МакедонијаЉутков: Отворањето на Универзална сала треба да биде до крајот на 2027, за изградбата обезбедени 20 милиони евраИзградбата на Универзална сала ќе биде во една фаза, за тоа се обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.Изградбата на Универзална сала ќе биде во една фаза, за тоа се обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговарајќи на новинарски прашања при посета на локалитетот Скупи. -Како што најавив уште на почетокот на моето министерување, некаде околу средината на јули лани кога ја имав првата изјава во однос на Универзална сала, кажав нема да го ставам мојот потпис се додека не беше ситуацијата таму чиста. Во овој период добив насоки од Влада значи побаравме мислења како треба да постапиме за да можеме да ги расчистиме сите правни недоследности, а верувајте ги имаше многу. И мислам дека резултираше на крај со една кривична пријава на претходната министерка. Сега сите работи се расчистени и го распишавме тендерот со тоа што овојпат нема да биде во две фази, или во три фази како што беше претходно. Универзална сала ќе биде во една фаза, а тоа е клуч на рака, рече Љутков. Појасни дека во претходниот проект не биле опфатени ниту последиците од опожарувањето, ниту бил опфатен ентериерот и партерното уредување. -Сега она што беше побарано и од Град Скопје да се исклучат комплетно од целиот овој процес, целиот товар да падне врз Министерство за култура и туризам, тоа го направивме, во соработка со Град Скопје, со Министерството за транспорт и во соработка со Општина Центар. Сите работи ги расчистивме се усогласивме законски и ја распишавме повеќегодишната јавна набавка. Што значи дека ќе биде финансирана некаде од 15 септември, ако биде се во ред со јавната набавка ќе почнеме со градба и ќе биде финансирана 2025, 2026, 2027 треба да заврши до крајот на годината и ќе останат уште одредени средства коишто ќе треба да се исплатат во 2028 година. Отворањето би требало да биде кон крајот на 2027, во зависност од динамиката на изведувачите, истакна Љутков. Рече дека е помината и одлуката на Влада и обезбедени се средства во износ од околу 20 милиони евра до крајот на 2027 година. -Сите комплетно инеренции ги имаме преземено. Значи Министерство за култура и туризам сега е директно одговорно за изградбата на Универзала сала, додаде Љутков. Одговарајќи на новинарски прашања за реставрацијата на Калето, тој рече дека и за тоа се обезбедени средства, со цел да може музеите да бидат отворени за посетители. -Лани во септември месец ја видовме целата состојба каква е. Двата музеи коишто ги имаме од праисторија и од Отоманскиот период, значи тие два музеи беа готови во 2013, за да во 2014 година да се пуштат во употреба, но поради тоа што се случи во тој период, претходната Влада не успеа за седум години да ги отвори, напротив, дури и ги девастираше двата музеи. Така да, ние направивме комплетен увид на целата ситуација заедно со Управата за заштита на културно наследство и со ребаланс на буџет се обезбедени осум милиони денари коишто ќе бидат потрошени до крајот на годината за да може конечно двата музеи, просторот, да бидат отворени за посетители, појасни Љутков.Тагови: Љутков Универзална сала Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во СкопјеПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон.Со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, започна - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
МетеоСтудено утро, преку денот релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 4. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 4. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас. Кариера Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат. Здравје и совет Почастете се со нешто што го посакувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко. Кариера Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување. Здравје и совет Согледувајте ја реалноста. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце. Кариера Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите. Здравје и совет Ќе бидете прифатени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно. Кариера Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво. Здравје и совет Здрави сте и весели. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа. Кариера Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници. Здравје и совет Не може се да биде совршено. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри. Кариера Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете. Здравје и совет Не е забрането ако сакате да се опуштите. Овен 21.3-20.4. Љубов Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција. Кариера Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги. Здравје и совет Дишете длабоко. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. Самците засега ќе останат осамени. Кариера Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка. Кариера На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте. Здравје и совет Малку пополека и обмислено. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат. Кариера Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби. Здравје и совет Би можеле да поместите планини. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа. Кариера Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите. Здравје и совет Во право сте целосно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува. Кариера Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи. Здравје и совет Излезете на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook