Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилство
1Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилство
МакедонијаЉутков од Крушево: Пред 122 години се роди сонот за праведна, демократска и народна македонска државаНа ова место, пред точно 122 години, се роди надежта, се роди Републиката, се роди сонот за праведна, демократска и народна македонска држава.На ова место, пред точно 122 години, се роди надежта, се роди Републиката, се роди сонот за праведна, демократска и народна македонска држава, парача синоќа од Гумење во Крушево министерот за култура и туризам Зоран Љутков при отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“. На свеченоста на отворањето на која присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова, пратеници, граѓани како и Илинденските коњаници од сите краишта на Македонија, Љутков, прогласувајќи ја за отворена манифестацијата која се одржува по 57-ми пат, рече дека Илинденското востание беше морална победа на потчинетиот над угнетувачот, на Сонцето над мракот, на идејата над силата на империјата, а Крушево е највисоката точка на македонскиот непокор, во која се спојуваат минатото, сегашноста и иднината. - Крушевската Република беше македонската химера на слободата и скапоцен сноп светлина во петвековниот мрак. И нејзиниот глас сѐ уште одекнува – низ песните, низ приказните, низ зурлите и тапаните, низ иконите, низ занаетчискиот чекан и низ насмевката на секое дете, кое штотуку заучува дека: „Македонија е сè што имаме“. Затоа, и како Влада на Македонија не отстапуваме од својот завет – за грижа кон македонскиот јазик, за инвестиции во националните установи, за одбрана на историската вистина на меѓународната сцена, за праведна застапеност и достоинствен став кон сојузниците и соседите. „Нема мала земја кога е голема љубовта кон неа. А љубовта кон Македонија нема мера“, рече Љутков. Крушево е олтар на Македонија, наша идеја, чувар на нашиот идентитет, нашата самобитност, нашата слобода со име и презиме. -Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ не е фолклор – таа е повторно прочитано писмо кон иднината, напишано со крвта на младите востаници, во кои сѐ уште татнат зборовите на Карев: „Јас верувам во мојот народ, во неговата борба, во неговата иднина“, нагласи министерот за култура и туризам Зоран Љутков. На отоврањето на Манифестација на Гумење, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски нагласи дека Илинден не е само минато – тој е повик за иднината. Живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и на Манифестот на АСНОМ. -Денес, ние не носиме пушки во рака, но ја носиме истата одговорност – да го чуваме достоинството, идентитетот и иднината на нашата земја. Ние се бориме против апатија, против поделби, против заборав. Се бориме за работа дома, за младост што останува, за култура што цветa, за економија што расте. Илинден е светилник што нè води напред. Тоа е потсетник дека Македонија се сака со срце, но и со работа. Со страст, но и со визија. Да бидеме поколението што нема да зборува за Илинден само на 2 август – туку ќе го живее секој ден, со единство, со љубов, со одлучност. Илинден е повеќе од празник – тоа е наш идентитет, наш завет. Тоа е сведоштво дека мал град со големи луѓе може да создаде голема историја. Секоја генерација има свој Илинден. Нашиот е денес. Да бидеме генерацијата што ќе остави трага, што ќе изгради, што ќе создаде, порача Христоски. Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“ беше отворена со подигнувањето на бајракот на Републиката и со симболично огласување на Црешовото топче. До 10 август ќе се одржат 30-тина настани. Централниот настан е на 2 август, на Празникот, кога напладне на Мечкин Камен ќе се одржи народен собир на кој ќе се обрати претседателката Гордана Силјановска Давкова.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилствоНа 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар. На 14.11.2026 во 09:45 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.С.(59) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неговата 91-годишна мајка, а на неговиот 63-годишен брат му упатувал закани. На 14.11.2026 во 18:45 часот полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода М.О.(37) од гостиварско, по претходна пријава дека во 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга. На 14.11.2026 во 17:50 часот на ул. „Јордан Јорданоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(56) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека упатувала закани на неговиот 31-годишен син В.Б. (31) од гостиварско. На 14.11.2026 во 16:50 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.Р.(42) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга. На 14.11.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.М.(62) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга. На 14.11.2026 во 14:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 33-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен поранешен невенчан сопруг дека физички го нападнала. Подоцна, и таа пријавила дека била физички нападната од него. На 14.11.2026 во 17:55 часот на ул. „15 Kорпус“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода е В.Б.(34) од Скопје, со престој во Охрид, по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата девојка. На 14.11.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(19) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. На 14.11.2026 во 15:20 часот полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.И.(65) од Скопје, по претходна пријава во 13:30 часот, поради тоа што на 13.11.2026 околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга. Според пријавеното, таа ѝ претходно била физички нападната од истиот. На 14.11.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека ноќта околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг Н.К.(50) од Скопје, со кого се во бракоразводна постапка, физички го нападнал нивниот 16-годишен син. На 14.11.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 14:40 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош во Скопје, на него и на неговата 42-годишна сопруга им биле упатувани закани од нивниот 18-годишен син Д.С. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.11.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неговата 36-годишна сопруга Б.Д., која фрлала кон него разни предмети и употребила тврд предмет. Според пријавеното, истата се обидела да ја нападне и нејзината свекрва. По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДиректно предупредување: Америка ја чека брутален одговор„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна. Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним. „Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи. Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“. Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“. „Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани. Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.Тагови: Америка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook