Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
2Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
МакедонијаЛокални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со Скопје и 54 општини, ВРЕДИ освои 9, СДСМ 6, НАИ 4 градоначалнициВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на локалните избори – ќе има градоначалници во 54 општини од вкупно 80, плус во градот Скопје, кој следните 4 години ќе го раководи Орце Ѓорѓиевски. За прв пат успеаа да победат во Карпош, но овие избори ќе останат запаметени најмногу по победата на нивниот кандидат во Кичево, Александар Јовановски. Иако во одредни општини победата беше со разлика и од 15тина гласа, нивните кандидати победија и во Валандово, Дојран, Демир Капија, Крушево, Пробиштип, Росоман, Чучер Сандево, каде досега градоначалниците беа од СДСМ. ВМРО – ДПМНЕ – градоналници во 54 општини плус Град Скопје Втор круг: Кичево Могила Брвеница Македонски Брод Карпош Росоман Аеродром Ранковце Чучер Сандево Неготино Валандово Чешиново Облешево Дојран Виница Крушево Дебрца Кочани Конче Лозово Демир Капија Пробиштип Опозициската партија, и во вториот круг успеа да победи во три општини – во Центар каде што Герасимовски со околу 3.000 гласа разлика го победи Лабудовиќ, потоа во Македонска Каменица и Зрновци, со што вкупно ќе има градоначлници во 6 општини. СДСМ – 6 градоначлници Втор круг: Центар, Македонска Каменица, Зрновци Прв круг: Крива Паланка, Богданци, Кривогаштани 4 општини ќе ги предводат жени – во скопска Кисела Вода победи Бети Стамнкоска од ВМРО – ДПМНЕ, од истата партија доаѓаат и Марија Нацева која седнува на градоаначалничкото место во Неготино и Наталија Димитриева во Демир Капија, додека Македонска Каменица ќе ја предводи Соња Стаменкова од СДСМ. Тесно, но сепак, во Куманово успеа да победи лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој по трет пат ќе води општината. И во вториот круг победник во албанаскито блок е колицискиот партнер во Владата ВРЕДИ... Вчера победија во Тетово, Долнени, Боговиње и Дебар, со што вкупно ќе имаат градоначлници во 9 општини. Дополнително, во Струга победи и Менди Ќура, кој беше независен кадндидат поддржан од владејачката коалиција. ВРЕДИ – 9 градоначалници Втор круг: Долнени, Боговиње, Дебар, Тетово Прв круг: Чаир, Арачиново, Теарце, Желино, Сарај * Менди Ќура (Група избирачи)– Струга ДУИ вчера успеа да однесе победа само во Студеничани, со што вкупно ќе има градоначкнци во 4 општини, од кои ниту една градска. ДУИ – 4 градоначалници Втор круг: Студеничани Прв круг: Липково, Пласница, Чашка И вчерашниот изборен ден донесе голем број неважечки ливчиња, или 19 287, што од вкупниот број ливчиња изнесуваат 5,6 %. На ниво на град Скопје поадтоците покажуваат дека секое шеснаестто ливче било неважечко. Од вкупно 167.575 гласачи - 10.528 ливчиња биле неважечки, или 6,3 % од вкупниот број. Излезноста на ниво на Скопје вчера беше 35 %, а на ниво на цела држава 47. Во 4 општини општини - Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово/Рустуше поради недоволниот одзив во првиот круг, изборите ќе се повторат, а треба да ги распише собранискито спикер Африм Гаши во рок од 60 дена. Тагови: локалните избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаНа Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерницаНа 22.09.2026 година, на влез на Граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ч.(44) од Охрид, со живеалиште во Битола.Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. С.Ч. е лице под истрага и е опфатено со кривична постапка за дела “злосторничко здружување” по член 394, “даночни затајување” член 279 и “перење пари и други приноси од казниво дело” член 273 од Кривичниот законик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМинистерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 годинаОдборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година.Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Македонија. Конкурсот ќе трае од 25.9.2026 до 15.10.2026 година. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
ЗабаваФото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоваруваНајголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација. Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции. Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед. Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата. Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна. Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook