Љутков: Вевчанскиот карневал е национален бренд, да го негуваме и да ја одржуваме традицијата

Вевчанскиот карневал е многу важен не само за Вечвчани, туку и за Република Македонија. 

Тој е национален бренд, нешто што е препознатливо не само во Македонија, туку препознатлив и интересен и за Европа и за целиот свет. Мора да го негуваме и да ја одржуваме и надоградуваме оваа традиција. Тоа го истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков пред официјалниот почеток на дефилето од Вевчанскиот карневал.

Важно за карневалот, според него, е критиката кон општеството и политичарите за корекција и подобро утре.

- Она што е многу важно особено за овие карневали, бидејќи доаѓам од професијата актер и театарот секогаш го критикува општеството. Ги критикува политичарите, ги критикува политичките ситуации. И овој карневал ја има истата улога, сега да ме критикува и мене, да го критикува општеството, да ги критикува политичарите, и тоа треба да го прифатиме многу позитивно. Со самата таа критика и ние ќе се подобориме во односот и спрема општеството и спрема граѓаните, рече Љутков.

Иако Вевчанскиот карневал имаше прекини во однос на финансирањето тој вети дека зголемување на буџетот од година во година, со надеж дека манифестацијата ќе расте и ќе стане се посилен бренд за Македонија.

Покрај министерот Љутков и градоначалникот Спасе Кочовски, карневалското дефиле го следеа и премиерот Христијан Мицкоски, заменик министерот за правда Ален Деребан, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, а меѓу присутните беше и претседателот на Федерацијата на ервопски карневалски градови Ларс Алгел.

По традиционалните маски со оркестарот, зетот, невестата, ѓаволите и Глупавите Августи креативните вевчанци на хумористичен начин ја прикажаа релаксирачката атмосвера со играње фудбал во кабинетот на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски им даде црвен картон. Низ вевчанските улици продефилира и екс директорот на УБК Сашо Мијалков со црвеното порше. Вевчанци на сатиричен начин побараа и враќање на старото уставно име Република Македонија на личните документи, не го заборавија ниту бегството на екс вицепремиерот Артан Груби. Дел од маските беше и Бугарски администратор, како и Планетата на мајмуните, инспирирани од истоимениот филм. Забавата беше збогатена со „Вевчанско вече“, како и карактеристични маски со чудовишта, принцези, снежни кралици, новогодишни елки....

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските утре вечер во центарот на Вевчани.

Карлеуша отвори нов профил на Инстаграм, но и тој е избришан

Карлеуша направи нов профил на Инстаграм, па и тој беше избришан, му се закани на претседателот на Еко гардата: „Ти дадов 24 часа“

Петицијата на иницијатива на групата „Еко Стража“ вроди со плод бидејќи профилот на Инстаграм на мегапопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша, кој го следеа околу 2,4 милиони луѓе, беше затворен.

Контроверзната пејачка не ја поднесува лесно оваа одлука за затворање на нејзиниот профил.

На почетокот не беше веднаш јасно дали пејачката сама го избришала профилот или е укинат од платформата Мета, пренесува 24.sata.hr.

Еко Стража испрати соопштение во кое изјавија дека добиле потврда дека профилот навистина е отстранет и дека Карлеуша се обидела да отвори нови профили, но и дека се обидува да преземе некои фан профили за да може да комуницира преку нив. Во меѓувреме таа сепак успеа да отвори нов профил кој го нарече „Новиот профил на Јелена Карлеуша“, од кој потоа испрати заканувачка порака до групата Еко стража.

-Тоа што го направивте не беше само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги сносите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да го прекинете ова однесување или лично ќе преземам чекори за да исчезне вашиот профил засекогаш. Не сте свесни со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам повеќе ресурси, повеќе поддршка и, верувајте ми, повеќе истрајност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречи, ја разбуди лавицата. Ова е твоето последно предупредување. Добро размислете за вашите постапки бидејќи времето ви истекува, 24 часа – му порача Карлеуша на претседателот на Еко гард, Бојан Симишиќ.

Еко Стража ја објави преписката на својот Х профил, а набргу по заканувачката порака новиот профил на Карлеуша беше избришан.

Почнаа ли системските реформи во правосудството, ЕУ интеграции, дел од вечерашните теми

Сотир Костов и Љубиша Николовски, гости во „Само Вистина”

Сотир Костов:

- Овој Обвинител направи нешто ненаправено до сега, обвини двајца колеги без аргументи и ги оцрни и суспендира Хајрулахи, па Цветановски.

- Обвинителството нема резултати, треба промени.

- Кривични пријави за фирми од Струмица се даваат на Обвинители од Струмица. Зошто е така - за да се заташкаат.

Љубиша Николовски:

- Не е страшно да се смени Обвинителот, но назначувањето.

- Полицијата секогаш е иницијатор за на суд да не паѓаат случаите оти остануваат нејасни работите.

- Ако веќе сме се кадисале да следиме чекори и нечие искуство, сме го прифатиле аки-то на Европа, треба да го почитуваме и чекор по чекор да реализираме.

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, најавува и пакет решенија за подобар животен стандард

- СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО).

ЦО на седницата што се одржа попладнево избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно, како што информира СДСМ, ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.

-Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година. СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите, наведува СДСМ.

Централниот одбор оценил дека со погрешните политики на актуелната власт животниот стандард на граѓаните се влошува.

-Граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат. Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока. СДСМ останува посветена на борбата за подобар животен стандард. Како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информира СДСМ.

притисни ентер