Љутков: Универзална сала е преземена на незаконски начин, со бројни прекршувања - Канал 5

Љутков: Универзална сала е преземена на незаконски начин, со бројни прекршувања

Универзална сала е преземена на незаконски начин, со бројни прекршувања, целокупната документација е предадена на Обвинителството.

Љутков: Универзална сала е преземена на незаконски начин, со бројни прекршувања

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков е задоволен од сработеното во првите 100 дена од работата. Најавува нови проекти и иницијативи кои ќе ја унапредат културната понуда. Ветува дека Скопје ќе има Универзална сала која ќе биде готова до 2028 година, но дека таа ќе биде изградена на законски и легален начин.

На денешната прес-конференција, Љутков посочи дека Универзалната сала е преземена од Град Скопје на незаконски начин со бројни прекршувања на законските прописи во постапката за преземање и во постапките на спроведување на јавните набавки.

- По темелно и стручно прегледување на целокупната документација, процес кој траеше два месеци, Извештајот е готов и фактите потврдени од професионалци и искусни правници, вработени во Министерството за култура и туризам, говорат дека Универзална сала е преземена од град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони.

Констатирано е дека склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје има контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи таксативно кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава, а договорот и решението за реконструкција од 22 март годинава издадено од општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности. На Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон (за втора фаза од реконструкцијата).

- Министерството за култура и туризам условно исполнил само еден од двата кумулативни законски услови предвидени во член 70 од Законот за градење, за да може да се стекне со статус на инвеститор, а тоа е: со склучување на посебен договор помеѓу претходниот и новиот инвеститор, да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го исполнил и вториот законски услов, а тоа е да биде носител на правото на градење, рече Љутков, додавајќи дека постапките по јавни набавки кои се распишани и спроведени од страна на поранешното раководство на Министерството за култура и туризам, имајќи ги во предвид констатираните недостатоци и пропусти во постапката Министерството за култура да има статус на инвеститор на реконструкцијата, се поништени.

Целата документација е предадена на Основното јавно обвинителство, а министерот се надева дека истражните органи ќе постапат согласно нивните надлежности.

Во тек е подготовка на стручен извештај со податоци за изврешните и неизвршените градежни работи на објектот, како и за евентуална потреба од изведување на дополнителни градежни работи предизвикани од пожарот што го зафати овој објект. Во меѓувреме до Владата се доставени измени на постојниот Закон за култура со кои ќе се номинира надлежноста на Министерството за култура и туризам да го врши правото на реконструкција и над објекти кои се во општинска сопственост.

Осврнувајќи се на сработеното во првите 100 дена од работењето, министерот рече дека затекнале состојба на долгови за неисплатени плати за културните работници, девастирани и неосигурани институции со раководства без стратегија, проекти без утврдени приоритети и динамика на реализација, скратени средства за програмски активности и неисплатена чланарина за континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK.

- Оваа година Министерството за култура и туризам како последица на неефикасното и недомаќинско работење ќе плаќа поскапа струја бидејки предходното раководство повеќе се грижело за набавка на куфери отколу за навремено објавување на Јавната набавка за електрична енергија, која требало да биде спроведена во април годинава, рече Љутков.

Според Љутков, се работи на продолжување на стопираните или заглавени проекти како што се реконструкцијата на Музејот на Македонија, изградбата на театарот во Струмица, изградбата на Турскиот театар и на Театарот и библиотеката во Тетово и реконструкцијата на Театарот во Куманово....

Почната е и реконструкцијата на Музејскиот комплекс „Музеј на вода“ во Охрид каде е доекипиран кадарот и извршена е реконструкција на оштететниот систем за надводнување, а за следната година се планира санација на платформата на наколната населба и на покривните покривки на колибите. На Плаошник, во тек се активностите за довршување на изградбата на Светиклиментовиот универзитет....

Се планира и ревитализација на Скопското кале кое со години е затворено за јавноста. Работната група, како што посочи Љутков, е веќе формирана и обезбедени се средства преку Управата за заштита на културното наследство. До 2028 година за потребите на Скопје - европска престолнина на културата се планира Шалтер салата во објектот на Македонска пошта во центарот на Скопје да прерасне во мултифункционален комплекс.

Во делот на туризмот, кој со реорганизацијата на министерствата, потпадна под Министерството за култура, Љутков рече дека соработката со германскиот туроператор „РСД“ треба да донесе 35 илјади туристи од Европа годишно, почнувајќи од февруари идната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боксерка снимала порно филмови, а сега ги извади силиконските гради: Попријатно ми е (ФОТО)

Поранешната австралиска боксерка и модел Аврил Мати (39) ги отстрани силиконските импланти за гради кои ги имаше речиси 20 години. 

Боксерка снимала порно филмови, а сега ги извади силиконските гради: Попријатно ми е (ФОТО)

Таа објави дека сега го сака своето природно тело, и покрај негативните коментари на социјалните мрежи за нејзиниот изглед.

Одлука по две децении

Мати ги доби имплантите на 19-годишна возраст, наведувајќи ја како причина „културата во која пораснала“. По долго време таа одлучи да ги отстрани. „Никогаш не сум ги сакала ниту мразела. Го ценев тоа што преку ноќ престанав да се чувствувам несигурно и станав личност која се чувствува поудобно во своето тело и повеќе не размислува за тоа“, објасни таа на социјалните мрежи.

Таа одлучи да се оперира откако забележа дека нејзините пријателки ги отстрануваат имплантите поради здравствени проблеми познати како „болест на импланти во градите“. Иако не мислеше дека има таков проблем, таа отиде на преглед кој потврди дека постои медицинска причина да се отстранат. По процедурата, таа призна дека повторно се заљубила во своето природно тело и дека се чувствува како „да го вратила 16-годишното тело кое никогаш порано не го ценела“.

Од промашување до професионалец во рингот

Пред нејзината боксерска кариера, Аврил Мати изгради значајна кариера во светот на манекенството. Австралијанката со швајцарски корени ја освои титулата Miss Swimsuit USA International во 2014 година, а една година подоцна го освои натпреварот Las Vegas International Model Search. Овој успех ѝ донесе награда од 50 илјади долари и ѝ овозможи да се пресели во Мајами.

За време на нејзината кариера, Мати беше активна и на OnlyFans, каде што објавуваше провокативни еротски фотографии и порно филмови. Јавно зборуваше за таа платформа и самата, а приходите од содржини надвор од боксот ѝ помогнаа да финансира професионална спортска кариера.

Својата страст кон боксот ја откри кон крајот на 2012 година на 25-годишна возраст. За само шест месеци, го одигра својот прв аматерски натпревар, а професионалната кариера ја започна во декември 2017 година. Се бореше на познати светски сцени, вклучувајќи го и Madison Square Garden. Интересно е што по операцијата за отстранување на имплантот, таа открила дека процедурата неочекувано ѝ помогнала да стане подобар борец.

Збогум на боксот

Мати неодамна објави збогум на спортот, кој го нарече „љубовта на својот живот“. Својата професионална кариера ја заврши со рекорд од осум победи, еден пораз и едно реми. На крајот од 2023 година, таа требаше да се бори против сонародничката Ебани Бриџис во меч што медиумите го најавија како „битка на гради“, но мораше да се повлече поради повреда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров: Европа води војна против Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека европските земји водат војна против Русија затоа што тие ја снабдуваат Украина со оружје.

Лавров: Европа води војна против Русија

„Ова е војна што Европа ја води против нас“, рече тој на маргините на форумот Валдај во Москва. Во исто време, тој ги отфрли обвинувањата дека руските напади врз товарни бродови што носат западно оружје претставуваат „хибридна тајна војна“ за Украина.

Тој ја опиша употребата на сила од страна на Русија во Украина како самоодбрана насочена кон елиминирање на заканите. „Ако мислите на уништување на инфраструктурата што, со поддршка на Западот, нацистичкиот режим ја користи за водење војна против Руската Федерација, тогаш ние ја потиснуваме таа директна закана со сила“, рече тој.

Разговори со САД

Лавров објави дека наскоро ќе се одржат разговори со Соединетите Американски Држави. „Се договоривме со американскиот државен секретар Марко Рубио дека состанокот ќе се одржи. Експертите треба да ги координираат точните датуми и место“, истакна тој.

Тој го спомена враќањето на рускиот дипломатски имот запленет од САД како едно од отворените прашања во односите меѓу Москва и Вашингтон. Според него, Русија не добила никакви охрабрувачки сигнали од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со нејзиното враќање.

„Никогаш немало охрабрувачки коментари од Американците за ова прашање, дури ни под администрацијата на Доналд Трамп“, рече тој. Лавров тврдеше дека САД сè уште се обидуваат да ги наметнат своите еднострани интереси, но додаде дека Вашингтон сепак е принуден да соработува со земји како Русија и Кина.

Ставот на Берлин

Лавров, исто така, коментираше за плановите на Полска за производство на ракети „Патриот“ и учеството на Европа во конфликтот во Украина и ги повика европските земји да ја проучат воената доктрина на Русија. Тој се осврна на неговата средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Лавров проценува дека Берлин можеби сака да се вклучи во напорите за решавање на украинскиот конфликт за да не го „пропушти возот“. „Тешко ми е да проценам кон што се стреми Германија.

Мислам дека едно очигледно објаснување е едноставно желбата да не се пропушти возот. Тие веруваат дека возот веќе забрзал - не знам дали тоа е вистина, тешко ми е да проценам дали мислат на украинската криза“, рече тој.

„Русија вечен непријател“

Кога беше прашан за темите на средбата со Вадефул, Лавров рече дека германскиот министер зборувал за „милитаризацијата на Европската Унија“, постојаните повици за проширување на НАТО кон Украина и тврдењата дека „Русија е вечен непријател“ и дека „за три години ќе бидеме во војна“.

„Ако се изговараат такви фрази, а целта - како што самиот г-дин Вадефул најави - е само да се повторуваат зад затворени врати, без медиумите, за Русија наводно да разбере дека навистина е така, тогаш тоа е залуден, па дури и штетен потфат“, изјави тој.

Лавров заклучи дека е „многу тажно“ што некои претставници на ЕУ и НАТО всушност дејствуваат како „портпароли“ за она што го опиша како европска позиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се заканува со мачета во продавница, по борбата со продавачот, избега со шише вотка (ВИДЕО)

Вработен во продавница во Велика Британија се одбранила со хокеарски стап од маскиран разбојник кој го нападнал со мачета. 

Се заканува со мачета во продавница, по борбата со продавачот, избега со шише вотка (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на 4 јули во 9:10 часот наутро во мини маркетот „Крест“, а бил снимен од надзорна камера, објавува „Телеграф“.

На видеото се гледа како работник се соочува со напаѓач со качулка кој се заканува со мачета на касата. Откако вработениот замавнал со палката, тие почнале да се борат преку шанкот. Потоа разбојникот се повлекол пред шанкот, а работникот продолжил да го удира. Потоа се активирал безбедносниот систем за чад и напаѓачот избегал со шише вотка. Работникот не бил повреден во нападот.

Истрага и повик до јавноста

Детективот Томас Лоу, од полицијата во Нотингемшир, изјавил дека полицијата е решена да го пронајде лицето. Тој додал дека се надеваат дека препознатливата тетоважа на левата рака на напаѓачот ќе помогне во неговата идентификација. „Крајмстоперс“ нуди награда до 5.000 фунти (околу 5.837 евра) за информации што ќе доведат до апсење и осуда на сторителот.

Лидија Пацалидес од таа организација апелираше до јавноста. „Тоа беше застрашувачко искуство за човек кој само си ја вршеше работата, и тоа во продавница важна за локалната заедница“, рече Пацалидес. „Знаеме дека овој настан ги вознемири жителите и луѓето што работат во соседството. Некој во областа сигурно знае кој го сторил тоа.“

„Можеби сте виделе нешто тоа утро или сте слушнале нешто подоцна. Можеби се сомневате во некој што го познавате. Само тетоважа може да биде детал што ќе ви ја освежи меморијата. Какви и да се информациите што ги имате, не мора да ги чувате за себе“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер