Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина
1Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина
2ДУИ: Заменик-министерот кукла лаже: 105 албански кандидати аплицирале во средното полициско училиште
3ВМРО-ДПМНЕ: Каква хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА
СветЛондон и Париз организираат состанок за безбедноста на Ормуска ТеснинаЛондон и Париз неделава ќе организираат состанок со 30-тина држави подготвени да формираат коалиција за обезбедување на Ормуска Теснина, изјави неименуван извор од британското Министерство за одбрана.Според него, состанокот ќе биде на ниво на началници на генералштабовите на вооружените сили на земјите што ја потпишаа минатонеделната изјава, со која се повикува на прекин на нападите врз нафтената и гасната инфраструктура во Персиски Залив и се наведува дека се „подготвени да придонесат“ во напорите за обезбедување на морзеусот. Заедничката изјава, која ја иницираа Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Холандија и Јапонија, оттогаш е поддржана од околу 30 земји, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Началникот на британскиот Генералштаб, Ричард Најтон и неговиот француски колега Фабиен Мандон „се свесни за улогата што треба да ја играат во обединувањето на оваа коалиција и помагањето на меѓународната заедница да развие план за повторно отворање на Ормуска Теснина што е можно поскоро, наведе изворот. Тагови: Лондон Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднинаВенко Филипче и СДС напаѓаат сѐ што е добро за државата, секоја идеја, секој проект, иста е ситуацијата и со дата центрите. Ширењето на лаги и хистерија не изостанува.Идејата за развој на овој вид на индустрија ја напаѓаат со некои работи кои датираат од повеќе од пред една декада. Сега Македонија е пазарна економија и јасен е начинот на постигнување на цената на струјата и кој ја плаќа истата. Исто така сега има низа на начни за ладење на водата кои зависат од тоа за што се наменети дата центрите. Значи, по овие прашања СДС само шири паника во јавноста. Очигледно е дека СДС се против се што е корисно за напредокот на државата или тие се против Македонија. Од она што го гледавме во време на нивното владеење тие знаат само за развој на марихуана Македонија, за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата центрите кои се иднината на Македонија, која иако е релативно нова, сепак е развиена индустрија во светот. Ова кажува се, какви се намерите на СДС, а какви се на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа јасно е дека при развојот на оваа индустрија Владата нема да дозволи тој развој да влијае на квалитетот на живот на граѓаните во негативна смисла, туку сосема спротивно, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаДУИ: Заменик-министерот кукла лаже: 105 албански кандидати аплицирале во средното полициско училиштеПодатоците и листите на кандидатите јавно ја демаскираат лагата на Астрит Исени и ВЛЕН дека Албанците немале интерес или не конкурирале за прием во средното полициско училиште. Дури 105 албански кандидати аплицирале и ги исполнувале условите за прием, но не биле примени. Со ова дефинитивно паѓа во вода оправдувањето на Астрит Исени, кој, за да одбрани одлука што сериозно ја нарушува застапеноста на Албанците, избра да ја манипулира јавноста со невистини. Астрит Исени јавно застана во одбрана на скандалозната одлука, според која од 310 примени кандидати, само минимален број се Албанци. За да ја оправда оваа дискриминација, тој се обиде да ја манипулира јавноста со тврдењето дека Албанците не аплицирале или немале доволен интерес, прикажувајќи бројки што не се совпаѓаат со реалноста и со листите на кандидатите кои аплицирале и ги исполнувале условите. Но, уште потежок од самата антиалбанска одлука е начинот на кој Астрит Исени ја брани. Еве ги целосните листи: 105 албански кандидати аплицирале и ги исполнувале условите, но сепак биле оставени надвор. Наместо да бара одговорност за ова исклучување и да го брани правото на Албанците на правична застапеност, Астрит Исени избра да ја брани одлуката ширејќи дезинформации и невистини. Заменик-министер кој тврди дека ги претставува Албанците не смее да служи како портпарол за оправдување на секоја одлука што е на штета на Албанците, на штета на другите заедници и спротивна на духот на Охридскиот мировен договор. Астрит Исени, со својата политичка и институционална неспособност, се однесува како кукла-заменик министер, кој пред јавноста излегува само за да ги оправдува, релативизира и брани штетните одлуки кон Албанците, дури и кога за тоа мора да користи лаги и невистини. ДИИ бара јасен одговор: зошто 105 албански кандидати кои ги исполнувале условите не биле примени и зошто од 310 примени кандидати Албанците се застапени во толку занемарлив број? Астрит Исени и ВЛЕН можат да продолжат со лаги, но листите и фактите се пред јавноста. Албанците не се исклучуваат затоа што не конкурираат; Албанците се исклучуваат, а потоа нивното исклучување се брани со лаги, рече Арта Билали Зендели од ДУИ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Каква хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИАКаква хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА, градоначалниците на СДС прават концерти со пејачите на Вучиќ.Каква хипокризија на Венко Филипче и СДС. Додека обвинуваат за српски свет во Македонија, советник на Зоран Заев е фатен соработник на БИА, а од друга страна градоначалници на СДС прават концерти со пејачите на Вучиќ. Поранешниот советник на Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски и поранешен член на високите партиски тела на СДС, е вклучен во последната шпионска афера во соседна земја, каде што тамошни јавни личности испаднаа дека се дел од тајната српска служба, за што е поднесено и обвинение. Во истиот предмет за соработници на БИА, се појавува и името на Петрушевски, советникот на менторот на Венко Филипче, Зоран Заев. Од друга страна пак, градоначалниците на СДС, како тој во Крива Паланка кој деновиве прави концерти токму со пејачите на Александар Вучиќ, за кого велат сака да го прошири неговото влијание и на наша територија. А, оттука и од случајот со Петрушевски се гледа кој е извршител и соработник на српските служби. Токму хипокризијата да биде поголема, Љупчо Николовски Путерот и градоначалникот на Крива Паланка ќе се забавуваат на плоштад со концерт на Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ. А, Ацо Пејовиќ, исто така, ќе пее на плоштадот во Македонка Каменица. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија немаме ништо против, но вредно е да се нотира дека овие пејачи српската опозиција ги прогласи за режимски на Александар Вучиќ, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter