Лондончанец живее со две девојки во Л.А. а бара и трета! - Канал 5

Лондончанец живее со две девојки во Л.А. а бара и трета!

34 годишниот Адам Лајонс живее во среќна љубовна врска со 26 годишната Брук Шед и 25 годишната Џејн Шалакова во Лос Анџелес. Живеат во перфектна хармонија. Неодамна на Адам и Брук им се роди синот Данте, кој го одгледуваат заедно со Џејн.

Лондончанец живее со две девојки во Л.А. а бара и трета!
- Ние сме како и секое друго семејство.Само што сме еден татко и две мајки кои живеат под еден покрив, и кои имаат голема љубов кон сите деца кои ќе дојдат - вели Адам.

Брук веќе има 5 годишен син Оливер од претходната врска. Така што, со љубовната тројка сега живеат две деца.

- Со двајца партнери, јас никогаш нема да морам да ги оставам децата со непознати. Данте и Оливер ќе растат гледајќи не мене, Џејн и Адам во голема љубов, мислам дека тоа е прекрасно - вели Брук.

Адм вели дека во средно училиште воопшто немал среќа со девојките. Тој всушност до 25 години живеел сам и повлечен. Но тогаш почнал да чита за вештините на завдувањето кои толку ги усовршил што почнал да работи како тренер за заведување!

- Одеднаш, од сам повлечен човек, почнав да живеам како да сум Хју Хефнер. Во еден момент во исто време се гледав со 14 жени. Но балансирањето стана многу заморно и стресно. Сфатив дека сакам стабилна врска, смирен живот, посветеност - вели Британецот.

Во 2007 се вљубил во Американката Александра. Стапиле во брак и се било во ред до моментот кога тој посакал дете а таа не била подготвена за тоа. За да го спасат бракот решиле да дозволат секој од нив да има и други партнери. Според Адам тоа навистина ги зближило. Во 2012 Александра предложила Адам да влезе во врска со Брук која им била заедничка пријателка. Адам ги стопирал сите останати врски и набргу посакал да се разведе за да биде само со Брук.

- Се преселив кај Брук која живееше со нејзиниот син Оливер. Александра отиде да живее со човекот со кој се гледаше. Се разделивме - вели Адам.

Но, и врската со Брук била прилично невообичаена. Таа била бисексуалка. Набргу во Адам и Брук почнале да внесуваат по уште една партнерка во нивниот сексуален живот. Кога ја запознале Џејн, се почувствувале комплетни. Поради неа се преселиле во Л.А. Убедени се дека за Оливер и Данте е подобро да имаат тројца родители отколку двајца.




- Ние сме посветени еден на друг но отворени сме и за четврта личност во нашата заедница. Секако не по секоја цена, со изборот на четврт партнер ќе мора да се согласиме сите тројца - велат Џејн, Брук и Адам.

/извор:
telegraph.co.uk










Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ .

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона.

Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници.

Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи.

Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико.

Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка.

Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година.

Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини.

По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер