Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаЛокални избори 2025: 16 кандидати за градоначалник на Град Скопје, за 45 советнички места 855 кандидати16 кандидати за градоначалници, секој со својата визија за нормализирање на „метрополата“ ја започнаа кампањата и борбата за гласот на скопјани.Најрано за 20 дена ќе се знае кој ќе ја преземе главната канцеларија во оваа барака, а со тоа и проблемите и предизвиците во кои се наоѓа Скопје. Ќе се вложам до последен атом да се реши состојбата во која е градот, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ – Орце Ѓорѓиевски, чија програма за хумано Скопје лежи на седум столбови, од кои еден е 20 годишна визија за градот до 2045г. Но, пред се вети дека уште во првите три дена ќе го „светне“ Скопје - кое се гуши во смет. -Најмногу ни пречи хигиената и затоа ветив дека во првите 72 часа, откако ќе го преземам местото градоначалник на Град Скопје, по поддршката од граѓаните која силно очекувам да ми ја дадат, ќе започнеме со активност каде што ќе се вклучат сите општини за да помогнат на градот и за 72 часа Скопје конечно да блесне. На скопје му требааат темелни промени и јас сум спремен да дадам се од себе, да не се штедам, да последен атом да се вложам за мојот народ конечно да добие град и метропола каква што заслужува,- -Орце Ѓорѓиевски - Кандидат за градоначалник – ВМРО – ДПМНЕ. Со хаосот од сметот првиот ден од кампањата го започна и кандидатката на СДСМ – Каја Шукова, која вината за состојбите ја гледа во препукувањата на релација ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска. Таа најавува дуплирање на урбаната опрема за смет и нови камиони за собирање на истиот. -Сега ветуваат дека Орце Ѓорѓиевски за 72 часа ќе го исчисти Скопје, тоа се нереални ветувања, за разлика од Орце Ѓорѓиевски имам реален план како да се исчисти Градот Скопје. Зборуваме за ново паметно решение кое што ќе значи нова опрема и ГПС комуникација со опремата во Скопје односно да знаеме во реално време дали ни се полни контејнерите и кога треба да се празнат,- - Каја Шукова – Кандидат за градоначалник на Скопје – СДСМ. Недовршениот мост на „Љубљанска“ во Карпош беше инспирација за почетокот на кампањата на двајца кандидати – Алексадар Трајановски од коалицијата „Искуство за Скопје“, и на независниот кандидат, професорот Горан Марковски, кое е автор на проектот за мостот. И двајцата посочија дека тој го симболизира Скопје како жртва на политиката која го блокира развојот. -Ќе треба да почекаме некој политички да се надмине, некои суети да бидат задоволени или исполнети и граѓантие да го добијат она за кое што го дале својот глас или прво да се удоволат партиските интереси, а потоа интересите на граѓаните. / Александар Трајановски – Кандидат за градоначалник – Коалиција „Искуство за Скопје“. – Мостот на љубљанска како симбол на повеќе нешта поврзани со фунцкионирањето на градот. За жал овој мост и мостот АСНОМ, Михајло Апостолски кои случајно се мои проекти се заглавени во политичките препукувања и стојат неупотребени, што е единствен случај во светски рамки каде има изградени мостови кои не се поврзани со сообраќајниците од којзнае кои причини. - Горан Марковски. Освен Ѓеоргиевски, Шукова, Трајановски и Марковски, во трката за градоначлник на Скопје се и Скендер Реџепи од коалицијата предводена од ДУИ, Башким Бакиу од ВРЕДИ, Амар Мециновиќ од Левица, Зоран Јовановски од Единствена Македонија, Вангел Божиновски од “Родина Македонија“, За ТМРО е Александар Рашковиќ, Владимир Куновски за Работничка партија, Александар Тортевски од „Твоја партија“, партиите на Ромите ги кандидираа Демир Исмали и Срџан Амет, а независни кандидати се и Драган Николовски и Сашо Маневски. Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИталија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи. Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми. Several schools in Rome were evacuated on Wednesday following emailed bomb threats. Primary schools and nurseries in the Appio-Tuscolano area were among those affected. Security checks were underway. #Rome #Italy #BreakingNews #SchoolEvacuation https://t.co/a4hKQpjjBM — ChinaLensOnEurope (@CHNLensOnEurope) November 11, 2026 Пораки до родителите и необичен потпис „Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки. Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара. Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани. Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија. Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter