Лотарија за гробно место до познати личности во Париз - Канал 5

Лотарија за гробно место до познати личности во Париз

 Градот Париз оваа недела отпочна уникатна лотарија којашто на „среќните“ добитници ќе им понуди вечно почивалиште во напуштени историски гробови - до некоја позната личност.

Лотарија за гробно место до познати личности во Париз

Градот Париз оваа недела отпочна уникатна лотарија којашто на „среќните“ добитници ќе им понуди вечно почивалиште во напуштени историски гробови - до некоја позната личност, во замена за реставрација на споменикот на таа позната личност.

Системот вклучува 634.000 парцели, но да се биде погребан во близина на иконскиот американски музичар и поет Џим Морисон или познатата француска писателка Симон де Бовоар - досега беше само сон, бидејќи историските гробишта се полни од почетокот на 20 век. Сепак, овие места, поради својата историска вредност, не смеат да бидат уништени, па затоа, Градското собрание на Париз нуди 30 места и споменици на лотарија: 10 во „Пер Лашез“, 10 во „Монпарнас“ и 10 плацеви во „Монмартр“. Условот е да се реставрира соодветниот историски споменик.

- Како знак на интерес, првите 24 часа имавме 1.000 кликања на формуларите за аплицирање. Доколку не се исполнат условите за реставрација и купување, продажбата на споменикот се откажува, а купувачот ја губи својата инвестиција, изјави Пол Симондон, заменик на градоначалничката на Париз, Ан Идалго, задолжен за погребни прашања.

Кандидатите притоа, мора „да имаат сертификати од специјализирани компании за сечење камен за да покажат дека се свесни за трошоците за реновирањето“, за да нема изненадувања, се вели во изјавата.

Механизмот за реставрација им овозможува на семејствата да предвидат купување на место за погребување во рамките на градот за првпат, според Симондон. Оваа лотарија - прва од ваков вид, е тест, а Градскиот совет размислува за проширување на програмата - со што до израз ќе дојдат и „еколошките придобивки“ од овој потфат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер