Лондон: 62 милиони евра за екс манекенката по разводот од шеикот - бараше 229 милиони! - Канал 5

Лондон: 62 милиони евра за екс манекенката по разводот од шеикот - бараше 229 милиони!

Британскиот суд денеска донесе пресуда во случајот со разводот на поранешната манекенка Кристина Естрада и шеикот Валид Јуфали.

Лондон: 62 милиони евра за екс манекенката по разводот од шеикот - бараше 229 милиони!
Поранешната манекенка доби 62 милиони евра од саудискиот милијардер од кој на почетокот на процесот бараше 229 милиони, како и по еден милион годишно - за гардероба!

Естрада изјави дека вкупната добиена сума по разводот изнесува 87 милиони, вклучувајќи ја и вредноста на нејзиниот имот.

Шеикот Валид Јуфали (61) е смртно болен. Тој има рак и се лекува во Швајцарија. Во 2012 тој с еразведе од Естрада по исламскиот закон, без нејзино знаење, и се ожени со 25 годишна либанска манекенка.

Јуфали му се заблагодари на судот, а Естрада изјави дека е свесна дека со сопругот имала спектакуларен живот и дека „разбира како светот на сето ова може да гледа“ - пренесе Франс прес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер