Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот
2Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот
3Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун
БалканЛокализиран пожарот во Специјалната болница на Златибор, евакуирани пациентитеПожарот што избувна половина час пред полноќ во Специјалната болница за болести на тироидната жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“ е локализиран утрово во седум часот.Пожарот ги зафатил покривот и горниот кат на зградата. Евакуирани се стотина пациенти и вработени, меѓу кои и триесет деца. Шефот на Одделот за вонредни состојби во Ужице, Саша Цицвариќ за РТС изјави дека истрагата ќе биде спроведена во најкраток можен рок. Цицвариќ вели дека пожарот го зафатил покривот и целиот шести кат кој бил од дрвена конструкција, поради што имало отежнувачки околности. Според него, во гаснењето на пожарот, до седум часот кога е локализиран, учествувале 47 пожарникари со 11 возила. Цицвариќ вели дека 114 пациенти биле успешно и брзо евакуирани од страна на вработените и пожарникарите. Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ за РТС изјави дека за пожарот на болницата бил информиран во 23 часот и 30 минути и дека веднаш пристигнал на местото на настанот. „Веќе имаше работници од трета смена, и здравствени работници и немедицинска служба за обезбедување, кои почнаа да ги евакуираат пациентите, симнувајќи ги на долните катови. Имаше и околу 30 деца“, изјави Симиќ. Според директорот на Специјалната болница се поминало во најдобар ред. „Успеавме да ги симнеме неподвижните пациенти и навремено да ги сместиме во блиските хотели“, рече Симиќ, изразувајќи надеж дека болницата ќе се приспособи за работа што е можно поскоро. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
МакедонијаШест активни пожари – најкритично кај Македонски Брод, во Зелениково синоќа огнот стигнал до куќитеБурна ноќ за противпожарните сили кои и во текот на денешниот ден се борат со шест активни пожари низ земјава од кои најголемиот се наоѓа на територијата на општина Македонски Брод, каде на планински и непристапен терен, гори нискостеблеста шума. На неколку локации се активирани и ер тракторите а според неофицијални податоци, се работи за подметнати пожари. -На пожарот на територијата на Македонски Брод во атарот на селото Драгов Дол денеска ќе користиме специјална техника, односно непосредно до пожарот наместивме голем импровизиран базен од кој што хеликоптерот ќе полни вода. // Пожарот кој повеќе денови се одвива на територијата на Студеничани во атарот на селото Рамни Габер е се уште активен, тој не ја зголемува својата динамика но се движи по тешко и на делови тотално непристапен терен, поради тоа, во текот на денот најверојатно ќе делуваме со ер-тракторите,- - Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. Ангелов очекува до крајот на денот пожарите на територијата на општина Македонски Брод и Крушево да бидат изгаснати, но како што вели, голема е опасноста во меѓувреме да се појават и други пожари. Панични ноќни часови доживеаа и жителите на селото Зелениково во близина на Скопје, каде пожарот веќе се доближил до нивните куќи. Жителите со навремена реакција успеале да направат делумна заштита на неколку места, прскајќи со вода и сечејќи критични грмушки и дрвја. Како што изјави Ангелов, се работи за намерно подметнат пожар а МВР трага по сторителот. -Интервениравме навремено со возило на општина Зелениково пристигнавме на лице место. Дополнително ги повикавме и доброволното противпожарно друштво Зелениково и со заеднички сили и нивна помош успеавме да го спречиме да не се рашири до најблиските куќи,- -Коста Маневски, градоначалник на општина Зелениково. Освен учеството на редовните противпожарни сили, ангажирани се и доброволните пожарникарски друштва, поради кои, како што потенцира Ангелов, пожарите бргу се ставаат под контрола. Сепак, тој од терен повторно апелираше на внимателност од страна на граѓаните за како што вели, да се спречи трагедија, која може да биде и од национални размери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСе „шири“ мапата на новоинфицирани со западен нил – прв случај потврден во Арачиново Вирусот „западен нил“ се шири низ скопски општини каде што досега немаше ниту еден потврден случај, како што е Арачиново.Вирусот „западен нил“ се шири низ скопски општини каде што досега немаше ниту еден потврден случај, како што е Арачиново, па поради последната лабораториска потврда со која се детектирала западно нилска треска кај жена на 61 годишна возраст, и таму Центарот за јавно здраје синоќа прскаше против комарци. Епидемиологот д-р Љуљзиме Бајрами вели дека денес нема ново потврдени случаи, а со последните кои се детектирани во скопските општини Арачиново, Бутел, Кисела вода и Драчево, бројката се искачи на 34. -Има случај во Арачиново, прв, жена која на возраст од 61 година. Во Арачиново е направено комплетно вчера адултицидна дезинсекција. На 11 и 12 е направена ларвицидна превентивна дезинсекција која се спроведува во местата каде што има позитивнислучаи на западно-нилска треска,- - Љуљзиме Бајрами – Епидемиолог во ЦЈЗ. Најголем број од пациентите со тешка форма на болеста се од Драчево, е епидемија е прогласена и во Бутел, Кисела Вода, Аеродром, Илинден и Гази Баба. Од локалната власт велат дека се преземаат сите чекори за заштита на населението, особено во општините каде што веќе алармот е вклучен поради поголем број на случаи. Според последните официјални податоци од Инфективната клиника, од дваесетина граѓани што се хоспитализирани, седуммина се борат за живот, односно се приклучени на апарати за дишење. Досега, вирусот „западен нил“ зеде два човечки живота. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајотВодата во Гостивар втор ден е безбедна за пиење, но власта и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат кој е одговорен за нејзиното загадување. За премиерот Мицкоски критиките од СДСМ до власта за состојбата со водата во Гостивар, се неосновани и политичка стратегија на опозицијата. Истрагата на МВР и Обвинителството за водата во Гостивар вели се уште трае, и не се исклучува можноста таа да биде проширена, а Владата според него направила со робусна акција го прочистила системот и повторно го вратила во надлежност на Општина Гостивар. Коментирајќи ги прозивките од СДСМ, зошто властите се уште немаат официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата во Гостивар е здрава за пиење, Мицкоски е категоричен. -И јас инсистирам да се објави извештајот. Зачуден сум зошто првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на Општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други кои исто така би биле вплеткани во овој случај, односно за коишто Обвинителството и МВР во текот на истрагата ќе констатираат дека имаат некаков удел, учество во сето ова. Но исто така сум зачуден зошто истите тие социјалдемократи по допрен глас во минатото има и други извештаи за неквалитетна вода во Гостивар, но и во други општини низ Македонија, како Прилеп, Крушево итн. Кога некои други биле министри, кога некои други биле директори, не поднесат против нив. Зошто против нив не поднесат?, изјави Мицкоски. Од СДСМ, пак, и денеска прашуваат зошто надлежните одбиваат јавно да покажат анализа или извештај- кој гарантира дека водата во Гостивар е безбедна. Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите, додаваат меѓудругото од опозициската партија. -Мицкоски се врати од екскурзијата ама повторно не отиде во Гостивар, не отиде кај граѓаните кои повеќе од еден месец пиеја загадена вода. Од Скопје прати експертско уверување дека водата во Гостивар е безбедна и дека водоводниот систем го исчистиле „како никогаш досега“. После Тошковски и Ангелов, сега и Мицкоски е експерт за чистење на водоводни системи. Но владата одбива да покаже анализа или официјален резултат за водата во Гостивар. Зошто се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење?, изјави Штерјова од СДСМ. За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06