Градоначалникот на Тирана се јави од затвор, сите се шокирани: Ова е невидено во историјата на Албанија (ВИДЕО)
Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
1Градоначалникот на Тирана се јави од затвор, сите се шокирани: Ова е невидено во историјата на Албанија (ВИДЕО)
2Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
ФудбалЛопетеги ги посочи своите цели во Реал МадридНовиот тренер на Реал Мадрид Хулен Лопетеги ги одржа првите тренинзи на чело на „белите“. Тој исто така ги сподели своите очекувања и амбиции за новата сезона. - Треба да создадеме еден голем тим. За остварување на оваа цел треба да работиме многу. Во Реал има одлични играчи. За мене овој клуб отсекогаш бил посебен, бидејќи сум израснал во Мадрид, тука е мојот дом, изјави поранешниот селектор на Шпанија. Тој смета дека одговорноста е огромна, но и радоста не е мала. - Јас едноставно немам зборови да ги опишам моите чувства и впечатоците за одличните играчи и условите за работа што ги имам. Можеме да бидеме уште посилни. Очекувам моите играчи постојано да напредуваат. Ни останува малку време до 15 август, кога ќе спориме за Суперкупот на Европа и затоа веднаш се фаќаме за работа, прокоментира Лопетеги. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
БалканГрадоначалникот на Тирана се јави од затвор, сите се шокирани: Ова е невидено во историјата на Албанија (ВИДЕО)Ерион Велај, градоначалникот на албанската престолнина Тирана, им се обрати на гласачите преку дигитална копија од себе создадена со помош на вештачка интелигенција, ветувајќи бесплатни оброци за учениците. Видеото е објавено на неговиот официјален Инстаграм профил и е јасно означено како содржина генерирана од вештачка интелигенција, објавува The Next Web. Проблемот, сепак, не е во тоа што градоначалникот си се обратил преку видео од вештачка интелигенција, туку во фактот дека е во затвор, каде што чека судење. Во четириминутното видео, дигиталниот Велај седи пред знамињата на Албанија и Тирана. Тој започнува со заблагодарување на граѓаните за почетокот на учебната година и објаснување зошто не може лично да им се обрати. „Јас сум заложник 20 месеци и можам да го испратам овој поздрав само преку вештачка интелигенција“, вели верзијата на градоначалникот со вештачка интелигенција. 🇦🇱 Albania’s capital, Tirana, has released an AI avatar of Mayor Erion Veliaj to address citizens from now on. The real Veliaj is currently in prison. https://t.co/yhhbuOEliJ — kos_data (@kos_data) October 6, 2026 Поголемиот дел од видеото е посветено на неговата работа. Велај се сеќава на запуштените градинки за кои вели дека ги пронашол во 2015 година, училиштата оштетени во земјотресот во 2019 година и новите училишта и градинки изградени за време на неговиот мандат. Според неговиот дигитален аватар, целта била да се направи добро училиште достапно за секое дете во секој дел од градот, без оглед на семејниот приход. Кон крајот на видеото, тој зборува за бесплатните оброци за учениците, кои претходно ги ветил. „Вистина е дека ме поставија во заседа и ме затворија, но јас ќе го исполнам ова ветување. Без разлика колку сакаат да ме држат подалеку од градот и од вас, Тирана е честа на мојот живот. За да ја вратам оваа чест, ќе продолжам да работам дури и од ќелијата во која ме затворија“, вели Велај. Видеото предизвика бура од реакции во Албанија, а локалните медиуми го споредија со говорите генерирани од вештачка интелигенција што поранешниот пакистански премиер Имран Кан ги користеше за комуникација со поддржувачите додека беше во затвор. Ерион Велај беше уапсен во февруари 2025 година. Албанското специјално обвинителство за борба против корупцијата (СПАК) го обвини него и неговата сопруга за учество во шема која, според обвинителството, вклучувала стекнување на околу еден милион евра преку мито и градски средства. Обвиненијата вклучуваат корупција, перење пари и прикривање на имот, што Велај и неговата сопруга ги негираат. Судот во февруари оваа година пресуди дека случајот треба да оди на суд, а во септември Врховниот суд на Албанија пресуди дека Велај мора да остане во притвор додека трае постапката. И покрај ова, Велај сè уште е официјално градоначалник на Тирана. Во 2025 година, градскиот совет гласаше за негово разрешување, по што беа распишани нови избори. Меѓутоа, во ноември, Уставниот суд пресуди дека разрешувањето е неуставно, а гласањето беше откажано. Албанија се стреми да се приклучи на Европската Унија, но сè уште не е членка, поради што правилата на ЕУ за задолжително означување на содржината генерирана од вештачка интелигенција, кои стапија на сила во август, сè уште не се применуваат во земјата.Тагови: Албанија Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер АкташПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Посакувајќи му добредојде, таа изрази уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште подобри. За неа, Турција е не само наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО, туку и искрен пријател којшто ги разбира македонските приоритети. Во формирањето на Советот за соработка на високо ниво, таа препознава политички чекор напред. За амбасадорот Акташ, стратешкото партнерство е од голема важност за обете земји. Сиљановска-Давкова гледа отворен простор за соработка во економијата, трговијата, одбраната, инфраструктурата, енергетиката, туризмот, културата и образованието. Таа ја поздрави Балканската платформа за мир, иницирана од Република Турција, како рамка за градење регионална стабилност низ дијалог. За обajцата, турската заедница е важен сегмент на македонскиот етнички и религиозен мозаик, како што и граѓаните со македонско потекло во Турција се цврст меѓудржавен мост. Тие споделија лични приказни коишто ги поврзуваат: амбасадорот Акташ укажа на своето македонско семејно потекло, а претседателката потсети дека е родена во турска куќа во Охрид. На крајот, таа му посака успех во извршувањето на одговорната амбасадорска функција, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДвајцата најстари мажи на светот си ги честитаа родендените- родени се во ист ден (ВИДЕО)Двајцата најстари мажи на светот, Австралиецот Кен Викс (113) и Бразилецот Жоао Марињо Нето (114), си ги честитаа родендените, кои ги слават на ист ден, на спротивни страни од светот.Размената на роденденски честитки беше забележана и од Гинисовата книга на рекорди на 5 октомври, според која Жоао Марињо Нето е официјално најстариот маж на планетата. Ги делат 14.000 километри Двајцата мажи се поврзани со ист датум на раѓање и фактот дека се двајцата најстари живи мажи на светот, и покрај тоа што се одвоени околу 14.000 километри. Викс, кој живее во домот за стари лица Видон во Графтон, Нов Јужен Велс, беше воодушевен од посебната порака што ја доби од Марињо Нето и му ја врати пораката со видео во кое му се заблагодари, а воедно му посака и среќен роденден. Жоао Марињо Нето е најстариот маж на светот од ноември 2024 година, кога имаше 112 години, што го прави неговиот втор роденден на таа највисока позиција. Совет за долг живот Според Гинисовата книга на рекорди, тој е 13-тиот најстар Бразилец и најстариот машки жител на Бразил. Тој има шест живи деца, 22 внуци, 15 правнуци и три пра-правнуци. Кога го прашале каков совет има за долг живот, Марињо Нето претходно рекол дека ако некој сака да има долг живот, треба да се опкружува со добри луѓе и да ги држи најблиските блиску до себе.Тагови: роденден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08