Ловочувар најден со прострелна рана во близина на Виница, четири лица задржани во станица - Канал 5

Ловочувар најден со прострелна рана во близина на Виница, четири лица задржани во станица

Тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје пронајдено е во близина на Виница... 

Ловочувар најден со прострелна рана во близина на Виница, четири лица задржани во станица

Тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје денеска било најдено во близина на Виница. Според првичните информации, станува збор за ловочувар кој бил дел од група која вршела комерцијален лов, а како што соопштија од основното јавно обвинителство Кочани, четири лица, од кои еден македонски државјани и тројца странци се задржани додека на терен се вршат претреси и вештачења на пронајдените траги со цел да се утврди што точно се случило и кој е одговорен.

„Според првичните информации, станува збор за ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов. Телото било пронајдено во близина на Виница, по што веднаш биле преземени истражни дејствија. Во рамки на истрагата задржани се тројца странски државјани и еден македонски државјани кои биле дел од истата ловна група. За нив, надлежните институции ќе испитуваат дали биле инволвирани во пукањето.“

Од ОЈО Кочани потенцираат дека до целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан. Од МВР пак, повеќе детали за настанот и како дошло до смртта на ловочуварот најавија во текот на денешниот ден, откако ќе бидат завршени сите постапки и процедури на местото каде било пронајдено телото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирење

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна.

Филипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирење

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна, посочувајќи го примерот со пуштањето на Ива Михаилова , како и низата безбедносни пропусти во изминатиот период.

„Вчера министерот за внатрешни работи, би рекол, скандалозно изјавува дека нашата граница е швајцарско сирење. Ама тоа не треба тој да го изјави, тоа се гледа секојдневно. Изминатите повеќе од две години како е тој министер за внатрешни работи. Се сеќавате на скандалите на границата со Косово, како поминуваше Африм Гаши на свадба и така натаму. Како избега Артан Груби?“, рече Филипче.

Филипче посочи дека случајот со Ива Михаилова е уште еден во низата скандали за кои треба да има одговорност.

„ Најмалку што може, Панче Тошковски, сега, после овој скандал, последен во низата скандали е тоа. Да не го заборавиме случајот со пожарот во Кочани, се обиде да ги заштити делот од полицајците кои што таму работеа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Во врска со случајот со Ива Михаилова, Филипче побара Бугарија да ја екстрадира и побара одговорност од Тошковски и Христовски.

„Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Да потсетам на лажниот сертификат што директорот на АНБ, Бојан Христовски, го има од Бугарија. Да не е тоа причината зошто сега има вакви договори? Затоа што АНБ треба да има одговорност, затоа што МВР треба да има одговорност. А како ние можеме да бидеме сигурни дека сега нема некој таков договор, кога директорот на АНБ има фалсификуван сертификат за англиски јазик од Бугарија?. Нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може така да помине граница. И адвокатот и самата Ива кажаа дека ја поминале границата најлегално, рече Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата.

По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

– Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски наведе дека Русија не го почитува примирјето и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер