Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
КултураЉутков: Сите членови на комисиите се врвни професионалциСите членови на комисиите се врвни професионалци, колку сме потранспарентни, толку ќе бидат помали притисоците.Како што е транспарентен целиот процес, и објавувањето на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес и критериумите што ги бараме, така одлучивме да ги објавиме и членовите на комисиите за оценување на пријавите. Сите членови се врвни професионалци во својата област, посочи денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Тој за време на неговата посета на Кинотека на Северна Македонија, одговорајќи на новинарско прашање, потенцираше дека имал состанок со членовите на комисиите, при што им било кажано дека ќе бидат изложени на одредени притисоци, но колку е поголема транспарентноста, толку ќе бидат помали притисоците. - Бидејќи целиот процес е транспарентен, решивме да ги објавиме и членовите на комисиите, бидејќи тоа се и забелешките на Државниот завод за ревизија. На состанокот на сите им беше посочено дека можеби ќе бидат изложени на некакви притисоци. Што повеќе сме транспарентни, што повеќе сме отворени и независни во одлуките и имаме конкретни критериуми и точно знаеме што правиме, тогаш притисоците ќе бидат помали. После разговорот гледам никој не се откажа, никој немаше ништо против. Се надевам дека се ќе тече во најдобар ред. Ние сме тука како Министерство да ги заштитиме бидејќи тоа се врвни професионалци, рече Љутков. На прашање кога ќе се распише конкурсот за креативни индустрии, министерот рече дека за многу брзо време ќе бидат објавени и другите конкурси. - Вчера имав прв состанок со новиот Совет на култура на министерот, така што за многу брзо време ќе ги објавиме и другите конкурси, посочи Љутков.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЗдравјеМинистерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцетоПо повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол",По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол", со цел подигнување на свесноста за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Годинава Светскиот ден на срцето се одбележува под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“. Фокусот е на препознавање на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон обезбедување универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. На пунктот на ИЈЗ граѓаните имаа можност бесплатно да ги измерaт нивото на крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол, како и висината и телесната тежина, со што се овозможи пресметување на индексот на телесна маса (BMI) – еден од индикаторите за ризик од срцеви заболувања. Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот. Факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да контролираат крвен притисок, гликемија, и доколку има потреба да се зема терапија пропишана од доктор, само на тој начин ќе го заштитиме здравјето, посочи министерот Клековски. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска истакна дека целта на оваа теренска активност е подигнување на свесноста за кардиоваскуларните заболувања.Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаКосовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“Како што објави СДК, Македониумот во Крушево бил изнајмен за околу 500 евра за снимање на спотот „Секси мама“, на косовскиот рапер Дон Џони.Директорот на споменикот Македониум во Крушево изјавил дека продукцијата побарала дозвола и тие дале. „Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор имаме донесено одлука да може просторот да се отстапува со соодветна цена, се наплатува. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати“, ни изјави Миха Оџаклиески за СДК. Тагови: Дон Џони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Северна Кореја се подготвува да испрати уште 10 000 војници во РусијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека на руска територија се наоѓаат повеќе од 8 000 севернокорејски војници и дека се во тек подготовки за распоредување на уште 10 000 војници.Повикувајќи се на „нови податоци“ за распоредувањето на севернокорејски војници во Русија, Зеленски во објава на платформата Икс наведе дека тие „Се избираат за обука и последователно распоредување во Русија“. Украинскиот претседател минатиот месец рече дека до 50 000 севернокорејски војници би можеле да бидат испратени да се борат за Русија. Според украинските и независните проценки, Пјонгјанг, исто така, ја снабдил Русија со милиони артилериски и минофрлачки гранати, како и со балистички ракети, артилериски системи со голем дострел и повеќецевни ракетни системи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook