Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност
1Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност
3ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција
КултураЉутков од Венеција: Архитектурата зборува преку „Strada Brutalissima“„Годинава нашата приказна носи наслов „Strada Brutalissima“. Со претставување на проектот „Страда бруталисима“ денеска во изложбениот простор „Арсенале – Сале д’Арми“ во Венеција, беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – Венециско биенале за архитектурата 2025. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето рече дека да се биде дел од Венециското биенале за архитектура, е можност да се вклучиме во глобалниот разговор за потребата од заемно поврзување и градење хумано општество преку јазикот на формата, на материјалот и визијата. „Годинава нашата приказна носи наслов „Strada Brutalissima“. Иако насловот сам по себе звучи грубо, тој во себе крие длабока емоција. Емоција која е поврзана со приказна за Скопје, градот кој по земјотресот во 1963 година, благодарение на солидарноста на светот и визијата на многубројни архитекти, избра повторно да се издигне“, рече Љутков. Според министерот Љутков „Страда бруталисима“ не е само улица, таа е патека низ времето, низ слоевите на нашата колективна меморија. Таа нè потсетува дека архитектурата не е само нем сведок – таа зборува, понекогаш гласно, понекогаш тивко, но секогаш со длабоко значење. Авторите на проектот, посочи Љутков, не се обидуваат само да ја прикажат архитектурата од тој период, туку преку проектот отвораат дијалог со минатото, но и со сегашноста, со локалното и глобалното, со заборавеното и она што бара ново препознавање. „За проектот слободно можеме да кажеме дека е предизвик да го погледнеме минатото не со носталгија, туку со отворен ум и подготвеност за негово ново перципирање во контекст на современото општество. Да го преиспитаме нашето наследство не само како артефакт, туку како жива материја – како нешто што и денес може да нè научи и да нè инспирира. Токму во таа нишка што ја поврзува историјата на Скопје со духот на Венеција, градот кој и самиот многу добро ја познава борбата со времето, природата и промените, го лоцираме суштинското значење на нашето присуство овде, на една од најзначајните светски манифестации за архитектура“, рече Љутков. Со поддршка од Министерството за култура, архитектонското творештво на македонските автори во континуитет се претставува на овој врвен архитектонски настан. Кураторот на проектот „Страда Бруталисиме“ е Благоја Бајковски, доцент на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје, кој заедно со Ана Рафаиловска, Невенка Манчева Аџиевска, Марија Антиќ-Николова, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски работеа на неговата реализација. Комесари на проектот се Фросина Зафировска и Маја Неделкоска Брзанова, кои заедно со тимовите од Националната галерија и од Архитектонскиот факултет од Скопје, дадоа свој голем придонес за македонското претставување на 19. Интернационална изложба на архитектурата во организација на Венециското биенале кое ќе биде отворено до 23 ноември оваа година.Тагови: Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можностНедонесувањето на новиот Изборен законик ја разобличи вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ.Проблемот на ова трио е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност. Иако беа прифатени сите нивни барања кои беа се, само не суштински, тие договорот не го прифатија затоа што не можеа да прифатат дека Македонија ќе запише уште еден реформски успех. Со тоа испратија јасна порака дека за нив не е важно дали државата ќе ги исполни реформските обврски, туку дали ќе можат политички да профитираат од секој застој. Почитувани граѓани, Македонија ќе продолжи да победува. Реформите ќе продолжат, без разлика на нивните блокади. А вие граѓаните веќе ја препознавате разликата меѓу оние што работат за државата и оние што работат против секој нејзин успех. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИниеста: Ако Меси победи, завршува секоја дебата за тоа кој е најдобар на сите времињаЛегендарниот шпански фудбалер и играч на Барселона, Андрес Иниеста, се огласи пред спектакуларното финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, споделувајќи крајно емотивен поглед на дуелот што го очекува светот. За Иниеста, овој натпревар – во кој младите ѕвезди на „Ла Роха“, Ламин Јамал и Педри, ќе се соочат со неговиот долгогодишен соиграч Лионел Меси – претставува остварување на сонот за секој љубител на фудбалот. Славниот фудбалер призна дека би бил среќен без оглед на конечниот исход, иако не ја криеше својата мала пристрасност кон татковината, изразувајќи желба да ја види Шпанија како ја освојува светската титула. Иниеста опиша што би значело победата за која било страна за фудбалската историја, нагласувајќи го огромното значење на претстојниот натпревар. „Од една страна, ако Лео повторно победи, тоа целосно ја решава секоја преостаната дебата за тоа кој е најголем на сите времиња (GOAT). А ако Ламин и Шпанија триумфираат? Тоа би изгледало како прекрасно, симболично предавање на факелот на новата генерација. Ќе биде многу емотивно да се гледа како се одвива сè“, рече легендарната шпанска ѕвезда, очекувајќи натпревар исполнет со емоции и историско значење.Тагови: инеста Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
КултураЖелезна Тврдина - проекција, БФФ Охрид (Beach Film Festival ) Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм, “Железна тврдина.Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм, “Железна тврдина”, во режија на Митко Панов. Aктерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитација на Психијатриската Болница во Демир-Хисар, и гости меѓу кои: Paul Gordon, Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Благоја Грујовски, Мишел Трајковски, Атиџе Муратова и Боби Додевски-Шлукс. Железна тврдина – филмска работилница, го користи формалниот пристап својствен на документарниот но и играниот филм, и како таков го претставува новиот, хибриден, филмски израз. Базиран на вистински случки, филмот воплотува елементи на фикција и фантазија. “Она што започнува како набљудувачки запис од секојдневниот живот и креативни вежби, полека се трансформира во конструиран филмски свет обликуван од самите учесници. Просторот на болницата станува истовремено реална средина и сцена за фиктивни ситуации, каде што личните приказни, фантазиите и креираните идентитети почнуваат да се преклопуваат. “ ”Железнта тврдина се појавува како слоевит, духовит хибрид во кој реалноста и фикцијата, разумот и лудилото, свесното и несвесното се испреплетуваат, потсетувајќи нè дека ‘видено oдблиску, ништо не е ’нормално’.” Проекцијата ќе се одржи во присуство на авторите. Влезот е СЛОБОДЕН. Во програмата која следи ќе биде прикажан и Самоуништување, на продуцентот-актер Јовица Михајловси, познат како прв Македонски независен филм, 1996. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook