ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
1ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
ЕвропаЛокалните жители на Мајорка им дадоа нов прекар на туристите кои малку трошат: Дизелаши (ВИДЕО)Во Мајорка ова лето, нов, малку потсмешлив израз за дел од туристите - „дизел туристи“ - стана вообичаен.Не се однесува на возачите на дизел-возила или на поевтиното гориво, туку на гостите кои го обиколуваат целиот остров, но трошат многу малку. Сепак, локалното население денес не е вознемирено само од штедливите посетители, туку и од оние кои ги претвораат градските плажи во отворени клубови по зајдисонце. Градската плажа Плаја де Кан Пере Антони во Палма де Мајорка е омилено место за пливање и релаксација преку ден, но навечер добива сосема поинакво лице. По зајдисонце, таму речиси секој ден се организираат забави со гласна музика, што сериозно го нарушува мирот на жителите на околните области. Иако Мајорка воведе голем број мерки против алкохолниот туризам во последните години, островот сè уште привлекува гости кои сакаат да се забавуваат. Британците традиционално се собираат во Магалуф, а Германците во Балерман, но жителите тврдат дека проблемите повеќе не се ограничени само на тие туристички области. Мештаните се жалат на она што го нарекуваат „драстично нецивилизирано однесување“ на туристите. „Тука речиси секоја вечер се организираат забави со гласна музика“, рече еден од станарите. Според нивните тврдења, повремено се случуваат тепачки, некои туристи вршат нужда на јавни места, а се евидентирани и интимни врски на средина од улицата. „Разбираме дека луѓето сакаат да се забавуваат, но ситуацијата е целосно надвор од контрола“, рече друг жител. Поради сè, тие основале здружение на граѓани, подготвуваат официјална жалба и планираат да се обратат до градскиот совет. Кои се „дизел туристи“? Името „дизел туристи“ го користат мештаните за гости кои многу го обиколуваат островот, но во исто време трошат многу малку. Споредбата доаѓа од дизел мотор кој може да патува на долги растојанија со мала потрошувачка на гориво. Ваквите туристи често носат храна и пијалоци со себе, организираат пикници наместо ресторани и избегнуваат трошоци како што се лежалки, чадори или други туристички објекти. Сопствениците на ресторани и продавници затоа предупредуваат дека големиот број посетители не мора да значи поголема заработка. @loanalucero15 A 20 minutos del centro de Mallorca, esta increible playa 🌊🏖️🙌🏼 Excelente 10/10 #viral #parati #barcelona #españa #mallorca #playa #palmademallorca #argentina #europa #tiktok ♬ High (feat. Apache) - Rawayana Потрошувачката сè уште расте И покрај поплаките, стравувањата дека „дизел-туристите“ сериозно ќе ја загрозат сезоната досега не се остварија. Трошењето на туристите во текот на 2025 година се зголеми за речиси пет проценти и достигна 23,4 милијарди евра. Предсезоната и постсезоната поминаа особено добро, што одговара на плановите на локалните власти да ја развијат Мајорка како дестинација преку целата година. Целта е да се привлечат повеќе гости во пролет, есен и зима и да се олесни островот за време на врвот на летната сезона. Во исто време, властите сè повеќе велат дека нивната цел повеќе не е само да се зголеми бројот на пристигнувања. Тие сакаат да привлечат гости кои ја почитуваат локалната заедница и даваат поголем придонес во локалната економија, наместо оние кои создаваат проблеми или трошат само минимум на островот.Тагови: Палма де Мајорка туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНејмар за новиот соиграч: Ако е ова сон, не сакам да се разбудам (ВИДЕО)Нејмар (34) не го криеше своето задоволство од доаѓањето на Филипе Кутињо во Сантос. Бразилскиот клуб објави видео од нивната средба во тренинг центарот, а Нејмар го поздрави својот долгогодишен пријател со прегратка и зборовите: „Ако ова е сон, не сакам да се разбудам“. Кутињо (34) потпиша договор со Сантос до крајот на сезоната. Тој е без клуб од февруари, кога го напушти Васко де Гама, клубот каде што порасна и се врати во 2024 година. Прв пат заедно во ист клуб Нејмар и Кутињо со години се соиграчи во бразилската репрезентација, но никогаш не играле заедно за ист клуб. Иако двајцата го носеа дресот на Барселона во текот на нивните кариери, нивните епизоди на Камп Ноу не се преклопуваа. Нејмар замина во Пари Сен Жермен во летото 2017 година, додека Кутињо од Ливерпул пристигна во Барселона во јануари 2018 година. "SE FOR UM SONHO, NÃO QUERO ACORDAR!" 😂💭 Veja como foi a recepção para Philippe Coutinho em sua chegada ao CT Rei Pelé! https://t.co/Xtdzk9fpEK — Santos FC (@SantosFC) September 14, 2026 Кутињо помина пет години во Ливерпул и го изгради својот статус на еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата. По трансферот во Барселона, тој играше и за Баерн, Астон Вила, Ал-Духаил и Васко пред да се врати во бразилскиот фудбал и да потпише за Сантос. Нејмар, пак, се врати во Сантос на почетокот на 2025 година, во клубот каде што ја започна својата професионална кариера и од кој замина во Барселона во 2013 година. Сантос сега има двајца поранешни играчи на бразилската репрезентација во истата соблекувална, а доаѓањето на Кутињо очигледно беше пречекано од Нејмар со посебно задоволство. Кутињо последен пат играше за Бразил во март 2022 година, додека Нејмар се збогува со репрезентацијата по Светското првенство оваа година.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо ЈакимовскиГРОМ најостро ја осудува денешната нова кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски.Наместо човечност, наместо институционална воздржаност и наместо почитување на демократските принципи, гледаме континуирана политичка пресметка, Во исто време, Стевчо Јакимовски се наоѓа во болница и за само месец и половина помина низ три операции. Јавноста не е наивна. Граѓаните гледаат што се случува и со право прашуваат: Зошто повторно Јакимовски? Зошто токму сега кога пред само неколку дена Врховниот суд ги укина претходните пресуди против Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно постапување. И зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми? Јавноста очекува кривични пријави, истраги и разрешница за дивоградбите во Чаир, за урбаниот хаос и за сите случаи во кои постојат сомнежи за незаконско постапување. Очекува одговори за тоа кој дозволувал, кој градел, кој потпишувал и кој со години ги затворал очите пред дивоградбите. Наместо тоа, добиваме нова пријава против човек кој во моментов се наоѓа во болница. Ова повеќе не изгледа како борба за владеење на правото. Ова изгледа како политичка пресметка со неистомисленици. ГРОМ ја повикува власта да престане да ги користи институциите како средство за заплашување и политички притисок. Не може едни да бидат недопирливи, а други постојано да бидат предмет на институционален прогон. Особено лицемерно е кога власта зборува за правда и владеење на правото, а јавноста секојдневно гледа селективност, двојни стандарди и институции кои очигледно имаат различни аршини за различни луѓе. Додека Јакимовски се бори за своето здравје во болница, власта продолжува да се пресметува со политичкиот противник. Тоа не е демократија. Тоа не е владеење на правото. И тоа не е Македонија каква што заслужуваат нејзините граѓани. ГРОМ бара институциите да постапуваат еднакво кон сите, транспарентно и без политички притисоци. И затоа уште еднаш прашуваме: КОГА ЌЕ ДОЈДЕ РЕДОТ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР? И ДО КОГА ВЛАСТА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО ОПОЗИЦИЈАТА НАМЕСТО ДА ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ? ГРОМ ќе продолжи да ја брани демократијата, политичкиот плурализам и правото на секој што мисли поинаку да биде слушнат – а не прогонуван. ГРАЃАНСКА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветЈемен тоне во хуманитарна катастрофаКанцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека најмалку 125.000 луѓе се раселени во Јемен од почетокот на септември поради ескалацијата на непријателствата.Според нивните податоци, бројот на цивилни жртви продолжува да расте. „OCHA“ исто така извести дека најмалку 18.000 домаќинства биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на месецот и дека хуманитарните организации обезбедиле помош за илјадници домаќинства, пренесува Ал Џезира. Канцеларијата исто така предупреди дека залихите на хуманитарна помош се на критично ниско ниво поради недоволното финансирање. Според извештаите, движењето на хуманитарните мисии останува прекинато на неколку локации долж западниот брег на Јемен поради насилството, додека пристапот до клучните патишта е ограничен или тие се непроодни. Извор: Б92Тагови: Јемен хуманитарна катастрофа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00