Лошите временски услови го откажаа стартот на „Четирите скокалници“ - Канал 5

Лошите временски услови го откажаа стартот на „Четирите скокалници“

Силен ветар и изобилството од нов снег во Оберсдорф ги принудија организаторите за денеска да ги презакажат натпреварите на првата скокалница од Новогодишната турнеа.

Лошите временски услови го откажаа стартот на „Четирите скокалници“
Стартот на натпреварувањето беше закажано за вчера во 16 часот и 30 минути, но лошите временски услови беа причина за неколку одложувања.

Неколку натпреварувачи и направија скокови, но жирито повторно го прекина натпреварот и по нешто повеќе од три часа донесе одлука за одложување.

Според новата програма 63. издание на „Четири скокалници“ треба да почнат денеска попладне (17:30 часот), секако откако претходно ќе биде одржан и тренингот.

Ако не се одржи натпреварот можно е да биде префрлен во Гармиш Партенкирхен, кој е втор домаќин на Новогодишната турнеја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка прерасподелува десетици милиони долари наменети за Македонија и Словачка

Администрацијата на Трамп прераспределува десетици милиони долари воена помош на САД за земјите во Европа и Блискиот Исток за да ги поддржи конзервативните влади во Централна и Јужна Америка.

Америка прерасподелува десетици милиони долари наменети за Македонија и Словачка

Стејт департментот во вторник го извести Конгресот дека ќе репрограмира 52 милиони долари странско воено финансирање од Словачка, Македонија, Тунис и Ирак за Панама, Перу, Еквадор и Колумбија.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, минатата недела ги посети Колумбија, Еквадор и Перу и им вети дополнителна поддршка, бидејќи администрацијата на Трамп во својата надворешна политика ја стави приоритет на Западната хемисфера со акцент на борбата против трговијата со дрога и нелегалната имиграција.

Странското воено финансирање им обезбедува на земјите приматели долари од американските даночни обврзници за да им овозможи да купуваат воена опрема од американски добавувачи.

Стејт департментот на САД соопшти дека средствата ќе бидат искористени за „борба против наркотероризмот во нашиот двор и помош за продолжување на обезбедувањето на Панамскиот канал“, додавајќи дека Западната хемисфера историски е запоставена со воената помош на САД.

„Овие средства ќе ги спречат противниците да воспостават стратешки упоришта на нашата хемисфера“, велат од Стејт департментот.

Префрлањето на парите не го елиминира странското воено финансирање за Тунис, Ирак, Македонија или Словачка, иако се уште не се знае точниот износ што останува за тие земји.

Сепак, Стејт департментот изјави дека сегашната распределба на финансирањето „не се совпаѓа со приоритетите на администрацијата“ за Западната хемисфера.

Извор: Yahooo

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија ослободува политички затвореници во замена за укинување на американските санкции

Белорусија започна нов круг на помилувања за политички затвореници по разговорите меѓу претседателот Александар Лукашенко и американскиот пратеник Џон Коул, објави организацијата за човекови права „Вјасна“.

Белорусија ослободува политички затвореници во замена за укинување на американските санкции

Белоруската државна новинска агенција „Белта“ ги пренесе зборовите на Коул дека двете страни постигнале привремен договор. Белорусија ќе ослободи 25 лица, а САД ќе ги укинат санкциите за две белоруски компании.

Белорусија ослободува политички затвореници во замена за укинување на американските санкции

Од „Вјасна“ соопштија дека на семејствата на некои од затворениците им било кажано оти можат да ги преземат своите блиски од казнените колонии во среда наутро. САД започнаа преговори минатата година со Лукашенко – близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин – и постепено ги ублажуваат санкциите кон Белорусија во замена за ослободување на затворениците.

„Вјасна“, организација што е забранета во Белорусија, тврди дека во земјата сè уште има повеќе од 900 политички затвореници. Од средината на минатата година, Коул обезбеди ослободување на стотици луѓе.

Меѓу вообичаените обвиненија против нив спаѓаат екстремистичка активност, заговор за преземање на власта, поттикнување омраза и навреда на претседателот.

Лукашенко тврди дека овие лица не се политички затвореници и ги отфрла тврдењата на организациите за човекови права и на опозицијата во егзил дека тој постојано апси нови луѓе за да ги заменат оние што ги ослободува.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на патиштата и железниците се невозможни без експертиза на научната јавност

Изградбата на патиштата и железниците се невозможни без експертиза на научната јавност - Македонија домаќин на престижниот собир на меѓународната градежна научна јавност.

Николоски: Изградбата на патиштата и железниците се невозможни без експертиза на научната јавност

Престиж е тоа што Македонија е домаќин на еден од најголемиот собир во делот на градежништвото, каде неколку стотини професори од целиот свет диксутираат за инженерски предизвици во градежништвото, истака денеска, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на научната конференција “Eurock 2026” – во организација на Друштвото за геотехника на Македонија и Градежниот факултет како коорганизатор.

Во своето обраќање, заменик претседателот Николоски потенцираше дека државата и научната и стручна јавност имаат нераскинлива врска во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти во државата.

Тој ги потенцира крупните капитални инвестиции за кои како што нагласи, научната јавност има силно влијание во решавање на комплексните инженерски решенија.

Пред присутните потенцира дека Македонија има стратешка позиција на Балканот, каде се пресекуваат двата транспортни коридори 8 и 10, што ја прават државата централна транзитна држава на европскиот транспорт.

Во таа насока истакна Николоски, Владата го реализира најобемниот инвестициски циклус од неколку милијарди евра во изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во државата. Во такви услови, инженерска експертиза има силно влијание во реализација на проектите, се обрати заменик претседателот на Владата, Николоски.

“Скопје и Македонија имаат чест да се домаќини оваа година и тоа не е случајно, тоа е заради победата која што во 2023-та година Градежниот факултет ја однесе на собирот во Салцбург, каде што го освои првото место во делот на иновативност и затоа оваа година овој собир се случува во Скопје. Навистина е прекрасно да се видат некаде околу 600-тини професори од целиот свет, од сите делови на светот како дискутираат за најголемите инженерски предизвици кои што се во делот на градежништвото, нешто што секако ќе помогне многу и на нашиот факултет и на нашите професори и научници кои што секако ќе ни помогнат и на нас да реализираме уште повеќе проекти” – истакна Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер