Ловец на неверојатен начин успеал да се извлече од прегратките на голема мечка - Канал 5

Ловец на неверојатен начин успеал да се извлече од прегратките на голема мечка

Еден ловец од Монтана успеа да преживее напад на мечка и тоа во директна борба со неа.

Ловец на неверојатен начин успеал да се извлече од прегратките на голема мечка
26-годишниот Чејс Делво со својот брат ловел во една шума во Монтана,кога во нивна близина се појавила една голема мечка.

Огромното животно веднаш го нападнало Чејс и го турнало на земја, гризејќи го за главата и ногата. Чејс иако бил во скоро безизлезна ситуација, успеал да се сети на еден текст кој го прочитал во весник за тоа како животното да се принуди да ја отвори устата.

26- годишниот ловец одлучил целата рака да ја стави право во грлото на мечката.
„Успеав! Мечката потоа си замина“, изјави Делво за медиумите.

Неговиот брат потоа ито го однел во болница,каде му се констаирани бројни повреди, Чејс само на главата има дури 200 конци.
-Сакам да нагласам дека мечката не беше виновна, само беше преплашена , како мене, дополни Чејс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите пред јавната дебата организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, предупреди дека економските политики на Владата на Мицкоски ја водат државата кон растечка зависност од скапи кредити.

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите пред јавната дебата организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, предупреди дека економските политики на Владата на Мицкоски ја водат државата кон растечка зависност од скапи кредити, без развој и без пари за зголемување на платите.

„Сега се носи буџетот за следната година, после веќе многу брзиот ребаланс, што беше доказ за лошите економски политики. Нема пари за зголемување на платите во здравството, во образованието, во социјалата. Нема развојна компонента буџетот, немаше ни до сега“, истакна Филипче.

Тој посочи дека сумата за отплата на камати достигнува рекордно ниво, додека наталожените обврски на државата го загрозуваат работењето на компаниите.

„Никогаш ваква голема сума од близу дваесет и пет милијарди денари не одела за враќање на камати. И дополнително уште нешто што страшно загрижува огромниот долг кој што државата го има кон јавните претпријатија, кон локалната самоуправа, кон компаниите во здравството и така натаму, седумстотринаесет милиони евра, вклучувајќи го и долгот за поврат на ДДВ“, рече Филипче.

Неисплаќањето на овие средства создава сериозни ризици за ликвидноста и функционирањето на стопанството.

„Значи 713 милиони евра нема државата да ги даде на стопанството, а со тоа ги прави компаниите неликвидни и ги става во ризик како понатаму тие би функционирале. Сѐ на сѐ еден страшен дебакл. Животот е сѐ поскап. Граѓаните ништо не може да си приуштат. Три минимални плати не се доволни за потрошувачката кошничка“, нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ изрази сериозна загриженост дека продолжувањето на ваквите политики може да ја доведе државата во ситуација тековните обврски да ги покрива единствено преку скапо задолжување.

„Имајќи предвид дека сме сериозно загрижени дека на државата, вака како што сега Кристијан Мицкоски ја води економијата, не ѝ преостанува ништо друго освен за некоја година да се соочиме со грчкото сценарио, односно да стигнеме во ситуација кога единствен извор на тоа да се платат тековните расходи, плати, пензии, сѐ што се должи кон стопанството ќе бидат само скапите кредити“, предупреди Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за справувањето со економската криза, Филипче порача дека Владата не покажува ниту волја ниту способност да понуди решенија, а последиците директно ги чувствуваат граѓаните.

„Прво, Владата треба да има желба да се справи со кризата. Понатаму треба да има знаење и капацитет, а ништо од ова очигледно е дека го нема. И како тоа сега се реперкутира и како тоа граѓаните го гледаат, го гледаат во своите паричници и во своите фрижидери. И паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни. И тоа е доказ дека оваа Влада апсолутно не знае како се води државата“, заклучи Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“

-Денеска присуствував на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија,на Фејсбук објави Премиерот Христијан Мицкоски .

Премиерот Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“

Заедно со Марта Кос го проследивме обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот во Брисел.

Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив.

За Македонија, европската интеграција е стратешка определба и долгорочен национален интерес. Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење.

„Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере.

Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство.

Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере.

Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта.

Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија.

Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања.

„Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер