Љутков: „Пчињското изборно евенгелие“ вратено дома во депото на Охридската библиотека - Канал 5

Љутков: „Пчињското изборно евенгелие“ вратено дома во депото на Охридската библиотека

 Со пригодна свеченост одржана денеска во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше одбележано враќањето на реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“,

Љутков: „Пчињското изборно евенгелие“ вратено дома во депото на Охридската библиотека

Со пригодна свеченост одржана денеска во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше одбележано враќањето на реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“, најстариот примерок во библиотечното депо издание од 16 век.

На свеченоста присуствуваше и министерот за култура и наука Зоран Љутков, кој во оваа прилика посочи на активностите на Библиотеката „Григор Прличев“ која како што рече веќе осум децении е трезор на мислата, чувар на зборот и сведок на генерации охриѓани кои преку дружбата со книгата станувале луѓе во вистинска смисла на зборот – носители на развојот, достоинството и иднината на нашиот град и на нашата држава.

- Денес сведочиме чин што го премостува минатото со сегашноста – тивко, но свечено враќање на „Пчињското изборно евангелие“ во неговиот вистински дом, во Охрид – градот што од секогаш бил олтар на словото и светлина на духот. Ова не е само културен настан, туку победа на паметењето над заборавот, на тивкото траење над минливоста, на духовното над временото. „Пчињското изборно евангелие“ – најстариот ракопис од реткиот фонд на нашата Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ – повторно го пронајде својот здив, овде меѓу древните охридски ѕидини, местото во кое зборот живеел отсекогаш, истакна Љутков.

Во 2023 година со финансиска поддршка од Министерството за култура, беше адаптирано новото депо за редок библиотечен фонд – простор изграден по највисоки стандарди за заштита, контрола на микроклима и сигурно чување на книжното наследство.

- Кога велиме дека Пчињското евангелие е повторно дома, не мислиме само на неговата физичка адреса, туку на духовното враќање – враќањето на еден симбол на верата, писменоста и културниот континуитет на нашиот народ, во градот што отсекогаш бил трезор на духот – Охрид, истакна министерот Љутков.

Тој изрази задовлство од податоците што секојдневно пристигнуваат од национални и локални установи кои како, што рече, укажуват на енергија на едно културно општество во подем.

- Тоа е особено изразено овде во Охрид – каде Библиотеката станува стожер на културниот и општествениот живот. Речиси секоја недела бележиме нова промоција, нов автор, нова идеја. Тука се негуваат роднокрајните автори, библиотеката се јавува и како издавач, а во рамки на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ беше заслужено наградена како библиотека со најмногу издадени книги од домашни автори во 2024 година. Затоа денес, со враќањето на Пчињското евангелие, ние не сведочиме само на еден културен настан – туку на победа на трудот, знаењето и љубовта кон културното наследство на својата земја, рече тој укажувајќи дека секоја установа што се стреми кон развој и посветеност, во иднина ќе биде поддржана од Министерството за култура и туризам.

„Пчињското изборно евангелие“ важи за најстар ракопис зачуван во охридската библиотека. Ракописот е најден од страна на книжевниот историчар и истражувач на стари ракописи Михајло Георгиевски во необработениот фонд во библиотеката во 1999 година.

Првата конзервација и реставрација на евангелието се извршена во Националната универзитетска библиотека во 2000 година, по што е вратено во Охрид, каде останало до 2011 година. Поради несоодветните услови за чување и влага, забележани се сериозни оштетувања на книгата и таа е повторно вратена во Скопје на нова концервација и реставрација спроведена во текот на 2014 година.

Зорица Јаковлеска – Спировска од Националната универзитетска библиотека „Свети Климент“ од Скопје која беше дел од екипата што работеше на конзервацијата на „Пчињското изборно евангелие“ истакна дека се работи за исклучително вреден материјал.

- Станува збор за сложена процедура оттаму што се работи за ракопис во многу оштетена состојба. Со нашите постапки во Центарот за конзервација на материјали на хартија, кожа и пергамент ракописот е реставриран и конзервиран во два наврати. По долготрајните процедури и постапки материјалот е заштитен, секоја негова буква, што е доста сложен процес поради степенот на негова биолошка оштетеност, рече таа.

Во фондот за ретки изданија во охридската билиотека има 812 книги и тоа од периодот 1872 до 1945 година.

Инаку, во рамки на свеченоста беше презентиран и новиот Каталог посветен на враќањето на Евангелието во Охрид, со конкретни факти за него и за богатиот трезор од ретки книги во реновираното библиотечно депо.

Со новиот Каталог се опфатени важни документи што сведочат за темелите на македонската државност сврзани со Илинден и НОБ, но и првите научни и литературни дела како Букварот со читанка на македонски јазик, дела на Крсте П. Мисирков, Блаже Конески, Славко Јаневски, Лазо Каровски, Јован Бошковски и охриѓаните Радослав Петковски и Борис Бојаџиски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер