Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“
1Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
2МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“
КултураЉутков се сретна со министерката за култура на Црна Гора, ВујовиќМинистерот за култура и туризам Зоран Љутков, на маргините на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан, имаше билатерална средба со министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Тамара Вујовиќ.Како што соопшти Министерството за култура, Љутков и Вујовиќ на средбата се согласија дека соработката во областа на културата меѓу двете држави е на одлично ниво, со можности за нејзино унапредување. Во тој контекст е истакнато и значењето на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за периодот 2023 – 2026 година, која ќе овозможи интензивна соработка, особено на полето на музичко-сценската дејност и во филмската дејност. Министрите се согласија дека репродуктивни уметници и ансамбли редовно гостуваат на позначајните фестивали и манифестации во двете земји. Со оглед на тоа што во Црна Гора сè уште не се воспоставени одредени институции, министерот Љутков предложи гостувања на сродни институции од земјава, со што ќе се овозможи претставување на македонската култура и традиција во Црна Гора. Министрите споделија и мислења околу начинот на функционирање на министерствата, при што Љутков ја информираше Вујовиќ за проширувањето на надлежностите на Министерството во областа на туризмот. Црногорската министерка побара помош од македонска страна за соработка на полето на заштитата во смисла на размена на искуства, студентски престои од оваа област. Министрите се осврнаа и на соработката на мултилатерален план, при што министерката Вујовиќ го покани министерот Љутков да присуствува на министерскиот состанок на иницијативата КОМОКОСЕЕ на крајот на ноември, стои во соопштението од Министерството за култура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 . Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода. Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјаваВршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент не му бил дозволен влез во земјава.Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија. Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден . За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел. Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни. Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“На 29 септември 2026 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа промоција на книгата на акад. Таки Фити, со наслов „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“.Книгата претставува опстојна студија за неолибералните економски модели што доминираат во современиот свет, со посебен фокус врз факторите што го детерминираа подемот на неолибералната економска филозофија, причините за нејзината криза и новите економско-филозофски размисли за изградба на прогресивно и поправедно општество. Во книгата, во посебна глава е даден опсежен осврт на карактеристиките на македонскиот економски модел и на основните сегменти во кои тој отстапува од стандардите на економските модели на развиените земји, како и на можните пристапи за разрешување на проблемите. На промоцијата, на присутните им се обрати акад. Владо Камбовски, уредник на изданието, а за содржината на книгата и за препораките што произлегуваат од неа говореше проф. д-р Владимир Филиповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Економскиот факултет во Скопје. На крајот на настанот, свое обраќање одржа и авторот на книгата, акад. Таки Фити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter