Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
БалканЛокални избори во Косово на 12 октомври: Гласање во услови на институционална блокадаНа 12 октомври, во Косово се одржуваат редовни локални избори за избор на нови раководства на локално ниво. Овие избори се одвиваат во услови на вонредна политичка состојба на централно ниво, бидејќи седум месеци по парламентарните избори, Собранието не е целосно конституирано и влада не е избрана. Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ги распиша изборите на почетокот на јуни, и покрај институционалната криза. Право на глас имаат нешто повеќе од два милиона гласачи, меѓу кои и 100.000 надвор од Косово. Гласачите ќе имаат пред себе два ливчиња: едно за кандидати за градоначалници, каде што за победа се потребни повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг, и второ, за членови на 38 општински собранија. На изборите учествуваат повеќе десетици политички партии, движења, граѓански иницијативи, како и 27 независни кандидати. На гласачкото ливче ќе бидат и кандидатите на партиите на Србите од Косово, кои ги бојкотираа вонредните локални избори во четири општини на северот со мнозинско српско население во 2023 година. Српска листа се врати во политичката арена и има кандидати во сите општини со српско мнозинство. Кандидати за градоначалници во 10 општини ќе имаат и уште 11 српски политички партии и движења. Меѓу албанските партии, Приштина и Митровица имаат најмногу кандидати за градоначалник. Фаворити за градоначалници во поголемите градови како Приштина, Призрен, Пеќ, Ѓаковица и Гњилане се кандидати на Движењето Самоопределување на Албин Курти. Приштина и Пеќ од 2021 година ги водат политичари од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), со Призрен управува Демократската партија на Косово (ПДК), а Гњилане има градоначалник од Самоопределување. Опозициските албански партии настапуваат и како Албански сојуз во соседната општина Грачаница. Во пресрет на изборите, САД ја замрзнаа стратешката соработка со Приштина поради „постапките на техничката влада (на Албин Курти) со кои се зголемени тензиите и нестабилноста“.Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook