Љутков: Со 2,5 милиони денари почнува времена заштита на „Македониумот, а се работи на проект за негова целосна реконструкција - Канал 5

Љутков: Со 2,5 милиони денари почнува времена заштита на „Македониумот, а се работи на проект за негова целосна реконструкција

 Веднаш ќе започне привремената заштита на „Македониумот“ во Крушево, а до средината на идната година ќе биде готов проектот за целосна реконструкција на споменикот од прва категорија „Илинден“ или попознатиот „Македониум“ во Крушево.

Љутков: Со 2,5 милиони денари почнува времена заштита на „Македониумот, а се работи на проект за негова целосна реконструкција

Министерството за култура и туризам додели 2,5 милиони денари за привремената заштита од протекување во „Македониумот“. Паралелно ќе се работи на проектот за целосна реконструкција на споменикот. Ова го констатираа министерот за култура и туризам Зоран Љутков и надлежните од прилепскиот Завод и музеј при денешниот увид на состојбите во Споменикот во Крушево. Денешниот дожд ја нагласи потребата од итната интервенција за да се запре, прво, протекувањето во „Македониумот“.

Според министерот Љутков, парите од 2,5 милиони денари се од годинашната програма на Министерството.

-Министерството во својата програма за 2025 година има обезбедено 2,5 милиони денари за привремена заштита на „Македониумот“, посебно во деловите каде имаме увидено дека прокапува. Тоа е интервентна, или, времена заштита сѐ до изработката на новиот проект на кој моментално се работи за целосна реконструкција и конзервација на „Македониумот“, изјави министерот Зоран Љутков.

Привремената санација на споменикот треба да биде готова до големите снегови, а протекувањето е од витражите, констатира Мимоза Христоска, директорка на прилепскиот Завод и музеј под чија надлежност е споменикот.

-Најголемото протекување во „Македониумот“ е од витражните стакла. При различните температурни разлики, стаклото се шири и се собира и оштетувањата пропуштаат. И самиот спој помеѓу бетонот и стаклото е проблем и ја пропушта водата. Таа привремена заштита која треба да трае две до три години значи надворешно заштитување на витражите е за да се намали протокот на надворешните влијанија. А со целиот проект може да зборуваме за натамошна целосна реставрација и конзервација на споменикот, изјави Христоска.

При целосната реставрација, спред неа, неопходна е и помош од странски експерти.

-Со Министерството заедно ќе организираме помош од странските специјалисти кои се насочени исклучиво за витражно стакло. Со нивна помош ќе може да го изработиме и проектот, зашто тоа мора така да се спроведе при ваков капитален проект за заштита на едно културно добро од прва категорија, објаснува Христоска.

Министерот Љутков рече дека од 2014 година имало проект за санација на споменикот.

-Во 2017 година е поставено скеле за целосната реконструкција на „Македониумот“, но на крајот на таа година, со доаѓањето на претходната власт, скелето е остстрането и седум години нема никаква интервенција на споменикот, што е жално и тажно и покажува за една неодговорна и безобѕирна власт, рече Љутков.

Споменикот „Илинден“, или познатиот Македониум е дело на Богдан и Искра Грабул, а е отворен во употреба пред 51 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,  денеска, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, оствари средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

На денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град.

- Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа. Како градоначалник, таа одговорност ја носам со длабока почит и со цврста решителност да градиме Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот. Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите. Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка депортирала 483.200 луѓе

Американската служба за имиграција и царина (ICE) депортирала 483.200 луѓе во текот на последната фискална година – што е најголем број во нејзината 23-годишна историја – соопшти денеска Министерството за внатрешна безбедност.

Америка депортирала 483.200 луѓе

Бројот на депортации во фискалната година што заврши на 30 септември е за девет отсто поголем од претходниот рекорд од 442.640, поставен една година претходно, и за 78 отсто поголем отколку во 2024 година – последната година од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден – пренесе агенцијата АП.

Администрацијата на Доналд Трамп обезбеди дополнителни средства за персонал, центри за притвор и летови за депортација. Сепак, не беше обелоденето колку од депортираните имале криминално досие, ниту пак беше даден детален преглед на статистичките податоци.

Редовното објавување на податоците за апсењата и депортациите беше прекинато на почетокот на вториот мандат на Трамп.

Марк Р. Розенблум, соработник во Институтот за политика на миграција и поранешен функционер во Министерството за внатрешна безбедност, потврди дека „ICE“ бележи рекорден број апсења, но истакна дека недостигот на детални податоци оневозможува целосно разбирање на активностите на агенцијата.

Според податоците на „Проектот за истражување на депортациите“ (Deportation Research Project), само околу една четвртина од депортираните во јули имале правосилни пресуди за кривични дела, додека повеќе од половината немале ниту покренато обвиненија – и покрај ветувањето на Трамп дека неговата политика ќе биде насочена кон мигрантите кои извршиле кривични дела. Имиграциската политика на Трамп предизвика протести, особено откако претходно оваа година повеќе од 2.000 федерални агенти беа распоредени во Минеаполис.

Двајца американски државјани – Рене Гуд и Алекс Прити, двајцата на 37-годишна возраст – починаа за време на судири со агентите, што ја натера администрацијата да се откаже од операциите што привлекуваа големо внимание во јавноста.

Бројот на депортации останува под целта на Белата куќа од еден милион годишно.

Најголемиот број депортации во историјата на САД е забележан во 1954 година, за време на кампањата на претседателот Двајт Ајзенхауер против илегалните имигранти од Мексико, кога 1,1 милион луѓе беа отстранети од земјата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

Се одржа редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се разговараше за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

Беше разговарано за случајот со Алта банка, каде се нотираше деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење на пари на илјадници граѓани. Антидржавното делување на Венко Филипче е во насока на подривање на системот, ширење на параноја и саботажа на банкарскиот систем. Беше изразено уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката.

Претседателот Мицкоски информираше за средбата со раководството на ВРЕДИ. Тој посочи дека на средбата биле дискутирани принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, а за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период.

Воедно, Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од Извршниот комитет за посета на општинските и месните комитети на партијата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер