ЛК: Стручниот надзор со побавна динамика во пандемија, лекарите се повеќе ангажирани - Канал 5

ЛК: Стручниот надзор со побавна динамика во пандемија, лекарите се повеќе ангажирани

ЛК: Стручниот надзор со побавна динамика во пандемија, лекарите се повеќе ангажирани

Во однос на изнесените информации во јавноста поврзани со надлежностите на Лекарската комора и нивното извршување би сакале објективно и транспарентно да Ве информираме за фактичката состојба со цел, во вистинска насока да се трасираат можните решенија за надминување на проблемите и унапредување на состојбите.

Пред сè, Лекарската комора изразува длабоко жалење за личните трагедии на пациентите и семејствата и останува отворена за соработка со надлежните институции, медиумите и пациентите, во рамките на она што се нејзини законски надлежности со цел брзо и ефикасно расветлување на сите случаи кои упатуваат на пропусти во постапките за лекување на пациенти со ковид 19.

Законот за здравствена заштита ѝ дава на Комора овластување за вршење на редовен стручен надзор кој се врши по однапред утврден годишен план за стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници, а за кој согласност дава министерот за здравство. Вонреден стручен надзор може да се изврши на барање на државен орган, пациент или член на неговото семејство. За да се изврши вонреден надзор е потребно подносителот на барањето до Комората да достави писмена пријава и комплетна документација за случајот, која често се доставува некомплетна или со задоцнување, што може да биде една од причините за доцнење на надзорот.

Од започнувањето на пандемијата со ковид 19 до Лекарската комора се поднесени поголем број барања за вонреден стручен надзор. На овие барања не може да се одговори со очекуваната динамика, бидејќи во комисиите кои треба да го направат надзорот се ангажираат лекари вработени во здравствените установи кои беа и се ангажирани со поголем интензитет на работните места поради зголемениот број на пациенти. За секоја пријава се формира посебна комисија која брои три члена, а изборот на специјалноста на лекарите кои се нејзини членови се прави врз основ на тоа за каков случај станува збор. Во комисиите поврзани со случаите со ковид 19 требаше да се вклучат инфектолози, пулмолози, анестезиолози, кои се дефицитарни специјалности и кога станува збор за лекување на пациентите, за лекарите тоа е приоритет во однос на ангажманот во стручниот надзор. Исто така, треба да се разграничи и дека стручниот надзор не е судско вештачење, односно тој не прави реконструкција на настаните, туку ја констатира состојбата врз основ на расположлива документација и замени изјави од доктори и други здравствени работници кои активно биле вклучени во лекувањето и третманот на пациентот и дава стручно мислење.

Во однос на извршувањето на стручниот надзор во услови на пандемија, доставена е писмена информација до Министерството за здравство со кое сме во комуникација со цел изнаоѓање на решение кое ќе ја направи работата на комисиите побрза и поефикасна. Лекарската комора е одговорен партнер на Министерството за здравство во креирање подобри решенија за надминување на проблемите со цел, создавање на подобри услови за лекување на пациентите и работата на лекарите. Во таа насока, активно работиме на подобрување на постоечкиот механизам и правно доуредување на процедурата за формирање на комисиите, а со цел постапката да се одвива поефикасно. Лекарската комора има целосен капацитет да го организира останатиот дел од процесот.

Согласно Законот за здравствена заштита, Лекарската комора исто така има овластување за издавање, обновување, продолжување и одземање лиценца за работа на докторите по медицина. Кога е во прашање стручноста на лекарот законот предвидува привремено и трајно одземање на лиценцата, кое во двата случаи се прави ако постои соодветна судска пресуда со која се докажува дека докторот сторил кривично дело поврзано со здравствената дејност или сторил стручен пропуст или грешка при работата со што предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт на болниот.

Одземањето на лиценца за работа е сериозен чин поради што и Законот предвидува тоа да се прави само во случај на постоење на судска пресуда со која се докажува дека лекарот сторил кривично дело. Одземањето на лиценца не може да се прави по лично убедување на поединци без да се докажат поставените сомневање, бидејќи тоа би бил сериозен атак на професијата и можност за злоупотреби. Лекарската комора во овој дел постапува максимално стручно и одговорно и ги процесира сите предмети за кои е добиена соодветна судска пресуда.

Истакнуваме и дека системските проблеми кои постојат во здравствениот систем од каде најчесто произлегуваат причините за незадоволството на пациентите и пропустите во лекувањето, нема да дозволиме по правило да се препишуваат на стручноста на лекари и на раководството на Комората, бидејќи тоа е тенденциозно, неоправдано и што е најважно не носи решение за надминување на состојбите и спречување на можностите проблемите да се повторуваат. Тие предизвици треба да се решаваат со транспарентен и отворен пристап од страна на креаторите на здравствените политики, со вклученост на сите засегнати страни, во што лекарите како практичари во целиот процес може да дадат голем придонес, бидејќи сите имаме заедничка цел - создавање на подобар здравствен систем, како за пациентите, така и за здравствените работници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“

Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници.

Обвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“

Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници обвинети за пропусти при контролите и издавањето согласности за работа на објектот.

Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште оцени дека предложените сведоци немаат допирна точка со суштината на обвинението. Одбраната, пак, тврди дека со нивното сослушување ќе докаже дека јованов не добивал плата неколку месеци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентите

Втор ден по изборната победа на Студентската листа, славјето во Белград не стивнува. Со музика, диџеи и факели, илјадници граѓани повторно го исполнија плоштадот Славија, прославувајќи ја политичката промена.

Дел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентите

Но, додека на Славија се славеше, во други делови на Белград се одржаа собири и протести пред медиумите кои со години во јавноста важеа за блиски до власта на Александар Вучиќ.

Незадоволството почна пред телевизијата „Информер “ каде што група демонстранти упадна во просториите и ја прекина програмата во живо. Главниот и одговорен уредник, Драган Вучиќевиќ, се соочи со гневните граѓани, кои бараа јавно да им се извини за досегашното известување, а дел од нив му упатуваа навреди.

Собирите продолжија и пред телевизијата „Пинк“, каде што демонстрантите фрлаа јајца кон зградата, а полицијата постави кордон пред влезот за да спречи евентуален упад. Се играше и оро пред јавниот сервис, каде што за денеска е најевен нов протест со барањата за оставки на раководството и уредниците на информативната програма.

Во меѓувреме, носителот на победничката Студентска листа, Илија Срдановиќ, повика на смирување на тензиите и порача дека очекува мирно и законско примопредавање на власта.

-Ценети сограѓани. Ве замолуваме да останете до крајот на изборниот процес и понатаму мирни и достојанствени како што бевте до сега. Изборите се уште не се завршени. Изборните резултати не се прогласени. Мора да останеме достојанствени до крајот. Немојте да наседнувате на било какво насилство. Ве замолува вашата Студенска листа и вешето студентско движење,- изјави –Илија Срдановиќ – носител на Студентската листа.

Речиси в исто време, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ остро ги осуди упадите во медиумите. Вучиќ предупреди дека Србија ја очекува долга и тешка политичка борба, порачувајќи дека нема да се повлече пред, како што ги нарече, опасните и неодговорни луѓе.

-Вечерва бевме сведоци на насилство без преседан, монструозно насилство, упад во Информер. Напад врз слободата на изразување, слобода на говор и слобода на новинарството. Интересно е што никој не смее да каже збор за тоа, ќути и ЕУ, ќутат сите. Имаме работа со опасни и неодговорни луѓе. Имаме работа со луѓе кои мислат дека сите треба да им се плашат а не да се разговара со луѓето. Воопшто не се плашиме од нив... Нам ни останува да се подготвиме за долга, тешка и мачна борба – изјави Вучиќ.

Во меѓувреме, македонскиот премиер Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека телефонски разговарал со Срдановиќ и лично му ја честитал изборната победа. Мицкоски му посакал успех во периодот што следува, изразувајќи уверување дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката меѓу Македонија и Србија ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар

16 годишна девојка, е најмладата пациентка со мозочен удар на Клиниката за неврологија.

16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар

Првиот човек на клиниката Божиновски објаснува дека има епидемија на мозочни удари, и едниствено што е важно е превенцијата во прегледи мерење притисок, шеќер, холестерол и генетската предиспозција во фамилијата.

Секој мозочен удар пред 55 година се води како удар кај млад пациент, велат од Клиниката за неворлогија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер