Љутков за албанските медиуми: Ова се денови на македонската култура во Пустец, Албанија

19. издание на  фестивалот Македонско културно лето.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков при вчерашната посета на селото Глобочани во Мала Преспа, каде го отвори 19. издание на фестивалот Македонско културно лето" одговораше на новинарски прашања, поврзани со пописот во Албанија, според чии резултати видно е намален бројот на Македонците.

-Не сум информиран како бил спроведен пописот во Албанија, но ова е дипломатски проблем, оставив на албанската држава да разговара и ние ќе дадеме свое мислење. Индивидуално право на секој граѓанин е да се изразува како што мисли и на крајот ќе оставиме државните институции да го кажат последниот збор, рекол Љутков, објави Ора њуз.

Според телевизијата, на прашањето дали активноста што се организира во Глобочани е активност и за бугарските граѓани и за оние кои се во процес на вадење на бугарски пасоши, тој одговорил дека „речиси секој овде, секогаш бил информиран дека ова се денови на македонската култура во општина Пустец, Албанија".

- Ние, како Министерство за култура на РМ нагласуваме дека скоро секоја година во последниве 19 години се одржуваат „Деновите на македонската култура во Преспа, Албанија“, бидејќи културата ги обединува луѓето, Македонците, Албанците итн., одговорил министерот Љутков.

Инаку, на пописот што се одржа во Албанија од 18 септември до 30 октомври, а во неколку рурални подрачја до 15 ноември 2023 година, според податоците на албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ, како Македонци биле попишани 2281 наспроти 2011 година кога биле 5.512 Македонци. Македонската партија и здруженијата не ги признаа резултатите од двата пописа.

За разлика од Македонците како Бугари се попишани 7.957 лица.

Ова беше 12.попис, првиот бил спроведен во 1923 година, при што во сите 11 пописи како Бугарин не е регистрирано ниту едно лице.

Портпаролот на Зеленски демантира дека имало договор за интервју со новинарот Такер Карлсон

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска негираше дека е договорено интервју со Зеленски од американскиот новинар Такер Карлсон.

Американскиот новинар, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин во Москва, претходно најави интервју со украинскиот претседател.

„Господин Такер Карлсон треба повнимателно да ги провери своите извори од ФСБ. Претседателот на Украина има сосема поинаков распоред, а Такер Карлсон не е во него“, изјави портпаролот на претседателот на Украина, Серхи Никифоров, а пренесува Укринформ.

Карлсон на социјалните мрежи објави дека „очигледно“ добил интервју со Зеленски.

„Изгледа дека добивме интервју со Зеленски. Се обидуваме две години, а особено интензивно по интервјуто со Путин во февруари. Поентата е да им ги дадеме на Американците многу потребните информации за конфликтот што целосно ја преобликува нивната земја и позиција во светот. Се надеваме дека (интервјуто) доаѓа наскоро“, напиша Карлсон на X.

Карлсон е првиот западен новинар кој го интервјуирал рускиот претседател од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година.

За време на двочасовното интервју објавено ноќта на 9 февруари, кое имаше повеќе од 170 милиони прегледи на социјалната мрежа X и повеќе од 10 милиони на YouTube, Путин, меѓу другото, рече дека Русија нема да го нападне НАТО, особено Полска, Латвија и другите балтички земји.

Ѓоковиќ по победата на Вимблдон: Нема да барам какви било изговори

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во 3. коло на Вимблдон откако го совлада Џејкоб Финли со 3:1 во сетови.

Новак по натпреварот му честиташе на противникот за одличната игра.

- Пред сѐ, големи честитки до Џејк за ваквиот натпревар. Играше извонреден тенис и заслужи аплауз. До пред два дена имав шанса да го видам како игра. Секогаш има елемент на изненадување, а тој немаше што да загуби. Играше на Вимблдон, тој е британски тенисер кој израснал на вакви терени. Многу ветровит ден, беше тешко. Ме натера да работам. Веројатно бев малку среќен во четвртиот сет. Сè на сè, овој меч потенцијално требаше да заврши во петтиот сет како што игравме двајцата - рече тој.

- Но, многу сум среќен што тоа не се случи.

Потоа, Новак беше замолен да коментира:

- Не знам, не се чувствував толку добро, особено во третиот сет. Но, имате тешки денови кога не се чувствувате најдобро. Многу зависи и од противникот. Денес Џејкоб одигра добро и ме натера да работам напорно за победа.

Потоа, Новак беше замолен да ја коментира повредата и како се чувствува.

- Не знам, не се чувствував толку добро, особено во третиот сет. Но, имате тешки денови кога не се чувствувате најдобро. Многу зависи од противникот. Денес Џејкоб одигра добро и ме натера да работам напорно за победа.

- Јас се чуствувам добро. Нема да барам изговори за денешната игра. Што се однесува до мене, мислам дека некои работи почнав да ги правам подобро. Се движам подобро, се надевам дека од ден на ден и натпревар по натпревар ќе бидам подобар. Ќе видиме утре што ќе се случи.

Австриските власти му ја исполнија желбата на монструмот Фрицл- го префрлија во нова келија

Најпознатиот криминалец во Австрија долго чекаше да биде префрлен во затворска ќелија која ќе му го овозможи најважното нешто што го посакуваше дотогаш – туш.

Јозеф Фрицл, озлогласениот силувач кој ѝ направи седум деца на својата ќерка Елизабет, бил прилично несреќен во претходната ќелија бидејќи немало неколку работи.

„Туширањето му беше особено важно“, изјави неговата адвокатка Астрид Вагнер.

Фрицл, кој ја држел својата ќерка затворена во подрумот 24 години, пред десет дена се преселил во нова ќелија, каде што можел да се освежи во туш кабина.

„Оттогаш му оди многу подобро, навистина оживеа“, вели адвокатката.

Адвокатката истакна дека ова „можеби е подобро од ослободување“ иако таа ќе продолжи да се бори нејзиниот клиент да излезе од затворот што го одлежува и да го помине остатокот од животот како слободен човек.

Таа истакна дека Јозеф моментално е многу задоволен од тушот и другите удобности и дека добро се согласува со затворениците.

„Добро се сложува со другите, главно помлади затвореници, а исто така повторно одгледува пиперки и домати“, додал Вагнер, пишува ОЕ24.

Да потсетиме дека Фрицл ја чувал Елизабета како сексуална робинка во куќата уште од нејзината 18-та година. Неговите грозоморни злосторства биле откриени кога едно дете, родено како последица на инцест, било однесено во болница бидејќи животот му бил во опасност. Инаку, тој боледува од деменција, а форензичарот Аделхајде Кастнер кон крајот на 2023 година заклучи дека Фрицл повеќе не е опасен.

Австриецот ја силувал својата ќерка илјада пати во текот на 24 години и станал татко на нејзините седум деца.

Монструозниот, невиден случај во Австрија беше откриен во 2008 година.

притисни ентер