Лозановска: Над 180.000 гласови разлика покажува дека СДС и ДУИ треба да одат во опозиција

Првиот круг на претседателските избори заврши со над 180 илјади гласови разлика помеѓу Силјановска Давкова и Пендаровски. 

Разликата е поголема од бројот на гласови кои ги освои Стево Пендаровски. Работата сеуште не е завршена, потребно е на 8-ми мај граѓаните да го кажат последниот збор. Јас се надевам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму, затоа што Република Македонија се наоѓа на еден крстопат, од едната страна е изборот „како до сега“ кога граѓаните се осиромашуваат, понижени и потценети и другата алтернатива е да се даде лидерство на луѓе компетентни со свој став што ќе знаат како да ја позиционираат Република Македонија, кои нудат можност да изградиме современа држава која ќе се базира на етички и морални европски вредности, изјави Олга Лозановска, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а во изборната единица 5 во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според Лозановска граѓаните во првиот круг јасно кажаа дека им е доста од криминалот, корупцијата и скандалите на оваа власт на ДУИ и СДС и дополни дека ВМРО-ДПМНЕ подаде рака кон сите оние кои ги делат нивните принципи и ја поддржуваат „Платформата 1198“ и на тој начин ДУИ и СДС да завршат во опозиција после сите штети што и ги направија на Македонија

Ако ги анализираме податоците од релевантни европски институции како се движи државата и во која насока, ние можеме да видиме дека најниската оценка од европската комисија ја имаме добиено во последните три години, 1,5. Според Фридом хаус Република Македонија има уназадување во борбата против корупцијата и криминалот, имаме непотизам, еродирано здравство, еродирано образование, значи нема сегмент во општеството каде нешто функционира, заклучи Лозановска.

Се обиделе да украдат спортски автомобили- само се посрамотиле (ВИДЕО)

Епилогот од грабежот многу потсетува на филмскиот серијал Dumb and Dumber.

Полицијата објави видео од упад во Thornton Automotive во Довер, Пенсилванија. Двајца провалници влегле во салонот удирајќи со спортско камаро во прозорското стакло. Сепак, оттаму започнале проблемите бидејќи Camaro се заглави и не можеле да го извлечат уловот.

Покрај тоа што Dodge Challenger Hellcat останал заробен во салонот, провалниците направиле значителна штета удирајќи во колата за голф, која пак се одби во Dodge. Кога виделе дека го оштетиле Камарото и дека автомобилот е заглавен, провалниците побегнале и исчезнале во непознат правец. Материјалната штета е значителна, а по несмасните крадци се уште се трага.

ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваат средбите на работните групи со ВРЕДИ

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата беше истакнато дека потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните.

При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.

Беше договорено дека разговорите во позитивен дух ќе продолжат и во наредниот период, се наведува во партиското соопштение.

Си и Путин со значајна порака за САД: Ќе ја продлабочиме воената соработка

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин денеска го осудија, како што го нарекоа, сè поагресивното однесување на САД и најавија продлабочување на веќе блиските одбранбени и воени врски.

Во јасната порака до Вашингтон, чиј министер за надворешни работи минатиот месец беше во Кина за да го убеди Пекинг да ги ограничи врските со Москва, Си јасно стави до знаење дека Русија и Кина се во хармонија за голем број важни прашања, вклучително и војната во Украина и дека тие би се спротивставиле на обидите да ја загрозат нивната врска.

„Односите меѓу Кина и Русија тешко се стекнуваат и двете страни мора да ги чуваат и негуваат“, му рече Си на Путин во Пекинг. „Кина е подготвена заеднички да го постигне развојот и заживувањето на нашите две земји и да соработува во одржувањето на чесноста и правдата во светот“, додаде кинескиот лидер.

Во заедничката изјава, Пекинг и Москва изразуваат загриженост поради наводните обиди на САД да ја нарушат стратешката нуклеарна рамнотежа, зборуваат за американската противракетна одбрана во светот што им се заканува на двете земји, како и плановите на САД да развијат високопрецизни ненуклеарни оружје.

Путин, на своето прво патување откако повторно положи заклетва овој месец за шестгодишен претседателски мандат, ја опиша соработката меѓу Москва и Пекинг како еден од најголемите фактори за стабилност на меѓународната сцена.

„Заедно ги браниме принципите на правдата и демократскиот светски поредок што ја одразува мултиполарната реалност и се заснова на меѓународното право“, му рече Путин на Си.

Рускиот претседател пристигна во Кина неколку недели откако таму беше американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој изрази загриженост за поддршката на Кина за руската армија. Еден ден подоцна, тој најави дека Вашингтон ќе продолжи да воведува санкции за кинеските компании кои го снабдуваат рускиот одбранбен сектор.

Посетата на Блинкен се чини дека беше неуспешен обид да се поткопа партнерството „без ограничувања“ што Путин и Си го најавија во февруари 2022 година во Пекинг, само неколку дена пред рускиот претседател да испрати десетици илјади војници во Украина.

притисни ентер