Локализиран е големиот пожар во Нови Пазар - Канал 5

Локализиран е големиот пожар во Нови Пазар

Локализиран е пожарот што избувна ноќеска околу два часот по полноќ во Нови Пазар и зафати неколку магацини на текстилна компанија и деловни простории, соопшти попладнево МВР на Србија. 

Локализиран е големиот пожар во Нови Пазар

Како што наведува МВР на Србија во соопштение, во пожарот нема повредени, а истрагата е во тек.

Во гаснењето на пожарот учествувале 59 пожарникари-спасувачи со 19 противпожарни возила од Нови Пазар, Тутин, Сјеница, Ивањица, Крагуевац, Чачак, Рашка и Краљево, членови на Доброволното противпожарно друштво на Нови Пазар и Јавното комунално претпријатие во овој град, додека полицајците од Нови Пазар го обезбедувале местото на пожарот.

Командантот на противпожарно-спасувачката единица на Нови Пазар изјави дека станува збор за најголемиот пожар што некогаш го погодил Нови Пазар, а дека материјалната штета е огромна.

На граѓаните во Нови Пазар им се препорачува да бидат внимателни, да го избегнуваат подрачјето зафатено од пожарот и да ги следат официјалните информации. Надлежните служби остануваат на терен додека пожарот не биде целосно изгаснат и ситуацијата не биде прогласена за безбедна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. 

АХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник

Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции.

Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите.

Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации

Како што дознава Канал 5 крим полиција е повторно на терен.

Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации

Неофицијално, дознаваме дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40тина локации веќе два дена.

Според информацииите, пронајдени се дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Акцијата е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР и уште еднаш ја отсликува силната волја и заложба на Министерството за внатрешни работи за бескомпромисна борба во сузбивање на криминалот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти

Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. 

Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја унапредува координацијата со меѓународните партнери за забрзување на енергетската обнова на јавните објекти, намалување на потрошувачката на енергија и поефикасно користење на јавните ресурси.

Во рамки на подготовката на проектот PIONEER-MK, со поддршка на програмата PEEB Cool, во Министерството се реализираше мисија на Француската агенција за развој (AFD), во чии рамки се одржа партнерски состанок со претставници на AFD, Светската банка, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Канцеларијата на Претседателот на Владата.

На состанокот се разгледаа можностите за подобра координација на активностите и унапредување на соработката за спроведување на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите од јавниот сектор на државно ниво, за периодот од ноември 2025 до ноември 2028 година.

Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Преку усогласено дејствување на домашните институции и меѓународните партнери се создаваат услови за поефикасно спроведување на мерките за енергетска ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерството продолжува да ја зајакнува соработката со националните и меѓународните институции, со цел спроведување на реформските приоритети и исполнување на националните и европските цели за енергетска ефикасност и зелена транзиција.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер