ЛШ: Баерн во спектакуларен реванш го елиминираше Реал, полуфиналист и Арсенал - Канал 5

ЛШ: Баерн во спектакуларен реванш го елиминираше Реал, полуфиналист и Арсенал

Минхенски Баерн и лондонски Арсенал им се приклучија на ПСЖ и Атлетико Мадрид во полуфиналето во фудбалската Лига на шампиони.

ЛШ: Баерн во спектакуларен реванш го елиминираше Реал, полуфиналист и Арсенал

Во спектакуларен натпревар од првата до последната минута, Баерн во реваншот од четвртфиналето го совлада Реал Мадрид со 4-3 и со двојна победа го елиминираше Кралскиот клуб, откако и во првиот натпревар во Мадрид триумфираше со 2-1. На реваншот во Лондон, пак, Арсенал одигра 0-0 против Спортинг и ја зачува предноста од еден гол од првиот натпревар во Лисабон кога победи со 1-0.

Реал на „Алијанц Арена“ три пати беше во водство во првото полувреме, откако Гулер го отвори резултатот во 32 секунда, а истиот фудбалер во 29 минута го врати водството на шпанскиот клуб, по израмнувањето на Павловиќ во 6 минута. Кејн во 38 минута израмни на 2-2, а Мбапе со голот во 42 минута му донесе предност на полувремето на Реал.

Шансите се редеа на двете страни и во второто полувреме но немаше голови до самиот финиш кога Дијаз биеше прецизно за 3-3 во 89 минута, додека пласманот во полуфиналето на Баерн го запечати Олисе во четвртата минута од судиското продолжение.

Реал го заврши натпреварот со фудбалер помалку поради исклучувањето на Камавинга во 85 минута, а по завршувањето на натпреварот директен црвен картон му беше покажан на двојниот стрелец Гулер.

Арсенал и Спортинг одиграа тврд натпревар на реваншот во Лондон без премногу шанси. Домашниот тим беше најблиску до гол во 84 минута кога ударот со глава на Тросар ја погоди стативата, додека гостинскиот тим, исто така, ја погоди рамката од голот преку Катамо во 43 минута. На крајот, по 180 минути игра, решавачки за место во полуфиналето се покажа голот на Хаверц во судиското продолжение од првиот натпревар.

Баерн во полуфиналето ќе игра против бранителот на титулата ПСЖ, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Атлетико Мадрид и Арсенал.

Првите натпревари се закажани за 28 април, а реваншите ќе се играат на 5 мај. Финалето е на програмата на 30 мај во Будимпешта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Нов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. 

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер