КултураЉутков од МНТ: Со заеднички сили ќе го разбудиме заспаниот џин покрај Вардар Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните посети на институциите од областа на културата, денеска го посети Македонскиот народен театар.Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните посети на институциите од областа на културата, денеска го посети Македонскиот народен театар, а присуствуваше и на пробата на актерите за претставата „12“ , адаптација на познатото сценарио „Дванаесет гневни луѓе“ во режија на Синиша Ефтимов. Во изјавата за медиумите Љутков рече дека во МНТ затекнал две состојби – од едната е пресреќен, откако видел како течет работите на претставите што се во тек, додека од другата, како што рече, е ужаснат и шокиран. „Шокиран сум од состојбата во која се наоѓа театарот, а која трае веќе 7–8 години. Иако се знаело за состојбата и во текот на годините имало обезбедени средства за поправки и прекравки, тоа сепак не се случило. Театарот е изграден со многу љубов. Актерите на МНТ добиле прекрасна зграда за која не велам дека немало пропусти во изградбата, но сепак од 2017 година морало да се интервенира и да се одржува. Во однос на буџетот, имало години кога МНТ имал по 20 милиони денари за продукција. Во 2017 имало 14 милиони денари, а денес имаме 4 милиони денари“, рече министерот Љутков. Љутков изрази изрази задоволство од менаџерската работа на директорот Никола Кимовски кој во моментов продуцира неколку претстави во МНТ за кои дел од средствата се обезбедени од Министерството за култура и туризам. Тој изрази уверување дека „од година во година и во делот на инвестициите и во делот на програмите, заедно со менаџерите, ќе го разбудиме заспаниот џин покрај Вардар и ќе им го вратиме сјајот на институциите“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче пронајде нов начин да го зајакне идентитетот, ќе го продадеВенко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ.Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското МНР. Тој вели дека идентитетот би се зајакнал ако Македонија ги внесе Бугарите во Уставот, и тврди дека не бил загрозен на тој начин, иако Бугарија не го испорачува својот дел од обврските. Ја обвинуваше својата држава дека создавала вештачки конфликти со соседите. Заев еднаш веќе го отвори Уставот, а Филипче чека да дојде на ред за да го направи истото. По стапките на Заев, подготвени се и СДС и Филипче на нова национална отстапка, само за да успеат да се додворат на Радев, очекувајќи дека некој ќе ги донесе на власт, затоа што народот веќе се има изјаснето дека нема да ги гласа. Притоа, СДС и Филипче како опозиција се целосно отсутни, бојкотираат работни групи, одбиваат дијалог, и не признаваат ништо што Владата направила и што е добро за граѓаните. Нивната цел и стратегија се сведува само да се вратат на власт, без разлика по која цена и преку какви компромиси. СДС и Венко Филипче сметаат дека не се тие криви за ваквите политики на распродажба, на редефинирање на историјата, туку народот е крив оти не ги гласа. Комплетно ја обезличија Македонија додека беа на власт, ја испразнија државната каса, а државата исто така ја опустошија. И сега сакаат народот пак да им верува и да ги гласа по сите предавства што ги направија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во СкопјеВо Скопје се одржува конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со поддршка на проект на ЕУ за владеење на правото. Учествуваат претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и виши окружни судии на САД , претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека целта е да се дискутира како да се подобри судската власт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
МакедонијаСДСМ: 2 години Влада: Од 1198, резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА!Две години по доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, ветувањата дадени пред граѓаните останаа само празни зборови.Анализата на програмата „Платформа #1198“ покажува дека по две години дури 90% од ветувањата не се исполнети. Мицкоски и ВМРО ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни. Ветуваа пониска инфлација од 2,5%, а цените на храната растат, инфлацијата е 4,8% двојно повисока од просекот во Европа. Ветуваа повеќе странски инвестиции, а странските инвестиции паднаа за речиси две третини. Ветуваа нови работни места и повисоки плати, а граѓаните се соочуваат со зголемена сиромаштија од 22% и намалена куповна моќ. Ветуваа намалување на задолжувањето а ги зголемија долговите за 2,5 милјарди евра. Ветуваа поддршка за земјоделците од 180 милиони евра, а субвенциите ги намалија за 40 милиони евра. Намалени субвенции, намален откуп, неизвесен пласман и целосно отсуство на системска грижа. Ветуваа мерки за младите да не се иселуваат, ништо не направија. Ветуваа искоренување на корупцијата и правда за сите, а јавноста е сведок на тендерски скандали тешки над 150 милиони евра, партизација на институциите, контрола на правосудството. Ветуваа напредок кон Европската Унија и реформи, а Македонија денес е со блокиран европски пат. Нема реформи, нема резултати, нема напредок, има само изолација. Резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА! Нула во реформите. Нула во подобрувањето на животниот стандард. Нула во зголемувањето на платите. Нула во мерките за младите. Нула во поддршка за земјоделците. Нула во европскиот пат. Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook