ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
ЕвропаЛокални избори во Франција – тест за политичкото расположение пред претседателските избориФранцуските избирачи денеска излегуваат на гласачките места на локални избори кои се сметаат за последен голем тест за политичкото расположение пред претседателските избори следната година, јави ДПА.Речиси 49 милиони луѓе имаат право да учествуваат во првиот круг од општинските избори, што ќе одреди илјадници локални советници, кои, пак, ќе избираат градоначалници во своите заедници. Во трките каде што нема да се постигне апсолутно мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 22 март. Особено внимание ќе се посвети на тоа колку места може да освои крајно десничарскиот Национален собир предводен од Марин Ле Пен. Слично како центристичката партија Ренесанса на претседателот Емануел Макрон, таа се бореше да изгради силна локална база, појаснува германската агенција. На последните општински избори во 2020 година, француските Зелени постигнаа особено добри резултати. Меѓутоа, по тој бран поддршка, тие сега се плашат од неуспех. Контролата врз главните градски собранија денеска ќе биде ставена на сериозен испит. Во Париз, прашањето е дали конзервативците можат да ја преземат власта по 12 години социјалистичко лидерство под водство на градоначалничката во заминување, Ан Идалго. Во вториот по големина град во Франција, Марсеј, социјалистите, кои, исто така, се на власт, се соочуваат со предизвици и од левичарската опозиција и од крајно десничарскиот Национален собир. Според француските изборни правила, партиските листи мора да вклучуваат еднаков број мажи и жени по наизменичен редослед на гласачкото ливче. Покрај француските граѓани кои живеат во земјата, право да гласаат на општинските избори имаат и жителите од другите земји-членки на Европската Унија, потсетува ДПА.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаПродолжува судењето на Ѓоко РистовВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари. Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид. Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења. На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банкаЛицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката. Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација. Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера. Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки. Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДС нема да поминат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите париСлавески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите? Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00