ЛШ: Арсенал прв финалист - Канал 5

ЛШ: Арсенал прв финалист

Водечкиот тим во Премиер Лигата Арсенал и првиот финалист во најценетото фудбалско натпреварување на светот, Лигата на шампионите.

ЛШ: Арсенал прв финалист

На преполниот Емирати во Лондон, популарните Топчии во реваш полуфиналето го Атлетико Мадрид со 1:0 и по 20 години пауза се изборија за место во големото финале на Лигата на шампионите на 30 мај во Будимпешта.

Голот вреден финале за Арсенал го постигна капитенот Сака во финишот на првиот дел кој подоцна се покажа како клучен за конечниот триумф.

Арсенал токму за голот на Сака синоќа беше подобар и по конкретен од борбениот Атлетико Мадрид.

Ова беше уште една вистинска шаховска партија меѓу стратезите на двете клупи, Микел Артета и Диего Симеоне, во која како помудар излезе Шпанецот на клупата на Арсенал, кој резервираше билет за својот тим за фудбалскиот празник во Будимпешта.

Сега четата на Артета во финалето на 30 мај ќе го очекува подобриот од вечерашниот судир на гиганти Баерн Минхен- ПСЖ.

На првиот полуфинале во Париз бранителот на авропската круна ПСЖ во меч на векот го совлада својот голем ривал со минимални 5-4.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американска ѕвезда е уапсена- возел пијан

Поранешниот квотербек во НФЛ, Тони Ромо, се најде во центарот на скандал откако беше уапсен во Милвоки под сомнение за возење под дејство на алкохол. 

Американска ѕвезда е уапсена- возел пијан

Според американските медиуми, поранешниот ас не го положил стандардниот полициски тест за трезвеност, поради што веднаш бил приведен.

Полицискиот тест вклучува проверка на движењата на очите, одење по права линија со вртење и одржување рамнотежа на една нога. Не беше објавено во кој дел од тестот Ромо не успеал, ниту дали бил подложен на алкотест или го одбил.

По апсењето, Ромо беше пуштен да се брани од слобода, но ќе мора да се појави на суд во септември. Во државата Висконсин, возењето под дејство на алкохол се казнува со парични казни, одземање на возачка дозвола, а во сериозни или повторени случаи, затворска казна.

Ромо ја помина целата своја НФЛ кариера во Далас Каубојс, каде што сè уште го држи рекордот на франшизата за бројот на фрлени додавања за тачдаун. Тој беше избран за Про Боул четири пати, а по завршувањето на неговата играчка кариера, изгради успешна кариера како телевизиски аналитичар на CBS.

Американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес досега одби да коментира за инцидентот во кој е вклучен нивниот познат експерт-консултант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Њујорк Тајмс: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го смени претседателскиот авион

На почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара.

Њујорк Тајмс: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го смени претседателскиот авион

На почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара, летајќи во постар „Ер Форс Уан“ наместо оној што му го даде Катар, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Американските медиуми, врз основа на тврдењата на анонимни извори, пишуваат дека заканата се појавила додека Трамп учествувал на состанок на НАТО. Тој претходно пристигнал во турската престолнина со нов „Боинг 747-8“, подарок од Катар, без напредните одбранбени капацитети на стариот „Ер Форс Уан“.

Замена на авионот и објаснување

По предупредување од тајните служби, Трамп го смени авионот, тврдејќи дека промената е направена за да им се даде можност на американските војници во Велика Британија да го видат новиот авион, пишува „Тајмс“. Трамп ја напушти Турција со стар авион, а потоа во Обединетото Кралство се качи на новиот претседателски авион, кој го користеше за да го продолжи летот до Вашингтон.

Истрага за протекување информации

„Њујорк тајмс“ претходно овој месец објави дека властите имаат сомнежи за безбедносните капацитети на авионот што му бил подарен на републиканецот од земја од Блискиот Исток. Властите одговорија на тие написи со истрага за протекувањето на информации, барајќи сведочење од неколку новинари пред порота, како и предавајќи список на повици до нив и нивните семејства.

Трамп минатиот викенд призна дека на новиот авион му недостасуваат некои карактеристики што ги имаат старите претседателски модели на Боинг, одговарајќи на новинар кој го забележа недостатокот на противракетна одбрана. Тој рече дека катарскиот авион наскоро ќе биде „целосно опремен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промена на приоритетите: БМВ го откажа учеството на саемот во Париз

BMW потврди дека нема да учествува на овогодинешниот Париски автомобилски саем, кој се одржува во октомври. 

Промена на приоритетите: БМВ го откажа учеството на саемот во Париз

Со ова, германскиот производител се придружи на голем број брендови кои ги прескокнуваат еднаш клучните индустриски настани, чија важност и популарност постепено опаѓаат. За разлика од БМВ, конкурентите Audi и Mercedes го потврдија своето доаѓање во Париз, каде што се очекуваат повеќе од 60 изложувачи.

Промена на приоритетите

Иако одлуката е донекаде изненадувачка, Bloomberg пишува дека причината за повлекувањето е „промена на приоритетите“. BMW изјави дека тие остануваат „посветени на селективно учество на саеми за автомобили во иднина“. Таквиот пристап веројатно подразбира дека компанијата ќе ги избере само најголемите настани каде што планира да претстави важни нови модели.

Добар пример за таква стратегија беше неодамнешниот саем Auto China. Таму, BMW ја искористи можноста да претстави голем број новини, вклучувајќи го iX3 со продолжено меѓуоскино растојание, редизајнираната серија 7 и концептите на брендот Mini.

Премиери надвор од саемските сали

Во исто време, BMW сè повеќе ги заобиколува саемите и избира различни локации за премиерите на своите возила. Концептот M Neue Klasse дебитираше на 24-часовната трка Ле Ман, додека фејслифтираниот X5 беше прикажан на јавноста за прв пат во фабриката во Спартанбург, Јужна Каролина.

Поврзаност со деловните резултати

Одлуката да се пропушти саемот во Париз доаѓа кратко откако компанијата ја ревидираше својата деловна прогноза за целата 2026 година. Како главни причини, тие го наведоа брзиот пад на продажбата во Кина и силната конкуренција на тој пазар. Компанијата појасни дека „позитивниот развој на продажбата во Европа и САД не може да го компензира падот на продажбата во Кина и Азиско-пацифичкиот регион“.

Покрај проблемите во Кина, производителот ја спомена војната во Иран и други тешкотии како отежнувачки околности. Овие фактори доведоа до „значаен пад на профитот и слободниот паричен тек во вториот квартал“, поттикнувајќи ја компанијата да ги „зајакне и забрза своите тековни иницијативи за намалување на трошоците“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер