Лозановска: Филипче и Заев без компас, нема вакцини, ама има британски сој на вирусот

Нова лага во низата на лаги на министерот за здравство.

Мутацијата на британскиот сој на КОВИД – 19 во Македонија ја имало од 29 декември 2020 година. Министерот на 22 јануари рече во Македонија нема мутација на корона како во Велика Британија.

Лицето кај кое е детектиран британскиот сој е веќе оздравено и се води во евиденцијата на оздравени од 22 јануари. Токму на тој 22 јануари Филипче рече дека го немало овој британскиот сој во Македонија.

Владата е без компас!

Министерот и премиерот не знаат какви се видови на вируси има!

Додека сите држави во светот се во трка за вакцина повеќе, тука вакцините не се ни на повидок.

Граѓаните секојдневно сведочат само на лагите како вакцини ќе има на крај на декември, почеток на јануари, па во февруари. А, фактот е еден – вакцини нема.

Во другите држави граѓаните бираат со какви вакцини ќе се вакцинираат, а министерот питачеше кај ќе стигне, последно се најде пред вратите на Кинезите.

Србија во меѓувреме понуди медицинските лица од земјава да се вакцинираат кај нив, а министерот одби. Ама на министерот му се случи кластер на Клиниката за нефрологија, дваесет здравствени лица заболени од само една болница!

Цел свет, сите држави итаа по вакцини, а премиерот ни зборуваше за НАТО стратегии.

Главната алатка во борбата против пандемијата, вакцините против КОВИД-19 ги нема, ама го има британскиот сој на вирусот. Ова граѓаните скапо го плаќаат, некои и со своите животи. Одговорност мора да има.

Олга Лозановска, пратеник

Санчез на лето ќе го напушти Интер како слободен играч

Напаѓачот Алексис Санчез ќе го напушти Интер на крајот од актуелната сезона, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, фудбалерот ќе го напушти клубот како слободен играч. Договорот на 35-годишниот Чилеанец истекува на 30 јуни.

Претходно, италијанските медиуми пишуваа дека Интер не е заинтересиран да го продолжи договорот со фудбалерот.

Како дел од клубот од Милано, Санчез двапати ја освои Серија А, го освои Купот на Италија и два пати го освои Суперкупот на земјата.

На лето Интер ќе го напушти и играчот од средниот ред Стефано Сенси. /МИА

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

 Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА.

Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека глобалниот одговор не е толку хаотичен.

Страните сакаат планираниот договор да вклучи мрежа за снабдување координирана од СЗО, така што сите земји ќе можат да пристапат до лековите што им се потребни во итен случај без трговски ограничувања.

Слично на тоа, дел од произведените лекови или вакцини ќе им бидат дадени на посиромашните земји бесплатно или по ниска цена. Одредбите ќе важат само за земјите што ќе го ратификуваат договорот. Тој ќе стапи во сила откако 60 земји ќе го ратификуваат документот.

Целта е договорот да биде усвоен на овогодинешното Светско здравствено собрание - тело за одлучување на СЗО. Средбата ќе започне на крајот на мај.

Последната рунда разговори на почетокот на оваа година не успеа, а разговорите кои започнуваат денеска се сметаат за последна шанса да се постигне договор пред крајниот рок во мај.

Во обид да се постигне консензус, преговарачите претставија многу покондензиран нацрт-договор од претходната верзија. Сегашниот се состои од 23 страници, изоставувајќи многу контроверзни одредби.

Едно од контроверзните прашања е дали и на кој начин фармацевтските компании треба да бидат обврзани да споделуваат експертиза и да обезбедат дел од своите производи на посиромашните земји.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ тврди дека договорот треба да се однесува на прашањата поврзани со глобалното здравје, здравствената заштита и правдата, а не само да ги штити интересите на индустријата. /МИА

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

- Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

- Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

- На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови. /МИА

притисни ентер