3Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
СветЛокални избори во Турција: Голем удар за Ердоган, oпозицијата победи во Анкара и ИстанбулГрадоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу ја поздрави победата која претставува удар за положбата на турскиот претседател по две децении на власт.Главната опозициска партија во Турција победи во Истанбул и Анкара на локалните избори, нанесувајќи им го најголемиот пораз на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АК Партија) во повеќе од две децении. Со повеќе од 95 отсто отворени гласачки кутии во Истанбул во неделата, градоначалникот Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија (ЦХП) рече дека го победил кандидатот на владејачката АК Партија на Ердоган со повеќе од 1 милион гласови. „Оние кои не ја разбираат пораката на нацијата на крајот ќе загубат“, рече Имамоглу, поранешен бизнисмен, пред илјадниците поддржувачи доцна во неделата. „Вечерва, 16 милиони граѓани на Истанбул испратија порака и до нашите ривали и до претседателот“. Во главниот град Анкара, градоначалникот на ЦХП, Мансур Јавас, ја потврди победата над својот ривал, поздравувајќи го резултатот како „јасна порака до оние кои владеат со оваа земја“. ЦХП со водство и во Измир, третиот град во Турција. Севкупно, ЦХП води во 36 од 81 провинција во Турција, објави државната Анадолу, што е навлегување во многу упоришта на АК партијата. Поддржувачите на опозицијата се собраа во Истанбул за да ги прослават резултатите, а десетици илјади луѓе запалија факели и вееја турски знамиња. Во говорот одржан од балконот на претседателската палата, Ердоган, кој управува со Турција од 2002 година, призна дека неговата партија ја „изгубила моќта“ низ целата земја и рече дека ќе размисли самостојно и ќе ги исправи сите грешки. „Ќе ги исправиме нашите грешки и ќе ги поправиме нашите недостатоци“, рече тој. Извор: Ал ЏазираКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат новите приливи.Во насока на натамошно проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од денес, 25 ноември, правните лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во Банката, доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа. Потсетуваме дека и физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Оваа можност се однесува на новите приливи врз сите основи, вклучувајќи ги и новите приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми коишто имаат сметки во други банки и даватели на платежни услуги. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење електронско или мобилно банкарство, користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката. Продолжуваат со работа филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“, каде што клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби. Клиентите можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство, при што важат лимитите до 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите без платежни картички. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки на клиентот и на сите канали за плаќање и повлекување средства. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен БалканПретседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ. Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата. На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание. Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.Тагови: ЕУ - Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часотНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот. Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter