Локалните власти со проверки на зградите, училиштата и градинките - Канал 5

Локалните власти со проверки на зградите, училиштата и градинките

По пожарот во Кочани, локалните власти и во Скопје, но и ширум Македонија  иницираа состаноци со релевантните институции и инспекциски служби, кои работат на идентификување и отстранување на потенцијалните ризици од пожар...

Локалните власти со проверки на зградите, училиштата и градинките

Трагедијата во Кочани ги крена на нозе надлежните – повеќе општини во државава почнаа со засилени проверки во кафулињата, рестораните, зградите, училиштата, градинките. Градончаланикот на општина Центар, Горан Герасимовски за Канал 5 вели веќе одржале состаноци со диркеторите на дел од училиштата на територијата на општината, а следната недела ќе се состанат и со управителите на стамбените објекти и куќните совет. Но паралелно со ова се вршат инспекциски конторли кај сите угоститлески објекти. А за почитувањето на законите и прописите според најавите ќе се развговара в понеделник и на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Во општина Карпош која прва започна со проверки и инспекциски конторли, на стамбените објекти од страна на инспекциските служби веќе се поставени известувања станарите да извршат проверка дали функционира против пожарниот систем. Градоначалникот Стевче Јакимовски за Канал 5 вели, покрај стамбените се врши конторла и кај угостителските објекти.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат во зградите каде што живеат цревата од хидрантите се украдени, ПП апарати нема, а заедничките простории или се пренаменети или се користат како остави, а онаму каде што ги има слична е состојбата и со против пожарните скали.

Вчера министерот за транспорт Александар Николовски, информираше дека во тек е проверка на сите лиценци кои се издавале од министерствата и институциите. Од министерството со кое тој раководи, како што кажа, до сега се проверени над 640 лиценци од вкупно 1.100, а одземени се 97 од кои најголемиот дел се однесуваат за лиценцата „Б“ односно за изведувачи на градби од втора категорија. Според Николовски станувало збор за правни лица кај кои е констатирано дека по издавање на лиценците, престанале да ги исполнуваат законските услови. Најави промена на законите за градба и урбанистичко планирање, кои како што кажа имаат недоречености, особено во делот на контролата.

YouTube video

Филипов: Договорот со Велика Британија, како стратешки договор е добар

„Немаме проекти, треба да се зголеми капацитетот на оние кои што сакаат пари да подготват проекти и кои што ќе ги реализираат“

Филипов: Договорот со Велика Британија, како стратешки договор е добар

Не ги знам деталите од договорот за заем од Велика Британија, како стратешки договор е добар, но сумата од договорот малку ми е чудна. Инаку како човек речиси никогаш не се задолжувам, колку имам толку трошам. Британија на некој начин дава сигнал дека сака да помага на земјите, на кои што инаку Берлинскиот процес тоа го нуди и многу пари беа обезбедени за Западен Балкан, но има и вистина друга, ние не знаеме да ги искористиме тие пари. Немаме проекти, треба да се зголеми капацитетот на оние кои што сакаат пари да подготват проекти и кои што ќе ги реализираат. Европа веќе следи што се работи и нема веќе „еве ви пари“ правете што сакате со нив. Инаку Англичаните беа први што помогнаа на тие што се бореа против фашизмот, вели Ѓорѓи Филипов во Само Вистина.

Боцевски: За поздравување е најавата за средба во Хаг

„Гледаме дека  Македонија иницира разговор и решение“

Боцевски: За поздравување е најавата за средба во Хаг

Јасно е дека Македонија има само еден план „А“ и триесет години работи на остварување на тој план. Европската интеграција беше замислена како орудие да се надминат себичните политики и да се постигне нешто повеќе, а во случајот на Македонија од почетокот до денеска се случува нешто спротивно. Сегашната Влада политичкиот легитимитет што го доби на избори беше со една јасна порака дека Македонија нема да отстапува онаму каде што отстапки не се можни или откажување од клучните точки на македонскиот идентитет и начинот на кој ние самите си се замислуваме. За поздравување е дека сепак имаме желба за разговори и не стоиме во место, како и најавата за посетата на Претседателката во Хаг. Сега гледаме дека Македонија иницира разговор и решение. Гледаме дека сакаме што поскоро да иницираме средби и бараме брзи одлуки во кои Македонија нема да губи, вели Ивица Боцевски во Само Вистина.

Видеото од апсењето на порно актерката стана вирално: Следбениците мислат дека е лажно

Британската креаторка на содржини на „OnlyFans“, Бони Блу, чие вистинско име е Тиа Билингер (26), повторно го привлече вниманието на јавноста.

Видеото од апсењето на порно актерката стана вирално: Следбениците мислат дека е лажно

Видео од нејзиното наводно апсење се појави на интернет, но многумина се сомневаат дека станува збор за лажна ситуација со цел да се привлече внимание.

Контроверзно видео од „апсењето“

Видеото беше објавено во среда, наводно поставено од нејзината сестра. Видеото ја прикажува Тиа како се потпира на полицискиот автомобил додека полицаецот ја претресува. До неа е маж кој е подложен на истата процедура.

„Престани да зборуваш за момент додека го средиме ова, во ред?“ им кажува еден од полицајците.

Нејзината сестра напиша во описот на видеото: „Како што можеби видовте, Тиа е уапсена. Сè уште немаме јасни информации за ситуацијата, но штом дознаеме повеќе, ќе ве известиме. Ви благодариме на сите за вашата поддршка во последните 24 часа.“ Таа додаде дека „ова не е нешто што сакале да го објават јавно, но се чини дека Тиа повеќе нема никаква приватност“.

Bonnie blue has been arrested today 😱 thoughts?
byu/MarvelBruh inWaitThatsInteresting

Реакциите на следбениците се поделени

Видеото предизвика бура од реакции. Некои следбеници се загрижени и бараат нејзино ослободување користејќи го хаштагот „FREE BONNIE“. Други шпекулираат за тоа која би можела да биде причината за апсењето.

Имаше и злонамерни шеги за нејзиното минато. Бони Блу стана позната кога тврдеше дека спиела со 1.057 мажи во еден ден. Некои корисници сугерираат дека таа можеби имала врски со малолетници.

Сомнителните детали ја доведуваат во прашање автентичноста

Повнимателните гледачи забележаа чудни детали што доведуваат во прашање дали апсењето било вистинско.

Еден корисник на социјалните мрежи тврди дека автомобилот во видеото, Тојота Корола со регистарски број RO23 HRM, е во сопственост на „Police Car Hire UK“. Оваа компанија изнајмува возила за итни случаи за филмска и телевизиска продукција.

Британскиот таблоид „Мирор“ ја контактираше гореспоменатата компанија. Нивниот одговор беше воздржан: „Поради договорите за доверливост, дури и да сме работеле на оваа работа, немаше да можеме да потврдиме дали автомобилот дошол преку нашата компанија или не.“

Сведок тврди дека го видел снимањето

Друг корисник на Инстаграм тврди дека лично го видел видеото како се снима: „Ова е снимено во индустриска зона во Гилдфорд, Сари. Сè беше однапред договорено. Таа беше видена како позира покрај полициско возило.“

притисни ентер