КултураЉутков од Осака: Преку културната дипломатија, Македонија ја гради својата глобална позиција Со концерт на националниот ансамбл „Танец“, симболот на македонската култура и традиција, Македонија го одбележа својот Национален ден на светската изложба „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија.Како што соопшти денеска Министерството за култура и туризам, со својот динамичен настап и автентична изведба на македонските народни ора и песни, „Танец“ оставил силен впечаток кај многубројната публика и уште еднаш ја потврдил улогата на културата како мост за поврзување меѓу народите. На настапот на „Танец“ му претходел свечен прием на кој министерот за култура и туризам Зоран Љутков, пред многубројните гости и меѓународни претставници, ја нагласил важноста на учеството на Македонија на настан од ваков ранг. -ЕКСПО е место каде што светот се среќава – преку иновации, култура и визија за иднината. Нашето присуство тука е увертира за сето она што ќе го претставиме во наредниот период. Македонија денеска настапува со срце отворено кон светот – горда на своето наследство и насочена кон иднината, истакнал Љутков. Особено внимание кај македонскиот павилјон, како што се наведува во соопштението, привлекла изложбата посветена на јапонскиот архитект Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по разорниот земјотрес во 1963 година. -Со оглед на тоа што оваа, 2025 година одбележуваме 60 години од изработката на проектот на Кензо Танге за ново Скопје, изложбената поставка прикажува избор на авторски цртежи, проектна документација, историски фотографии, како и тродимензионален архитектонски модел, кој на апстрактен начин ја доловува неговата замисла, посочил Љутков. Изложбата ја посетил и Пол Танге, син на големиот архитект, со што уште еднаш беше потврдена трајната врска меѓу Скопје и архитектонското наследство на неговиот татко. -На приемот гостите имаа можност да дегустираат македонски специјалитети и вина, но и да се информираат за културните и туристичките потенцијали, како и за инвестициските можности што ги нуди нашата земја, се наведува во соопштението. Инаку, во рамките на културната програма, предвидено е на Денот на независноста на Македонија, 8 Септември, да се одржи серија значајни културни претставувања, вклучително и настапи на Ана и Игор Дурловски, Кирил Џајковски и Владимир Четкар, чии уметнички изрази го носат македонскиот дух на современа сцена. Учеството на Македонија на „ЕКСПО 2025“ е дел од пошироката стратегија за меѓународна промоција и афирмација на земјава како современа, културно богата дестинација, отворена за нови партнерства и инвестиции.Тагови: Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВИДЕО: Гори ферибот близу Бали,еден загинат во тек е потрага по преживеаниЕдно лице загина, а 172 се спасени откако рано утринава во средата избувна пожар на траект што пловеше од Бали.Инцидентот се случи во водите кај островот Ломбок, а спасувачките екипи сè уште го пребаруваат подрачјето во потрага по евентуални исчезнати лица, пренесува Ројтерс. Траектот „КМ Путри Јасмин“ испловил од пристаништето Падангбаи на Бали, упатувајќи се кон пристаништето Лембар на Ломбок. 🇮🇩⚡️ A passenger ferry carrying an estimated 130 people caught fire off the coast of Lombok Island, Indonesia, according to local authorities. pic.twitter.com/KHjvFnG3dp — Mr. Guardian (@MrGGuardian) August 12, 2026 Според Мухамед Харијади, раководителот на локалната спасувачка служба, пожарот избувнал во теснецот Ломбок во 4:39 часот наутро по локално време. Харијади потврди дека, заклучно со попладнето во средата, спасени се 172 лица и пренесени во пристаништата на Бали и Ломбок. Меѓу нив има еден австралиски државјанин, додека останатите се Индонезијци. INDONESHIA इंडोनेशिया के बाली के पास बुधवार को एक बोट (Ferry) में भीषण आग लग गई। समुद्रकी खतरनाक लहरों के बीच और तेज हवा के बीच आग ने पूरी फेरी को पलभर में ही चपेट में ले लिया है। #indoneshia #bali #fire #boat pic.twitter.com/zbq9nl2g0K — media_sunilkumar (@sunilkhimachali) August 12, 2026 Потврдена е смртта на еден индонезиски државјанин. „Испративме неколку пловни објекти за евакуација и ја координираме операцијата со други бродови што се затекнале во близина“, изјави Харијади. Тој додаде дека во операцијата за спасување учествуваат повеќе од 200 луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаПОЦ: ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандардиЈП „Паркинзи на Општина Центар" продолжува со унапредување на своето работење преку воведување и примена на меѓународно признати стандарди. По успешно завршениот процес на сертификација за ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2015 – Систем за управување со животната средина, со што се потврдува посветеноста на ЈП ПОЦ кон воспоставување високи стандарди во работењето. Сертификатите му беа официјално врачени на директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, од страна на претставник на сертификациското тело „Интерцерт“, кое го спроведе процесот на сертификација. На примопредавањето присуствуваа и дел од вработените во ЈП ПОЦ кои беа директно вклучени во воспоставувањето и имплементацијата на системите. „Овие сертификати се резултат на конкретна работа и ангажман на повеќе служби и вработени во претпријатието. За нас тие не се само формално признание, туку воспоставен систем според кој треба да продолжиме да работиме – со јасни процедури, мерливи резултати и постојано подобрување. Особено ни е важно што паралелно со квалитетот на услугите воведуваме и повисоки стандарди во односот кон животната средина“, истакна директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски. ISO 9001:2015 претставува потврда за воспоставен систем на управување со квалитет, насочен кон ефикасност, подобрување на работните процеси и задоволството на корисниците. Неговата примена придонесува кон поголема организираност, јасно дефинирани процеси и континуирано унапредување на услугите. Од друга страна, ISO 14001:2015 ја потврдува определбата на ЈП ПОЦ за одговорен однос кон животната средина. Преку примената на овој стандард, претпријатието се насочува кон унапредување на еколошките практики, поодговорно управување со ресурсите и намалување на влијанието врз животната средина. Имплементацијата на меѓународните стандарди е дел од определбата на ЈП ПОЦ за создавање современо и ефикасно јавно претпријатие, кое континуирано ги следи современите практики и ги унапредува своите услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанел-дискусија за годишнината од охридскиот договорПод покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор информираат од ресорОхридскиот договор е потпишан на 13-ти август 2001 година и со него запре неколкумесечниот конфликт во Македонија. Токму во деновите пред потпишувањето меѓу 8-ми и 12-ти август, се случија и некои од најкрвавите настани во текот на конфликтот - нападот на конвојот на армиските сили на автопатот Скопје - Тетово кај месноста „Карпалак, случајот „Љуботенски бачила“, а потоа и полициската акција во Љуботен. Договорот постави рамка за унапредување на меѓуетничките односи, еднаквоста и учеството на заедниците во политичкиот и општествениот живот. По четврт век, Охридскиот рамковен договор и натаму е еден од клучните политички документи во современата историја на земјата, но неговата имплементација и денес е предмет на политички дебати и различни толкувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter