба“, рече тој.

Набргу потоа, рече тој, „полицајците беа насекаде“. Неговата станбена зграда потоа испрати предупредување до жителите за можен активен стрелец.

Точните локации сè уште се утврдуваат

Портпаролката на полицијата, Никол Динер, потврди дека инцидентот се случил во поширока област. „Пукањето се случило во населбата Логан Серкл, но точните локации сè уште не се потврдени“, рече таа.

Според објавата на профилот на социјалните мрежи X, The DC MD VA Live, напаѓачот се забарикадирал во стан на седмиот кат од зградата на 15-та улица и наводно пукал кон полицајците низ вратата. Во истиот извештај се тврди дека напаѓачот подметнал пожари на повеќе локации. Оваа информација сè уште не е независно потврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер