МакедонијаЉутков: Спомен куќите во Велес се во добра кондиција, правиме напори да ги ставиме во функција за посетителитеСпомен куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов - Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите.Спомен куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов - Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес. Министерот Љутков попладнево ја посети и куќата на Аликара во која сега живее семејството Апасиеви, која е ставена под заштита на државата и моментално се реставрира. Тој на денешната редовна посета на културните знаменитости во Велес беше со директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски и директорот на ЛУ Народен музеj Велес, Ангел Коруновски. Тие денеска го посетија и Народниот музеј и манастирската црква на манастирот „Свети Димитрија“ кај Велес каде оваа лето се изведуваат конзерваторски работи од страна на тим на Националниот конзерваторски центар од Скопје. Како што појасни министерот Љутков, она што можел да види од посетата на спомен куќите е дека се во некоја кондиција и реално ќе им биде потребно мало освежување и обновување за ставање во функција за посетители од земјава и странство. -Направивме увид, ќе направиме анализа за да видиме што е тоа што во иднина треба да се помогне. Воедно ги разгледавме и сите можности како да се прошират овие капацитети. Едно е материјалната помош, а втората наша помош како Министерство и заложба е спомен куќите постојано да бидат отворени за посетители. Треба да го видиме и начинот на стопанисување, затоа што некои од нив се под ингеренции на Народниот музеј, а некои под ингеренции на локалната власт, појасни Љутков. Додаде дека по денешниот увид ќе направат солидна анализа и ќе се договорат што да прават за наредната 2026 година. Во врска со состојбата со старите автентични градски куќи во маалото на Варналиите од левата висока страна на градот, каде една од куќите пред неколку години целосно изгоре, директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски во одговор на новинарско прашање појасни дека по опожарувањето веднаш нивна екипа излегла на терен и веќе бил направен иден концепт за нивна обнова, но не биле ставени во годишната програма за 2025 година. -За оваа година ние како Национален конзерваторски центар за Велес имаме три проекти: моментално се работи на конзервација на Куќата на Аликара или сега на семејството Апасиеви, за која се обезбедени околу 4 милиони денари. Во тек се конзерваторско-реставраторските процеси, но се работи на многу стари објекти од почеток на 20 век. Така што кога започнуваат конзерваторски интервенции се откриваат и непознати делови каде што требало да се интервенира, затоа што тоа се стари објекти. Во моментот се прави еден проект за статичка стабилизација и конструктивна стабилизација на објектот на оваа куќа, а кога ќе заврши таа активност ќе се продолжи со реставрација на куќата на семејството на Апасиеви, појасни директорот Јорданоски. Тој информира дека се работи на манастирската црква во „Свети Димитрија“, каде годинава работеле на истражување на фрескоживописот со недеструктивни методи. -Зошто, затоа што пред десетина години е откриен двослоен фрескоживопис во припратата - влезот на црквата, а точната година е 1297 година. За да не одиме со деструктивни методи се обидовме оваа година со термо камера да откриеме двослоен фрескоживопис, но произлезе дека таа метода не е практична за ова истражување, па ќе продолжиме со останатите. Мануелните методи никогаш не се на одмет да се случат ако другите не дадат резултати. Затоа ќе продолжиме со такви истражувања, најави Јорданоски. Директорот на музејот Ангел Коруновски истакна дека Спомен куќата на Кочо Рацин е најпосетена од ученици на екскурзии, но и од гости и туристи и разни делагации и здруженија во посета на Велес. Тој планира да се стават во функција и останатите две спомен куќи на Васил Главинов и на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, како и куќата на Касапови односно познатата „Куќа што лебди“ сите лоцирани во старото градско јадро на Велес под градската црква „Свети Пантелејмон. За тоа ја очекува поддршката од Министерството за култура и Националниот конзерваторси центар за нивна адаптација. Со двете институции се договара за поддршка и нивно ставање во функција за посетителите на градот. На новинарско прашање на МИА, за заштита и реставрација на преостанатите стари вредни велешки градски куќи во овој дел од градот, министерот Љтков и директорот Коруновски одговорија дека треба да се направи увид за да се утврди нивната сопственост и дали има можност некои да се откупат и заштитат. Прашани колку вкупно има стари велешки куќи, од Народниот музеј одговорија дека до пред десетина година тие имале евидентирано 80-тина стари велешки куќи од поранешните над 200. За жал, додадоа, сега нивниот број е намален на едвај дваесетина. Воедно и голем дел од нив се оставени на забот на времето и негрижата од надлежните, поради што неповратно пропаѓаат, паѓаат и се рушат и со тоа засекогаш ги снемува од лицето на стариот дел од Велес од двете страни на Вардар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook