Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг - Канал 5

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

 По вчерашното гласање на локалните избори во Косово, прелиминарните резултати покажуваат дека втор круг на гласање ќе се одржи во 21 општина, вклучувајќи ги Приштина, Призрен и Митровица, бидејќи ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мно

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

Излезноста беше 39,51 отсто, што е пониско од претходните избори.

Во меѓувреме, најголемата партија на косовските Срби, „Српска листа“, победи без втор круг во девет од десет општини со српско мнозинство.

Српска листа триумфира, но поголемиот дел од клучните градови одат во втор круг

Партијата поддржана од официјален Белград, „Српска листа“, ги освои сите десет општини во земјата каде Србите се мнозинство, според прелиминарните резултати. Партијата победи без потреба од втор круг во: Лепосавиќ, Ново Брдо, Штрпце, Звечан, Зубин Поток, Грачаница, Ранилуг, Партеш и Северна Митровица. Само во општината Клокот ќе има втор круг на гласање, каде кандидатот на „Српска листа“, Божидар Дејановиќ, ќе се натпреварува против Срѓан Спасиќ од Српско национално единство.

Трката за градоначалници останува отворена во клучните градови, вклучувајќи ги Приштина, Призрен, Пеќ, Ѓаковица и Митровица, откако ниту еден од кандидатите не обезбеди над 50 отсто од гласовите.

Според прелиминарните резултати, 21 општина ја завршуваат трката уште во првиот круг, меѓу кои:

Демократската партија на Косово (ПДК) победи без втор круг во Феризај, Скендерај и Хан на Елезот.

Движењето „Самоопределување“ (ВВ) успеа да обезбеди победа без втор круг во Каменица, Подуево и Штиме. ВВ ќе оди во втор круг во Приштина, Митровица, Пеќ, Ѓаковица и Призрен.

Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) победи во Истог и Липљан. Кандидатот Прпарим Рама ќе оди во втор круг во Приштина.

Алијансата за иднината на Косово (ААК) победи во Дечан и Клина.

Актуелниот градоначалник Рамиз Ладровци (кој се натпреваруваше со посебна листа) победи во Дренас без втор круг.

Реакции и нерегуларности

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, истакна дека Србија континуирано интервенира во изборните процеси преку „Српска листа“.

- Како што знаете, Србија постојано интервенира во изборни процеси на Косово, ние природно со институциите за безбедност ќе направиме сè за да им се гарантира правото на слободно гласање на сите граѓани на Косово, вклучително и оние на северот. Сепак, се надевам дека по извештајот на европарламентарниот известувач за Косово, ќе имаме и повеќе меѓународни институции кои ќе реагираат и ќе преземат мерки за овие флагрантни кршења на меѓународното право од страна на Србија, кои вклучуваат и директна интервенција во изборите на друга држава, и во овој случај на Косово, користејќи различни методи, вклучително и криминални за овие интервенции, истакна Османи.

ЦИК соопшти дека изборниот процес генерално поминал мирно. Сепак, Косовската полиција и Државното обвинителство иницираа два случаи за „Нарушување на тајноста на гласањето“ и „Нарушување на слободното одлучување на гласачите“. Коалицијата на невладини организации „Демократија во акција“ пријави „многу изразена појава“ на гласање со асистенција и проблеми со листите на гласачи.

Претставници на ЕУ и дипломати, вклучувајќи ги британскиот амбасадор Џонатан Харгривс и амбасадорот на ЕУ Ајво Орав, ги набљудуваа изборите, оценувајќи го процесот како важен за демократијата и за очекуваното враќање на Србите во косовските институции.

Вториот круг на локалните избори во Косово, во општините каде ниту еден кандидат не освои над 50 отсто од гласовите, е закажан за 2 ноември 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа.

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер