Љутков: Власта на СДСМ е најголема опасност за УНЕСКО, инсистираме на итни оставки

СДСМ три години со ред со своите лаги и никаква реална активност успеа да го загрози во целост статусот на охридскиот регион во светското наследство под заштита на УНЕСКО!

И по последниот извештај се гледа дека ништо не е превземено ниту пак состојбата е подобрена.

Во својот последен извештај Мисијата на УНЕСКО препорачува „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“, засега единственото добро од Македонија впишано на листата на УНЕСКО за Светско наследство во 1979/80, да биде ставено на УНЕСКО-вата листа на Светско наследство во опасност. И покрај тоа што ова е трета ваква препорака, владата во 4 години ја избегнуваше нејзината реализација, и само се потпираше на политичко додворување. Заклучоците од последниот извештај на УНЕСКО упатуваат на фактите дека:

Нема никава промена во состојбата од 2017 година и посочените забелешки и препораки. Во Извештајот од 2019 година дури се укажува на фактот дека на увид се дадени истите документи од 2017 година.

Наместо спроведување и справување со дивоградбите, и тоа не само покрај брегот на езерото туку и во старото градско јадро, градежната мафија и понатаму царува во Охрид и Струга.

Наместо подобрување на состојбата со природното богатсво особено проблемот со Студенчишко блато, патеката сеуште е затворена, бетонирана, со што се нарушува биосферата на едно од најважните точки на Охридското езеро.

Проблемот со еколошките катастрофи, дивите депонии, немање никаква свесност на локалната самоуправа, а со тоа и кај локалното население, како и многу други факти и реални состојби.

Најголемите забелешки се однесуваат на продолжувањето на проекти со кои дополнително се загрозува ова заштитено подрачје, а евидентни се и значајните проблеми со менаџирањето и неспроведувањето на законската рамка, и уште многу други забелешки од многуте причини во досега најобемниот и најлошиот извештај на мисијата на УНЕСКО.

Може да се каже дека природното и културното богатство на Охридскиот регион ќе се стави на листата на Свестко наследство во опасност.

Што поточна значи тоа:

Листата на Светското наследство во опасност е создадена со цел да ја афирмира меѓународната заедница за загрозувачките фактори на едно добро кое е впишано на листата на светското наследство. Причини кои може да доведат до ваква состојба може да бидат: вооружен конфликт или војна, земјотрес или други природни катастрофи, загадување, вандализирање и ограбување, неконтролирана урбанизација и неконтролиран туристички развој.

Со оглед на тоа дека Охрискиот регион е загрозен само и единствено од човечкиот фактор, односно од лошото менаџирање, неспроведување на законски регулативи, загадување и многу други кои се во целост предизвикани од несоодветното работење на надлежните институции, ставањето на природното и културното богатство на Охридскиот регион на УНЕСКО-вата листа на светско наследство во опасност ќе ја информира целата меѓународна зедница дека власта во Македонија претставува најголемата опасност и закана за Охридскиот регион.

И покрај сите предупредувања, пролонгирање на рокови и неколкукратно укажување на итноста на состојбите од страна на УНЕСКО, надлежните институции за спроведување на сите стратешки и акциски планови кои се однесуваат на заштита на соодветно одржување на универзалните вредности на Охридскиот регион не направија ништо.

На оваа листа се наоѓаат раководните лица и органи од Министерството за култура, Министерство за животна средина, Министерство за транспорт и врски, општините Охрид, Струга и Дебарца, Завод за заштита на споменици на културата и Музеј-Охрид, НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга, Национален парк – Галичица и Институ за хидробиологија – Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно превземање одговорност за овој светски скандал, односно оставки на ресорните министри и раководни лица од оваа несовесна влада.

Зоран Љутков ВМРО-ДПМНЕ

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер