3Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
МакедонијаЛозарите за предадено грозје во „Повардарие" и „Стефани" ќе добијат пари по Нова годинаШестотини земјоделски семејства од Тиквешкиот регион, кои го имаат предадено грозјето во винариите Повардарие и Стефани ќе ги добијат своите пари.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска при посетата на Карбинци изјави дека пред два дена пратениците ги изгласале измените, по што сега се чека одлуката да се објави во Службен весник. Станува збор за исплата на околу 250.000 евра до лозарите во Тиквешкиот регион. – Врз основа на измената ние треба да изготвиме програма, потоа и да се изготви уредбата врз основа на која ќе може да се почне со исплатата на овие 600 земјоделски семејства, односно лозари, вели Димковски. Тој смета дека исплатата на овие средства ќе се случи по Нова година. Министерот Димковски денеска во Kарбинци се сретна и со земјоделците од Таринци, кои неколку пати протестираа и бараат огласот за давање под закуп на 48 хектари да не се додели само на едно лице. Туку ова земјиште да биде поделено по три хектари, со цел и тие како индивидуални земјоделци да конкурираат. – Сакам да видам детално и со тоа ако имаме можности ќе им излеземе во пресрет. Знам дека реакцијата на земјоделците е за некаде над 40 хектари, што се расфрлани, што не е и една целина и е ставено во последниот инвестициски оглас, кој има последен ден на пријавување на 10 декември. Така да верувам дека по овој состанок, со враќањето во министерството ќе направиме еден состанок на раководителите на сектори и ќе излеземе со конкретн предлог, рече Димковски. Министерот забележа дека доколку постои техничка можност ќе го стопираат отворениот оглас за закуп на ова земјиште во атарот на Општина Карбинци./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСо спортски и европски дух во недела во Градски парк во Скопје - ЕРАЗМУС КРОСВ недела, 18 октомври, со почеток во 10 часот, во Градскиот парк во Скопје (Тартан патека) ќе се одржи спортско-забавен настан Еразмус крос, во организација на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Со овој масовен спортски настан официјално се означува финишот на одбележувањето на европската иницијатива Еразмус денови кои се одбележаа со различни настани од 12-17 октомври, недела со која се слават успесите и можностите на програмата Еразмус+ во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Еразмус кросот в недела ќе ги обедини учениците од основното и средното образование во трка која ги симболизира заедништвото, динамиката и отворањето нови хоризонти за младите. Настанот нема натпреварувачки карактер, главната цел е да се упати силна порака за поддршка на физичкото здравје, здравите навики, инклузијата и промоцијата на европските вредности меѓу новите генерации. „Еразмус+ програмата нè учи дека секој голем успех започнува со еден чекор напред. На овој крос нема губитници, победник е секој млад човек кој ќе застане на стартната линија да ги помести сопствените граници, да спортува и да даде поддршка на своите врсници. Ги повикуваме граѓаните, медиумите и љубителите на спортот да ни се придружат во Градскиот парк и со својата присутност и аплаузи да го поддржат спортскиот и ентузијастички дух на нашите деца и млади“, истакнуваат од Националната агенција. За време на настанот, покрај трките по соодветни возрасни категории, присутните ќе имаат можност да се забавуваат со весела програма, како и да се запознаат со можностите што ги нуди програмата Еразмус+.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВинисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитениЅвездата на Реал Мадрид, Бразилецот, Винисиус Жуниор, оваа недела повторно јавно им се обрати на судиите и на надлежните органи кои ги регулираат правилата на играта, повикувајќи на подобра заштита на фудбалерите. Во изјава за новинарите по победата на Реал Мадрид над Рома во Лигата на шампионите, одиграна на стадионот „Олимпико“во Рим, популарниот Вини ја искористи можноста да го изрази своето незадоволство, како од противничките одбранбени играчи, така и од судиите. „Имам чувство дека одбранбените фудбалери можат да ме удираат кога и да посакаат, а сепак, на крајот јас сум тој што добива жолт картон. Сметам дека треба да ги заштитиме играчите кои прават разлика на теренот – како мене, Ламин Јамал и Хулијан Алварез“, изјави Винисиус. Винисиус имаше големи потешкотии на теренот против Рома и беше заменет по еден час игра, откако не успеа да оствари значително влијание во нападот.Тагови: Винисиус Жуниор Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБолсонаро или Лула?Сенаторот Флавио Болсонаро продолжува да води пред бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва пред вториот круг од претседателските избори.За потсетување, вториот круг е закажан за 25 октомври, сепак, според медиумските извештаи, разликата меѓу двајцата кандидати се намалила. Како што пренесува Ројтерс, анкетата на институтот „Датафоља“, објавена во четвртокот, покажува дека Болсонаро – најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро – би добил 47 отсто од гласовите, додека Лула би добил 45 отсто. Во анкетата на „Датафоља“ објавена минатата недела, Болсонаро имаше поддршка од 49 отсто од испитаниците, наспроти 45 отсто за Лула. Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто од гласовите, додека Лула доби 45,16 отсто. Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тие ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 25 октомври. Извор: Б92Тагови: Болсонаро Лула да Силва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter