Љутков: Сите гласини дека Меморијалната соба на Петре М. Андреевски е во очајна состојба се тотална невистина - Канал 5

Љутков: Сите гласини дека Меморијалната соба на Петре М. Андреевски е во очајна состојба се тотална невистина

Сите гласини дека предметите во Меморијалната соба на Петре М. Андреевски се во очајна состојба и дека не се чуваат ракописите се тотална невистина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Љутков: Сите гласини дека Меморијалната соба на Петре М. Андреевски е во очајна состојба се тотална невистина

Сите гласини дека предметите во Меморијалната соба на Петре М. Андреевски се во очајна состојба и дека не се чуваат ракописите се тотална невистина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на археолошкиот локалитет Скупи каде е потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт.

-Мојата посета на Демирхисарско беше закажана уште во почетокот на август. Искрено бев шокиран од написите што ги имаше по социјалните медиуми дека меморијалната соба на Петре M. Андреевски е во очајна состојба и дека не се чуваат ракописите дека имаат влаг, мувла, по што веднаш реагирав иако не е од мои ингеренции. Го видов натписот и веднаш уште ноќта додека бев на „Охридско лето“ реагирав кај градоначалникот да провери. Тој веднаш испрати екипа утрото сабајле во седум часот, да не нешто се случило во меѓувреме, но собата беше во таква состојба каква што ја видовме и вчера во медиумите. Чиста средена без влага, без мувла, зачувани предметите, оние предмети што семејството ги има донирано во Меморијалниот центар, освен ракописите коишто фамилијата ги има дадено да се чуваат во МАНУ, а не во Меморијалната соба, нагласи Љутков.

Повтори дека сите гласини дека таму има несоодветни услови за личните предмети на Петре М. Андреевски се тотална невистина.

-Единствено крах што се има случено таму е во 2021 година при огромни врнежи од дожд и од снег, пукната е една цевка на вториот спрат, но од сегашниот градоначалник веднаш е санирана и сега можете да видите само една мала напукнатина која што не предизвикува никаква штета на предметите. Повторно би ги замолил и оние кошто имаат тенденција понатаму да пишуваат или да шират некакви гласини, ние сме отворени како Министерство за сите прашања и ќе им ги дадеме точните одговори, рече Љутков.

Потсети дека на брифинзите со новинарите информираат точно за сите состојби во делот на културата, со цел, како што посочи, да нема повеќе вакви лажни дојави, лажни информации како што беше за ликот и делото на Петре М. Андреевски за Меморијалната соба.

-Секогаш кога ќе стигне до мене информација или до Министерството дека е потребна некаква помош за да дислоцираат одредени вредни спомени, ракописи, предмети на нашите автори, на нашите великани, секако дека ќе обезбедиме услови. До мене таа информација дека се чуваат несоодветно, не е стигната. Така да доколку се побара помош од наша страна, секако дека ќе излеземе во пресрет, истакна Љутков.

Љутков вчера беше во посета на Демирхисарско, каде што ја разгледал меморијалната поставка посветена на великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски, во неговото родно село Слоештица. Тој посочи дека состојбата на меморијалната соба не е онаква каква што неодамна била претставена во јавноста. -Лично се уверив дека меморијалната соба не е запоставена и дека сите објави во јавноста се невистинити. Во неа има само лични предмети и фотографии на македонскиот поет, романсиер, раскажувач и драмски автор кои се во солидна состојба, а условите за нивно чување се соодветни. Воедно, загриженоста за ракописите е неоснована, бидејќи тие се безбедно зачувани во МАНУ, рече вчера Љутков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер