Љутков: Охрид и Фестивалот „Охридско лето“ беа и остануваат епицентар на македонската култура - Канал 5

Љутков: Охрид и Фестивалот „Охридско лето“ беа и остануваат епицентар на македонската култура

Вчеравечер на сцената на Античкиот театар во Охрид започна 64. издание на најреномираната музичко-сценска манифестација со интернационален предзнак, „Охридско лето“.

Љутков: Охрид и Фестивалот „Охридско лето“ беа и остануваат епицентар на македонската култура

Со одличниот настап на оркестарот на Филхармонијата и светската музичка ѕвезда, виолинистот и дигирент Џулијан Рахлин од Литванија, вчеравечер на сцената на Античкиот театар во Охрид започна 64. издание на најреномираната музичко-сценска манифестација со интернационален предзнак, „Охридско лето“.

На свеченото отворање, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека градот Охрид и Фестивалот „Охридско лето“ беа и остануваат епицентар на македонската култура во кој со децении се испреплетуваат илјадници културни збиднувања.

„Тие се најдобра потврда за нашиот чекор со актуелните европски и светски трендови, кои подразбираат континуитет на квалитетна продукција и интензивна творечка енергија што уметниците ја разменуваат со публиката“, рече во обраќањето министерот Љутков, посочувајќи дека овој фестивал претставува временска верига на високи уметнички вредности што се создаваат во древниот Охрид.

Изразувајќи уверување дека „и годинава заеднички ќе посведочиме настани, кои пред македонската публика ќе ги принесат највредните дарови: умешноста од зборот да се искове бесмртност, од музичкиот израз да се долови вонвременоста, а на сцената да се одигра вечната игра на животот“, Љутков упати благодарност до уметниците од Националната филхармонија, на кои им ја честиташе осумдесетгодишнината од постоењето.

Министерот Љутков посочи дека една од главните карактеристики на модерното општество е неговата идентификација преку културата и, како што рече, „со својата разновидност и посебност, културата е еден од клучните елементи за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет на секоја земја и нација“.

− Токму затоа трајните вредности и посветената грижа за нив претставуваат врвен интерес на новата Влада и на Министерството за култура и туризам. Со особена чест и задоволство сакам да истакнам дека и во иднина, континуирано ќе го помагаме овој фестивал како несомнена потврда за нашата определба – да бидеме земја која високо ги вреднува европските и светските уметнички дострели, а градот Охрид и Фестивалот „Охридско лето“ беа и остануваат природна средина за космополитскиот дух на уметноста − рече министерот Љутков.

Фестивалот за отворен го прогласи претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Годинава, честа да ја пренесе уметничката порака ја имаше познатиот македонски виолинист, концерт-мајстор во Националната филхармонија и професор по виолина на Факултетот за музичка уметност, Владимир Костов.

На 64. издание на „Охридско лето“, од 12 јули до 20 август на отворените сцени: Антички театар, Долни Сарај, предворје на „Св. Софија“, како и во црквата „Св. Софија“ и во Центарот за култура, ќе бидат пречекани над 500 уметници од 24 земји и, секако, домашни уметници. Уметничката програма конципирана од селекторките Бисера Чадловска и Сања Арсовска ќе донесе 36 уметнички доживувања, од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации и по една изложба и промоција на книга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централа

Нивото на водата на најдолгата европска река Дунав е најниско во последните 30 години.

Романија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централа

Романија го исклучува реакторот во нуклеарната централа.

Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ (Nuclearelectrica) денес исклучи еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ како мерка на претпазливост поради рекордно ниското ниво на водата во Дунав; Министерството за енергетика соопшти дека овој потег има за цел да го заштити системот за ладење.

Реакторот е привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој зависи од водата од Дунав, истакнаа од министерството.

Нивото на водата во романскиот дел на Дунав минатата недела падна на најниско ниво во последните три децении, што ги натера властите да ја ограничат употребата на речната вода за наводнување, според „Романија инсајдер“ (Romania Insider).

„Нуклеарелектрика“ денес изјави дека реакторот во „Чернавода“ е исклучен во согласност со контролираните процедури за постапување при екстремно ниско ниво на реката, додавајќи дека мерката има за цел да обезбеди нуклеарна безбедност и сигурност во работата на централата.

Компанијата наведува дека одлуката се заснова на најновите прогнози на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води, при што нагласува дека состојбата на Дунав внимателно се следи.

Доколку нивото на водата дополнително опадне, компанијата може привремено да го исклучи и вториот реактор.

Недостатокот ќе се надомести преку увоз. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, нуклеарната централа „Чернавода“ располага со два реактора базирани на канадската технологија CANDU, секој со капацитет од 706 мегавати, и обезбедува приближно една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на затворениот базен

[⤵️] Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадрци, Митко Јанчев.

Јанчев:  Напредуваат градежните активности на затворениот базен

Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри. Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани.

Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес

Во Музејот на град Скопје вчера се одржа обука и трибина за евакуација и прва помош на музејски предмети при земјотрес, во организација на музејот и СИН ШТИТ.

Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес

Настанот беше посветен на заштитата и спасувањето на културното наследство во услови на природни непогоди.

На трибината се дискутираше за постапките за евакуација на музејските експонати, функционирањето на Штабот за заштита и спасување, кој треба да постои во секоја институција, како и за предизвиците со кои се соочуваат музеите при природни катастрофи.

Практичниот дел од обуката беше реализиран според целосниот протокол – од пронаоѓање на предметот, негова безбедна евакуација и пакување, до подготовка на потребната документација и тријажа во прифатниот центар.

Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на музејските институции за навремена и ефикасна заштита на културното наследство во случај на земјотреси и други природни непогоди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер