Локализиран пожарот кај Росоман

Неколку пожари зафатија делови од земјава во изминатото деноноќие. Најголемиот беснееше кај Манастирец, општина Росоман.

Како што информираат од кавадаречката противпожарна единица по десетчасовна интервенција е изгаснат.

Пожарот избувна вчера околу 13 часот. Се одлучи дежурен тим да остане на лице место во текот на ноќта.

Утринава со дополнителни 15 работници од Комуналец, со три теренски возила, десет работници од „Македонски шуми" со исто толку возила и шест пожарникари со две возила, се вративме на лице место.

Моментално, велат нема опасност од нови пожари на тоа место.

Неколку шумски пожари утринава зафатија нискостеблеста дабова шума во месноста Неделна вода во Велес. Противпожарни екипи се на терен. Се уште гори и дабова шума и над Манастирот кај село Оморани што избувна вчера попладне. Пожар има и во реонот на велешките села Џидимирци и Иванковци, а зафатена е и површина од скопска страна поради што, освен велешки, вклучени се и пожарникари од скопски противпожарни единици. 50 хектари борова шума изгореа во пожарот кај селото Каласлари кој избувна во петокот попладне а е локализиран вчера. Од Центарот за управување со кризи велат дека екипи се на терен и се работи на гаснење на пожарите.

Но вчера гореше и на брегот на Охридското езеро.

Помеѓу Струга и с.Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.

Пожари се регистрирани и на истокот од земјава. Вчера попладне пожар зафатил млада борова шума во атарот на селото Ратево кај Берово. Противпожарни екипи се уште се на терен. Вчера попладне и во тетовско настанал шумски пожар на шест до седум помали локации покрај патот во правец од с.Ново село кон с.Мерово-општина Желино, при што била опожарена нискостеблеста шума и сува трева. Се преземаат мерки за негово гаснење.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер